дека на партнерот не чинело да му се поклони саат.. не смеело да се кине, сече слика .... заборавив да го прашам девојчето дали може фотошоп? дека девојките со црни коси биле позлобнии од останатите ако ви испадне акна над носот, помеѓу веѓите.. тоа значело дека двајцата се сакате...
^ И јас за саатов имам слушнато, а зошто не чинело? Една од поголемите глупости, ако те чеша нос, и ако некој погледнеш во очи ке се скараш со него, дека не смееш после 12 навечер да се гледаш во огледало ако те чеша лева рака ке земеш пари ако те чеша пак десна е тогаш ке даваш, е така да си знаете мислам која теорија, која логика
^^ Jас пак таква работа за парфем имам слушнато. Демек не се подарувало парфем на саканиот, кога ќе се потрошел ќе се потрошела љубовта.. Значи аналогно на тоа, никаков потрошен материјал не се подарува ...кои глупости..
Додека сме кај подароците... имам слушнато дека ако на близок пријател му подариш запалка (народски упаљач) вашето пријателство ќе престане наеднаш. Ова наводно му се има случено на еден мој познаник кој подарил зипо на другар, и од тој ден веќе не се дружеле како порано. (ми иде вакви фацки до бескрај да ставам) Едит: Даниела ме пртерка, ми ја зема мислата
И за огледало знам дека не се давало на поклон, ама не ми текнува зашто беше тоа.... и се напнувам да ми текне
ако свириш ќе ти растат градите, можеби затоа имам толку големи гради на дечкото не треба да му подариш парфем
Кога сме веќе кај градите, растеле ако јадеш редовно во поголеми количини кромид, семки од тиква и смоки.
На Нова година требало да се облече нешто црвено-било што може и нешто што не се гледа.А зошто,незнам...
Kога бев мала јадев многу семки од тиква и баба ми велеше не јади семки,многу големи ци*ки ке имаш и навистина имам