* дека ако си застанел пред огледало гол како од мајка роден во 00:00 ќе си видел како ќе умреш. * дека ако те чеша газето некој те фалел.. * дека на бебе помало од 1 година не смеело да му се сечат ноктите зш ко ќе пораснело ќе крадело
Кога ке видиш болничка кола треба да се фатиш за црвено. Кога видш бремена жена штипни ја другарка ти за да жената има полесен пораѓај. Ако имаш трошки од леб у кревет ке имаш кошмари. Ако ти излезе акна на врвот на носот ке си фатиш дечко. Ако те чешка ци*ката ке си фатиш дечко. Не треба да гураш празна количка за бебе. Дома не се отвара чадор. Дома не се тресат алишта. Кога зборуваш за нешто лошо и ако чукаш во маса (да не те стигне) не се важело чукањето.
А бе се ова сум чула Ама кога бевме мали не караа бабите да не удираме со метла по газ, ќе сме се мажеле бегалки Е па таа чија сестра обожаваше да не брка со метлата и сестра си ја удираше едно сто пати, за да не плаче, оти и бегаме, се омажи трудна До тоа ќе да е Следна глупост: дека Македонија ќе влезе во ЕУ сигурно, ние сме им требале пффффф, ова е муабет од еден квази политичар, кој тврдеше дека ЕУ има потреба од нас ради кадрите. Кои кадри бе, ќе влеземе кога сите ќе излезат од таму
не е глупост но кога слушнав ми текна разговорот на чет пред некое време, за во затвор какви услови бараме сигурно ќе ви текне (Црвенкапа и другите што беа на чет), во некој затвор во Франција (женски), отвориле салон за убавина, за тие што се внатре да не бидат толку разочарувани (што води до самоубивство) итн итн... добра им е идејата нели??
Дека ако не си го изедеш последното залче леб,демек си ја оставаш среќата. Дека кога ке слушнеш некое куче ноќно време да завива,некој од тоа маало ке умре. Демек пред некој да умре,денот пред тоа обично во близина има гавран и грака,демек барал гравче.
Другарка ми мислела дека знакчето на шампоните Nivea straight and easy (за исправување ) значи забрането пеглање на косата ( а тоа значи права коса без пеглање)
Дека девојките сакале да се омажат млади 16, 17, 18 години за да бидат млади мајки. Оти ако била стара мајка на родителска кога ќе ја виделе после ќе го зафркавале детето ( од повеќе девојки што е најчудно и единствено објаснување за дотичната појава ). Боже сачувај.....
Ако ме прерипаш нема да пораснам.. Ако згазнеш бумбар ке врне дожд Ако видиш мртво животно треба да се фатиш за коса и да броиш до 10 иначе ке ти падне косата ( значли сите мои другарки го прават ова и им се смеам на глупоста ја не се држам па ко шо гледаат уште имам коса али пак го прават) Не смее црна мачка да ти го пресече патот ( и ме тераа 2 пати да поминувам прва за да немале несрека и јас пак жива и здрава си се вратив дома) Ако 2ца поминат преку дрво или бандера ( едниот од едната др од др страна) ке се скараат А и дека една другарка мрази мачки затоа што кога некое бебе ке се родело таа викала бебето да умре јас да живеам...а кучето викало јас да умрам бебето да живее
Aко некоја другарка прва се напие или прва земе од твоето јадење ќе ти го украде дечкото. Ако некоја другарка ти го земе последното залаче или ја испие последнат голтка (од што и да пиеш) ти ја украла среќата. Ако згазнеш на шахта треба да те мавнат три пати по рамото, за да не ти се случи несреќа. Има уште ама веќе некои ги кажале, па да не се повторувам.
Една од најголемите глупости што сум ја слушнала беше пред неколку години,ама ми остана во сеќавање. Бевме излезени со друштво,кога пред нас двајца мажи одеа и одеднаш едниот му вика гласно на другиот: -Aбе што ќутиш ко жена? Ние нормално сите прснавме после во смеа. Од кога жените ќутат?!
Дека ако метиш навечер ке те земат бегалка и дека од пудра за лице за 2 години лицето како на стара жена ке ти се направело...
за гавранот е вистина.така да пред некој ден околу нашата куќа и куќите на комшиите имаш еден гавран којшто цела вечер гракаше.утре дента се слушна дека почина еден комшија што значи вистина е