Јас имам слушнато една глупост од мојот школски Драган..Тој ден бевме на училиште и другарка ми Благица го праша Драган:Каде петелот несе јајца?Во кокошарник или надвор од кокошарникот??Тој вика:Во кокошарник .... ( Доколку некој не сватил,финтата е дека петелот не несе јајца
Ова ми го кажаа вчера, мислам дека се случило на последната новогодишна епизода од “Најслабата алка’’. Бисерот го кажала Елена Петреска, кога требала да одговори на прашањето: - За кој триаголник се однесува Питагорината теорема? А, Елена одговорила: - За Бермудскиот! Имало уште многу бисери, ама за жал јас не гледав. Ете колку школувана естрада имаме.
Ептен одамна, во почетоците на ТВ Сител имаше една емисија со Лила во која што се натпреваруваа брачни парови. Поентата беше секој од нив да ги добие истите прашања но взаемно да не се чујат нели - за да ги проверат колку добро се познаваат и колку не лажат. Последното прашање го постави Лила ако не се лажам и го праша мажот прво: Каде последен пат водевте љубов со сопругата? Типот одговори - во кујна. Потоа ја прашуваат нејзе истото: - Каде последен пат водевте љубов со сопругот? - Леле, па се срамам да кажам. А мора ли да одговорам и на ова прашање? - Нема што да се срамите, па и вашиот маж одговори веќе на истото. После многу мислење и думање и лелекање и туфкање женава одговара ни две ни три - Епа добро еве ќе ви кажам....епа во газот! Лила едвај се воздржа да не прсне од смеење. Ако добро се сеќавам после следеа реклами
Глупоста на Александра Пилева од кога влезе во рок филм , на некој концерт рекла: "Ајде сите сега раце горе за најпанкерската песна Knockin' on heavens door "
Ко мала баба ми ме лажеше да не сум се качувала на маса зошто ко ќе дојдел попот ќе ми ги исечел ушите. Не се метело навечер. Не се лулала празна лулашка. Во еден сок не знам како се викаше знам само на п почнуваше ставале отров за глувци. Пред 2 год. наставникот ликовно прашува едно дете:Која река тече под мостот на реката Вардар и детево одговори Пчиња
Имам слушнато и тоа од прекрасната ми баба дека ако п*****(испуштиш гасови) на маса за време на јадење мора да направиш три круга околу масата на една нога..... Умно.. навистина умно
па со оглед на тоа дека го кажала баба ти,и не е некоја глупост а и воопшто не е глупост било кој да го каже ( мислам на некој постар ) бидејки едноставно калциумот во млекото не само забите туку и сите останати коски во телото ги прави појаки .
Возам кола бесна и прашина дигам, со леќа од 50 евра во моето око,нежно ти намигам тато е директор на фирма лично наша со развиен бренд, јас не знам кај е Шутка но секој ден на кафе сум во Тренд, Охрид,Грчка ,Бугарска се една прошла пасија и манија за мене одмор е плесната на песок во најмала рака во Шпанија! ....И дојдов тука да ме насочите кај се продаваат чорапи 3 за сто,оти зимава кочан е бе!Затоа дојдов да ве прашам,не нешто да ви обесувам Секоја сличност со карактерите од реалниот свет е постоечка! П.С. Не сум оф,сеуште ја разглобувам глупоста и пробувам да ја сварам-некако!...а денеска ја слушнав бај д веј!...малку со подруги зборови објаснета наравно.
Специјално за кумовите у комбинација со поклон шерпи за ајвер,една мала пажња Не млатам пари од покер и брич жолто и резеда се одамна кич, црна и бела на мојот кревет има перница, веќе од Милано ме бараат со потерница, да декорирам фенси домови со ствари од Стружанка, нема да дремам дома и да си играм перанка и спружанка. Сори за оф-топик....морав