Ако јадеш макарони ќе ти пораснат градите. Ако стргаш по чинијата кога јадеш - ќе врне кога ќе се мажиш. Ако имаш бели точки на ноктите - ќе се мажиш за овчар. Тоа беше заушките кога беа во ек: Ако ти побаат, ќе ти поминат! ( Имам другарка што до ден денес си мисли дека бајачката ја излекувала! ) Што е нелинеарна алгебра? - Алгебра што не минува низ нула! Дали можам да останам бремена ако се самозадоволувам? Не смееш да одиш кај мало дете што има помалку од 40 дена кога си со менструација! Ако крштеваш дете не треба да јадеш на сабајле оти на детето забите ќе му биле расипани... Има многу глупости, дури да не ти се верува дека некој стварно верува во тоа............
Не смееш да одиш кај мало дете што има помалку од 40 дена кога си со менструација! За ова и јас сум слушнала и голем дел од лугето ова го почитуваат. И во црква не се влегува кога имаш менструација.
Порано ни бремени жени нели несмееја да влегуваат во црква,па сега кога се мажат повеќето се трудни па пак одат.Голема работа,јас не верувам во ништо од тоа...
Мислам дека можеш да влезеш во црква, да се прекрстиш, но не да ги бакнуваш иконите и да палиш свеќи. Така барем мојата мајка ме учела.
Затоа мајката е тука да му каже на детето: Синко фамилијата на татко ти настанала од мајмуни. Мојата од Адам и Ева
Порано и мајките не оделе во црква на крштевка на сопствените деца што ми е без врска. Не дека нешто верувам во тие работи но пак ги почитувам некои од нив, за после тоа да не ме гризе совест дека нешто погрешно сум направила
За овие 2 работи не верувам дека се глупости бидејки лично и мене кога имав заушки ми помина од баење,а и тошно е тоа дека не се оди кај мало дете до 40 дена ако имаш менструација.Кај вујнами отишла сестра и кога таа се породи па сега и ден денес не можат да му го исчистат лицетео на братучет ми.кога и дојде менструација на жената тогаш му се појавува црвенило на лицето и му трае толку долго колку нејзиниот циклус.
Тоа се практикува секаде во светот а тоа е и третман за состојба наречена џуџест раст (телото расте во пропорции како кај нормален маж/жена ама екстремитетите се покуси) Еве една глупост од другарками:what are you looking at бре????? Или Јосип Броз Тито и Тито исти се?????,Тоа мачките со пердувите (кај има мачки со пердуви?!?) и многу други глупости и киксови што мео друштво знае да ги тропне
Ако сакате бебето да е женско, мајката треба да јади повеќе и исхраната да е богата со млечни производи, за машко, мажот треба да јади повеќе месо. By проф. по македонски јазик!
Ова не е глупост,поише е кикс! Одам јас кај братучедка ми на гости и вртиме по тв. И на една програма имаше песни од Лејди Гага. И братучедка ми вика:Абе,оваа да не умрела? Се утепав смеејќи
Најновото денес што го слушнав. Кога се купувало јадење за мртовец, додека не поминале 40 дена не требало да се плаќа тоа што си го купил. Значи јас влегувам во Тинекс и им велам: Купувам за мртовец, ќе се вратам за 40 дена да платам, зошто такви се адетите.
За ова со менструацијата и јас имам слушнато и верувам дека е така,па затоа најубаво било кога ќе се одело кај новороденче и доколку гостинката има добиено требало да си каже пред бебето е тогаш не се случувало црвенилото кај бебчето..Јас искрено верувам во ова
Навечер не се мете и не се тресе чаршав од маса со трошки. Во 3 часот навечер преку зима не се излегува надвор. Во 00 часот не се гледа во огледало.