Најголема глупост што сте ја направиле!!

Дискусија во 'Насмевка' започната од Sunshine88, 29 март 2010.

  1. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    558
    Сигурна сум дека секој од нас има направено по некоја глупост во животот. Не зависно во кој период било, дали забавиште, основно, средно.
    Еве јас на пример како мала играјки се домаќинка, фино лепо си ставив пластична чашка на топол шпорет со цел да загреам јадење за мојата кукла. Па после тоа се чудев зошто дното е со дупка.
    Што интересно сте направиле вие?
     
    На gami му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.715
    Очилата си ги обесив на кајсија преку терасата, па три дена не можеле да ми ги најдат.
    Удрив со тврдиот ѓон од папучите по стаклото од масата и тоа секако се скрши.
    Правев салта на креветот, па го скршив.
    Ичкртав со молив на вратата од детската соба на брат ми.
    Ја заклучив баба ми на тераса среде зима во 10 навечер.....

    Долг е списокот :lol: :lol: Ако ми текне уште нешто ќе пишам.
     
    На Amona, LittlePinky, simona997 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    558
    хаха и мене ми текнува кога сме кај цртањето дека во соба имав нацртано нешто на цеееел ѕид.а оправдание ми беше дека ми рекла баба дека може да цртам :D
     
    На Amona му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    256
    majka mi sekogas koga ne moze da zaspie doaga kaj mene,me nervira, pa i napisav poraka "POSLE 10 ZABRANET VLEZ" i ja zalepiv na vrata :D dobro sum napravila neli :lol: :lol: :lol:
     
    На Amona му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    558
    секако дека да хехехехех...мене таквите натписи ми ги тргаа...а ми текнува братучетка ми ставаше не дирај лава док спава..изгледа бев напаст па цели денови не ја гледав демек спиеше хахахха
     
  6. doktorkata

    doktorkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    заедно со една другарка во основно и напишавме писмо на директорката да не одиме на школо заради војната(немирите што беа во 2001ва) хахахахахаха
     
  7. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.344
    Пол:
    Женски
    О ги има многу, ја ставив барбиката во микро-печка и и падна косата, му подметнав мравки во кока-колата на братучед ми, он се плашеше од лифтови а јас секогаш стискав стоп и го лажев дека се заглавил за да плаче :twisted:
    Многу има ама глупости правев кога бев мала, сега сум фина , мирна само понекогаш правам понекоја глупост :twisted:
     
    На Amona, Natalyy123, Дакноманиак и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.900
    На оваа тема има да се збори :)
    Како помала ,на 6-7 години .. дете ко дете вишок слободно време , си земав крпа од тие за во кујна .. си ја врзев околу врат , ножички за нокти , и столче , и фино лепо си се наместив на тераса. Да ги потскратам шишките нели ? :D Мајка ми коа виде косата и се крена , и зашо немаше чаре , бев шишана кец :lol: ;) Кој е ко мене ? 8)

    Личност што кажува се , се одразува ова од коа знам за себе .. немав попаметна работа .. и една во одделение , мислам 4-5 бевме , циганка беше и и го кажав тоа .. Нема потреба од лажење , нели ? :) Мајката на девојчето и кажа на мајка ми .. и мајка ми да ми каже дека сум згрешила .. неможеше од што ме бркаше околу кола .. хахахаха најзакон брканица у живот :D

    Исто 4-5 одделение , имав многу убави лакирани , така повисочки црни или кафеави кондурчиња .. од заљубеност си ги носев на сукња , на екскурзија во Сарај! Кој бот сум била :D

    Други не ми текнува :lol: Ако ми текне , ќе допишам 8)
     
    На Amona, oneday, Miss.Ricci и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Bellla

    Bellla Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    10
    Едно лето со братучетките искачувавме една висока и стрмна карпа која немаше ништо за што можеш да се фатиш ако почнеш да се лизгаш надолу (на пр. растенија со подлабоки корени). Некако ја искачивме со плачење и врисоци и си ветивме дека нема повторно да го правиме тоа. Наредното лето или тоа по него, пак ја најдовме истата карпа и пак ја искачивме, истата приказна - плачење, вриштење, обвинување меѓу себе за тоа кој ја дал таа глупава идеја. Среќа и тогаш поминавме само со гребнатини :)

    Едно лето учевме да готвиме (наводно учиме, а всушност се зезавме). Печевме компири во рерна вдлабнати во средината и ставено по едно јајце во секоја вдлабнатина. Бидејќи јајцата побрзо се испекоа од компирите, ги извадивме од рерна и ги изедовме. Компирите беа недопечени и после дигнавме температура и не болеа стомаците :)
    Правевме и торта, и по идеја на братучетка ми, ставивме и сол, и бибер и црвен пипер... А потрошивме кило брашно, еден куп јајца, шеќер, млеко и др. Мајка и ја истури смесата во кофата каде што ги собираа остатоците од храна за свињата (на пр. манџи, супи и сл.) и не натера да си ги измиеме рацете во помијата. Беше одвратно, мрсно и смрдеше неизмерно, плачевме и се смеевме истовремено :)

    Еднаш се качивме со братучетка ми на оревот кај баба ми (не знам како успеавме да се качиме на една повисока гранка), но потоа не можевме да се симнеме, а никој немаше дома (сите беа на работа). Поминавме 3 часа неудобно седнати на гранката (се вкочанивме) дур не дојде татко и од работа и не постави скала да се симнеме :)

    Братучетка ми се плаши од птици, затоа јас ставав стапици и фаќав врапчиња, а потоа ги земав во рака и и велев да погледне што држам во рацете. Таа ќе се наведнеше поблиску да види, јас ги отворав дланките и врапчето излетуваше покрај нејзиното лице. За нејзе тоа беа големи трауми!!! Потоа не можеше да се смири со саати, а мене ми беше интересно. Или пак ако најдев мртва птица, копав дупка во песокот во нивниот двор, ја маскирав дупката со најлон од горе и врз него песок и ја наведував братучетка ми да згази врз дупката и ногата да и пропадне кај мртвата, усмрдена птица. :D

    Еден ден со братучетките си ставивме црвена темпера на колената и се преправавме пред стари баби и дедовци што поминуваа по улица дека паѓаме баш пред нив и ни се раскрвавуваат колената. Каква паника дигаа старците, веднаш пробуваа да ни помогнат, а ние прснувавме да се смееме, а пак тие ништо не сфаќаа, целите во прашалници :D

    Друг ден пак ги застанувавме луѓето на улица и им зборувавме на јазик измислен од нас самите (непостоечки :)
    Тие се чудеа, не прашуваа што ни е, дали сме добри ...

    Најинтересно беше кога врзувавме рибарски (проѕирен) конец за паричник (во него малку пари) и го поставувавме на средина на улица. Сите луѓе се наведнуваа да го земат, а ние скриени во некоја грмушка до патот, го повлекувавме паричникот пополека, а тие не сфаќаа зошто се движи, и пак пробуваа да го земат, ние пак ќе го повлечевме полека, неосетно и се така дур не не видеа и сфатеа во што е работата :D и онака посрамени си заминуваа :D

    Има уште многу глупости, на пример, кога фрлав едно маче од гаражата во снегот што беше половина метар длабок. Ми беше интересно како реагира мачето и каков отпечаток остава во снегот, а притоа го тестирав и законот за гравитација ;)

    Не се гордеам многу со моите глупости, ама барем интересно ми беше ... и сега имам на што да се сеќавам ...
     
    На Amona, boj4eee, s.t.a.r.s.h.i.n.e и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    167
    Кога бевме помали јас,брат ми и братучед ми се прскавме со пиштоли и пушки на вода ДОМА :D Цела куќа беше водена и на едно место дури и паркетот се крена,а ние секако два дена под казна бевме :lol:

    Еднаш ја заклучив мајка ми во купатило,го исклучив светлото и ја оставив пола сат така затворена,не можете да замислите колку беше лута кога излезе ;) :lol:

    Како помали игравме на улица со топка и редовно кај еден луд комшија ни одеше топката.Еднаш ни ја зеде и не ни ја врати туку ни ја руши :( И ние бидејќи тој чуваше кокошки следниот ден чекавме да замине на работа и го отворивме кокошарникот и сите кокошки се разбегаа по улица :lol: Комшијата сиот бесен дојде дома и почна да му вика на дедо ми,ама за среќа имам многу добар дедо кој не бранеше пред него :D

    Во дворот имавме една голема цреша која ги раѓаше највкусните црешни.Ние деца како деца лакоми решивме да се качиме на повисоките гранки каде беа поубавите цреши и да бериме од нив.Ај се качивме некако,ама за слегување тешко беше некако :lol: Почнавме со братучетка ми да плачеме , да пиштиме да ни помогнат.Едвај некако татко ми не спушти :D
     
    На s.t.a.r.s.h.i.n.e и simona997 им се допаѓа ова.
  11. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.809
    Пол:
    Женски
    :lol: :lol: Има многу :lol: Една од најголемите што ни се случуваше континуирано беше да отидеме кај една ептен стара, во комшии, ќе тропневме на врата и само шеќер и баравме, и ако не беше дома, сами си земавме :oops: кутрата сампо викаше по нас, ни купуваше карамели ама ние инаети со другарчињата, шеќер да биде :lol: а баш за ништо не го користевме.
    И најјака ни беше тепачката со деца од другото маало, зедовме сите по две-три јајца од дома и ајдеее фрлај по нив.Кога го акнав еден ерген, како беше дотеран , одеше некаде, по улица тој ми се погоди, пет дена ми беше срам да му излезам пред очи да не ме натепа :lol: :lol: :lol:
     
    На Amona, LittlePinky и simona997 им се допаѓа ова.
  12. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    Како мала бев многу палава. Еднаш со една другарка на комшијата (кој многу не нервираше) му ги зедовме влечките од пред влез и му ги фрливме во полско вц :lol: Со истата другарка запаливме една плевна во маалото, правејќи ручек :lol: Ден денес кога ќе поминам покрај тоа место си се смеам кога се потсетам колку бевме исплашени кога се рашири оган, и кога цело маало се крена на нозе, ама ни пожарната не успеа да го згасне и изгоре до темел :D
    Во школо скршивме стаклото на едно табло за да ја одлепиме сликата од симпатијата кој таа година беше матурант :D
    На едно девојче што ми беше школска во основно, така мирно и повлечено, и го измачкавме палтото со лепак :D КАко сме можеле да бидеме толку злочести :D
    Исто така со другарките едно лето, ни беше мн досадно и во три ноќеска проваливме во школската библиотека и си зедовме некои книги :D
     
    На s.t.a.r.s.h.i.n.e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Melanie

    Melanie Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    70
    Ehh mnogu gi ima taka po prilicno luda i otkacena si bev ko mala(a i seuste sum si po malku) i imam mnogu gluposti sto sum gi napravila,vo momentov ne mi teknuva bas na se ama aj nekolku...Mnogu mala koga bev okolu 4-5 god. me cuvase baba mi i ja zafrkavav ednas zemav kolenoto go namackav so crven lak za nokti i izglumiv paganje od tocak ja ispoplasiv zenata greota :lol:isto taka ednas i gi zemav site sminki na majkami i ze iznaslakav po celo lice plus i na cela spalna,tepison,po zidovite :D A so drugarkite ko porano okolu 5 odeelenie koa bevme se javuvavme nonstop vo Topshop da se zezame se prepravavme kako vozrasni naracuvavme pajacinja :lol: Isto glupostioi sto gi imam napraveno e sto so edna drugarka edno leto uste ne tolku golemi koga bevme i normalno ne ne pustaa kasno da izleguvame nie begavme od doma demek ke sedime nadvor kaj mene nie cekame da zaspijat mojte i dzom da ne nema niz maalo se frckavme pokraj kaficite brkavme simpatii i ne ne fatija nikad :lol: A imam isto kako pogolema izbegano 2 pati od doma navecer za so deckoto togas da se vidam,a ne me pustija togas da izlezam i skokav niz prozor :lol: ccccc mladost ludost :lol: :lol: :lol:
     
    На LittlePinky и s.t.a.r.s.h.i.n.e им се допаѓа ова.
  14. Fairybell

    Fairybell Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    26
    Јас бев многу мирна ама кога ќе направев нешто беше легендарно и осмислено,ама претежно на сестрами и другарките им давав идеи :D Знам дека дедо ја читаше библија по милионити пат и јас му реков да ми раскаже приказна,и тој почна од библијата да ми раскажува како имало некоја рака што се појавувала и пишувала на ѕидот и после ја снемувало.И така јас според приказната се зедов моливче и секоја прилика кога ќе немаше никој низ куќа цртав мали човечиња или по некоја буква.И се чудеа кој е,ама ме сетија,а јас се правдав дека таа раката од приказната црта и кај нас низ куќа :lol: :lol: :lol: Еднаш и ја исправ облеката на една кукла,неможев да ја чекам да се исуши,па ја ставив во рерна и ја гламносав :up: Заедно со сестра ми,теравме деца да замислат желба и да дувнат во ауспух на камион,а претходно наквасено лицето,и кога ќе дувнеа лицето им се налепуваше со саѓи :lol: Кога бев некаде 7-8 одделение,на едно девојче што ме нервираше,еден ден дојде нашколо со нови тренерки,и и наместив мастика хуба-буба да наседне,и кога се виде,тренерките упропастени :worried:ilent: Ако и текне уште некоја мајсторија ќе пишам :lol:
     
    На Amona, s.t.a.r.s.h.i.n.e и vaga95 им се допаѓа ова.
  15. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.153
    Пол:
    Женски
    Ги извадив парите од моја сметка и ги уплатив пак на моја сметка..Па така си дојдов дома и дури тога сватив што направив .Тоа ти е замор и куп обврски,ти го вадат паметот и со тој памет повторно назад.
     
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    10.356
    Допаѓања:
    14.833
    Пол:
    Женски
    Седевме со една другарка на камен. Она пушеше цигара и јас си играв со запалката. Палев хартии што ги наоѓав од страна и ми текна да запалам малку трева. Наеднаш се запали голем дел од тревата и јас и реков на другарка ми ај да бегаме. Среќа што не не виде никој. Ова беше пред 4 години.

    Еднаш си топлев јадење. Го ставив јадењето во порцеланска чинија. За да не ми пукне чинијата топлејќи го јадењето, ми текна да ставам пластична чинија врз ринглата. Одозгора ја ставив порцеланската чинија и чекав да се стопли јадењето. Наеднаш почна да мириса многу гадно. Кога ја тргнав порцеланската чинија видов дека пластичната чинија се залепила за ринглата. Ја одлепив чинијата и отидов да јадам во дневна, затоа што во кујна мирисаше многу гадно. Ова беше пред 8 години.

    Кога имав 5 години ја турнав сестра ми од тераса, затоа што се скаравме. Тогаш таа имаше 2 години.
     
    На LittlePinky и viki-jej им се допаѓа ова.
  17. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    620
    Брат ми го облекував во невеста(и го крадев на мајка ми и му го облекував на брат ми го шминкав,го црвев...)и го пуштав таака да се шета кај баба ми и дедо ми,кај чичко ми....
     
  18. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    199
    od mnogu gledanje skriena kamera se pikavme 3-4 deca vo ogromni kutii od televizori frizideri i se shetavme po ulica :D

    ednash nadovme stari shtikliiiii i shto ke pravime so niv se piknavme nekolku deca vo edna grmushka pokraj ulicata i eden drugar gi stavi racete vo shtiklite i gi izvadi nadvor od grmushkata a nie pochnavme da ja treseme i da pishtime lugjeto da si pomislat deka nekoj vnatre "vodi ljubov" HAHAHAHAHAAHHAHA :$ :D :D

    na eden komshija shto stalno ni se dereshe mu go skrshivme prozorot od dnevnata so KOMPIR! :D :D :@

    vo gradinkata vo maalo si praefme "BUNKERI" i si nosevme raboti od doma ..stolchinja..lambi zavesi..hahahahaah si sedefme tamu po celi denovi i ednash edna baba ne prasha dali sme izbeglici AHAHAHAHAHAHA (beshe periodot 2002 posle vojnata ) :D
     
  19. t.e

    t.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    4
    се сеќавам пред неколку години, со мојот најдобар другар земавме од оние хартиени кеси и направивме дупчиња за очи и нацртавме усти на нив и така се шетавме по улица :) баш ни беше убаво, иако сите не гледаа како идиоти..
    сега после толку време, кога другарството ни преминува во љубов, и кога си седиме и си се гушкаме, баш си правиме муабет за се низ што сме поминале и сфаќам дека тоа што сме го имале е прекрасно!
    *се радувам што тој е мојата прва свесно, несвесна доживеана љубов!
    се радувам што со гордост можам да кажам дека го сакам со сета искреност на светот :) :inlove:
     
    На Amona, Ketchup, LittlePinky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. glammur

    glammur Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    19
    Уфф има многу вакви работи што сум направила. Сега само дел ќе напишам :)

    Еднаш со другарка ми бевме кај мене во станот а јас сама дома и дека имав огромна тераса а беше лето се прскавме со шишиња (на терасата) и цела беше мокра и на крај ни текна да прскаме луѓе што проаѓаат бидејќи таму поминуваа прилично доста луѓе. И како што ги прскавме со шише така се криевме и не не гледаа, ама другарка ми вика „ Не ја прскај оваа жена ми изгледа злобно може да не види“ А јас ко за инает ја испрскав и одма клекнав, ама оваа не видела и ми се качи горе и почна да ми ѕвони на врата да тропа, пцуеше, цел влез на нозе го крена, а баш тогаш требаше татко ми од работа да дојде, па нешто се дереше од доле и на крај и татко ми дозна а жената беше цела мокра, шминката и беше размачкана, катастрофа и сакаше и во полиција да не пријави ама татко ми едвај и објасни дека сме деца и дека непромислено сме го направиле тоа и милијарда пати се извинувавме дури и од мајка ми облека и дадовме да се пресоблече а таа запнала да се јави во полиција, али среќа не се јави.

    После тоа со истата другарка отидовме во маркетот Веро и се шприцавме со сите можни парфеми, се мачкавме со креми, со освежувачи на здивот се прскавме, отворивме пасти за заби, направивме лом во делот за козметика и ни го викнаа директорот ама ние избегавме и цели месеци не се вративме во маркетот.

    Со една друга другарка отидовме во другата населба и влеговме во една куќа која имаше прекрасни цвеќиња и многу дрва со овошки. И не знам како сме можеле да бидеме толку лоши од сите дрва ги искинавме овошките, сите цвеќиња ги искинавме и ги испофрлавме во дворот на крај не фати и ни се испораздра.

    Со соучениците од основно на наставничката и ставивме лепак на столчето и она не примети и седна на него и долго време седеше и на крај и се искина сукњата кога стана а ние не можевме да не се изнасмееме и добивме укор. Исто во основно во петто одделение во вецето најдовме измет во лавабото :| уфф.. грозно и ја внесовме таа една ученичка во вецето и ја заклучивме т.е. ја заглавивме и оваа почна да плаче да се дере а ние избегавме и тогаш некои деца добија укор. И на крај во основно во осмо одделние намерно се заглавивме во училницата по македонски и наставничката не можеше да влезе (се заглавивме на третиот час) и таму си седевме до седмиот час затоа што не можеа да не одглават :rofl: така што си изгубивме четири часа и тоа хемија, математика, историја и германски :rofl: