Бев околу 3-4 одд и отидов кај другарка ми игравме цртавме и др. Мене ми се јадеше ама другарка ми ме заклучи и не ме пуштеше да си одам и зеде манџата и ми носи. Ко се засопна и манџата на земја, потоа чистевме со вениш.
Кога бевме во Грција,тетка ми носеше тањири и јас како што ги носев шпагетите во тенџерето,гледав во нив и се судривме,ама толку силно,што една шпагета и влезе во деколтето,жешка
Заради мојот „точен“ часовник Часовите ми почнуваат во 8 , а јас незнам како ама сум го поместила еден саат наназад и место да станам во 6 ја станав во 5. И уште таква цела лута на другарка ми зошто не ме чека пред зграда на време трчам накај автобусот среќа не го фатив и другарка ми ми се јавува вика што ме будиш xD Спојлер Сеа ќе си седам ко ненормална ке чекам
Одам денес со 23ка накај центар и трча една теткица по автобусот и доаѓа до задна и ме прашува: -Извини девојче што автобус е ова? И јас и викам : - Санос.
ехе.. секој има направено по многу глупустиD мојата најголема глупост бепше кога избегав со поголемата сестра за да ја гледаме најголемата сестра како игра кошарка.. игралиштето ни е веднаш спроти куќата..и родителите со роднините беа во дворот.. а јас и сестрата бевме казнети зошто се скаравме.. но потоа скришум отидовме на игралиштето и ја гледавме сестра ми..и се вративме скришум и не не приметија за среќа.. но ние после тоа и рековме на мајка ни..и таа ни се изнасмеа
Глеавме со татко ми филм а филмот се работеше за едно дете што многу прави глупости,и ја зборам леле како може да праи толку глупости детево,и дека јадевме и ајде да го истресам чаршафот коа ми тресна доле.И тато ми вика и после збориш дека детево правело глупости.
Требаше се едни колешки да одиме на едно место, а ни една од нас не знаеше каде се наоѓа. И ајде, да не акаме со автобуси, па кај да се симнеме, шо како... Викаме со такси. Ја слепа, гледам кола се приближува, сум се распафтала таква цела за да застане... Овие ме гледаат со израз и едната ми вика ИНГИ, ШО ПРАВИШ ?! АВТО ШКОЛА Е... И ја па уште паметна се праам АКО Е АВТО ШКОЛА ТРЕБА БЕЛО ДА БИДЕ ТОА ЗНАКОТ ГОРЕ, НЕ ЖОЛТ... ЖОЛТ Е ЗА ТАКСИ ! И така. за мене ! Чао, до наредна глупост.
Долг е списокот на глупости што ги имам направено но еве ќе издвојам Топ 3. 1.Кај тетка ми на гости во Тетово имаше огромен аквариум со риби.Јас облечена во сукњичка ламбада се вртев баш пред аквариумот и сеуште не ми е јасно со која сила го скршив аквариумот 2.Собирав пари за Наш Свет во основно.Но неприметно секој ден почнав да си ги трошам и тоа не за нешто важно туку за смоки, чоколатца, мастики, палачинки.Проблемот дојде на крај кога ме услови наставничката дека ако не ги вратам парите нема да добијам сведителство. 3.Кога се исфарбав плава.Права плава циганка бев
Една кола на улица ја ишаркав со каменчиња...да да. После може да замислете каква беше Абе уметник уште од мала бев . И најтрагично што колата била на еден роднина.. и другиот ден беа на гости кај нас и кажаа за колата и јас само си седам и сватив што направив. Добро е што не дознаа дека бев јас инаку татко ми кола ќе требаше да им купува. Инаку после ја средија колата како нова беше. да ти е мерак да ја ишараш.
ееее само да знаете јас што направив! сама се заклучив со џандарски лисици,и тоа од на таткому на дечкоми, па мораше да одам да ми ги отклучи и ми вика: од сега ќе ме слушаш
Ги има 859487592837429834773897 глупости од кои се сеќавам на 1-2 ) Еднаш со другарка ми продававме скршени играчки.Со кој памет бре ?? И еднаш со другарка ми стаивме корпа во кабинетот горе,и влегува професорот и корпата врз негоо
Спојлер Зини земјо, голтни ме ! И ние еднаш со другарка ми на листови од тетратка цртавме секакви глупости, и на сред улица ги продававме Пак одевме по продавниците, на сите што ќе поминеа му викавме КУПИ 1 ЗЕМИ 2 .. Не помислија демек питачки некои
Само на оваа се секавам. Бевме 5-6 одд.,и со друштвото разговараме за Нова Година,И една од другарките вика:Оваа година Нова Година се паѓа во петок. И јас на тоа:Само да не е 13-ти. Охх бе,си велам Леааа,со кој памет брее. И тие кога прснаа да се смејат,па и јас со нив, неможевме да се смириме 10-тина минути..
Алал да ти е бе .... И мене дедо ми ми праеше сок од лимон и наместо шечер ми стаил сол !!! лелел која грозотија
хахахха и јас со другарка така и еден другар на сред улица продаваме грозје и јаболка секој ќе донесеше од дома и ајдее продавај исто еднаш мајка ми купила натурана во тетрапак што е и јас си мислев сок густ купила и си турив во чаша малце леле колкуу беше благоо абе 2 дена во устата мислам дека благо ми беше јако се забеав.. ..