1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најголема глупост што сте ја направиле!!

Дискусија во 'Насмевка' започната од Sunshine88, 29 март 2010.

  1. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.642
    Се пресмеав од сите , па еве нешто од мене :

    Пред неколку години се враќав одкај една другарка и доле во ходникот имаше табла јајца . И јас си земав 5-6 , ама никој не ме виде. И од нејзинот двор до нашиот ги испомавав јајцата. Следното утро се замрзнале и кога одев во еден двор се лизнав на едното јајце и си ја пукнав ногата . ЗА ПАМЕТ.

    Со еден другар од школо,секогаш на голем одмор јадеме тостови. И пред 1 месец не ни даваа да си зачиниме ,и земање вегетата и на едната келнерка од глава . Бегавме коо улави и не одев нашколо 3 дена

    :)
     
  2. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    115
    Најголема глупост во мојот живот беше тоа што лани за нова година се јавив на една личност да и честитам. |( Замислете му се јавувате со зборовите СРЕЌНА НОВА ГОДИНА а он од таму ќути kо здрвен !?! :x Демек премногу изненаден ? :o Леле пукнав што му се јавив од каење ! :doh:
     
  3. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    :D :D леле ко ќе ми текне сега се смеам ама тогаш ептен се изглупирав...бев 8 одд. и си го фатив првиот дечко...ама знаете на 14 год. дечко тогаш беше поим...а јас ем ми иска ем ми стиска :lol: :lol: го фатив дечкото, ме праша дали сакаш да ми бидеш девојка и потоа нели по правило доаѓа :* и мали ко мали тој ми вели „Може да те бакнам?“ а јас нему „Не!“ и тој така зачудено „Зошто?“ а јас горда „Бидејќи ми е гад“...лелелелелелле :$ :lol: :rofl: сега си се смеам, ама тогаш детето што си помислило кој знае.... :D :D
     
    На LittlePinky, Fallin-ForHisSmile и StarSky им се допаѓа ова.
  4. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Си направив снег од документите за куќата,ги иситнив на мали милион парченца и ги фрлив од тераса.. :lol: Снегчеееееее!!! Па се оставаат ли такви документи пред тригодишно дете.. :lol: Си ја заглавив главата помеѓу решетките од терасата..кутра мама..таа плаче, јас плачам, таа тегне, јас викам..си завршив со излупени обравчиња. Ја заклучив братучедка ми во визба и и мафтав од прозорецот додека таа рикаше внатре, и уште си се качив кај баба на спрат и и велам нека поседи малку па ќе ја пуштам :lol: Си ги собрав играчките од забавиште и сликовниците и се и и реков на учителката јас веќе не доаѓам тука ич не ми е убаво!! И да ме нема, кутра таа ме бркаше низ дворот десет минути. :lol: Абе деца..убави времиња беа.
     
    На Arthur, AnaKlarc, Cacy и 10 други им се допаѓа ова.
  5. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    Eeх, ги има толку многу што не ми ни текнуваат. Ова е заедничка глупост, на мене и целото мое блесаво друштво. Се враќаме од сала Борис Трајковски и сега накај каде за да стигнеме до Центар, и ајде стигнавме до Партизанска што стигнавме и знаеме дека треба да чекаме 22. Ама накај каде да иде - на лево или десно, питање је сад?! хахахаах :D Јас упорно и упорно им зборам дека Центар е лево ама не ме слушаат. И океј накрај и јас глупава се помирив, стигнува 22 се качуваме и поминуваме низ некои непознати места и 'предели' и некако долго ни се виде возењето.. Поминуваме Карпош, Ѓорче Петров а сите унесени во нешто или си дрндаме, или си слушаме музика.. Јас си гледам низ прозор надвор, си гледам знаци Карпош, па Ѓорче Петров и мртва ладна си седам, мува ич не ме лази. Си викам во себе, ех го поминавме Карпош.. И се возиме што се возиме наеднаш автобусов врти нагло и влагаме во некое село, божее... И се вртам на другарка ми.. Мори, кај сме ние ?! И таа цела таква, мртво ладно девојчето . А, па го поминавме Ѓорче. И мене у моментот ми текна кога го поминавме знакот, ја тогаш цела замаена сум била, и коа се сепнав викам абе ти знаеш кај е Ѓорче, на крај на Скопје. И оваа штооо?? И кога стана и почна да се гази од смеење, и другиве приметија фала богу и некои уште малце ќе заплачеа хахаха, некои се кезат ( вклучувајќи ме и мене :lol: :lol: ) другарка ми една мртва сериозна, загрижена, кај сме, што сме како да се вратиме а ние битно се цепеме хахаха :D И се симнавме.... во Волково. Лелее муко моја, што не снајдее.. ( со должно почитување на тие што живеат таму, ама ниее ко птички покиснати бевме кога се изгубивме таму.. ) И прашуваме цели збунети во една продавничка, кај е автобуската за во Центар и женава покажа негде во кал лелее. И чекавме, за 5-10 минути дојде 22, празна беше, само еден чоек имаше не пушти без карти, и ајмоо накај Центар! Стигнавме негде Буњаковец, викам ууф се враќаме во цивилизација! Абе се изнасмеавме начисто. Јас од сега само на една релација ќе си се држам. Мојата населба - Центар и назад! Јас во Волково - више никад!! :rofl: :lol:
     
    На Amona, LittlePinky, CoCoGiiiRL и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. trendy

    trendy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    172
    заспав на час по информатика(кога правевме тест) лелее лудо беше тогаш :rofl:
     
  7. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.019
    Допаѓања:
    5.938
    **Ставив грозје во микробранова оти мн ми беше ладно зимно време така да го јадам , кога одеднаш нешто пукна ..се е** и микробранова и се !!
    **Jа гаѓав сестра ми со јаболко , се наведна и удрив во ѕидот..и ден денес сеуште има една сива дамка на ѕидот ВО ДНЕВНА ! :D
    *минатата година со јакната ја зафатив елката и падна на подот..се скршија 3 лампиони , мн сум несмасна со задникот до кај што одам се туркам хаха :D
    **кога бев мала се разменував со една другарка со салфетки .. не ми ја даваше една преубава јас се изнервирав и и ја скинав , парче ја напраив :))
    * мавав по колите со камчиња ситни додека еден човек не излезе и почна да ме брка :D :D :D
    ** ја лажев братучеда ми дека во крофната има бубашваби за да ми ја даде мене :D
    *се степав со еден ром во 8 мо одд :D
     
    На Arthur и FortuneTeller.xD им се допаѓа ова.
  8. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Една комшивка не ни даваше да кинеме кајсии, а имаше многу убава кајсија во дворот. Секогаш кога ќе не начекаше не бркаше да не истепа. Еден ден само што си го имаше пружено тепихот на жица тазе испран. Ја видовме како оди кај друга комшивка на кафе и и направивме 2 штети.
    Киневме домати од нејзината мини бавча и ги мачкавме по тепихот, ни беше многу забавно, ама некој не видел и не издал. Жената дојде да се жали кај нашите родители. И дома лом не направија.

    Втората глупост беше многу голема. Јас и уште 2 другарки редовно поткраднувавме во една продавница. Бевме 5-6 одд. Немавме потреба од ништо. Сето тоа го правевме од бес, адреналинот работеше. Се натпреварувавме која повеќе ќе украде. Крадевме мастики и бонбони живи глупости.
    Еден ден не фатија на дело, не однесоа во една соба и се ни извадија од ранците. Со часови не сакавме да кажеме кои сме, од каде сме и да им дадеме број од родителите. Многу не задржаа знаев дека моите ќе се насекираат и морав да им се јавам. Дојде татко ми по мене, многу го избламирав. Среќа не требаше ништо да се плати. Вработените кога не видоа пребледени уште и по едно чоколадце ни дадоа.
    Татко ми сакаше да ме носи во полиција (само колку да ме исплаши) јас плачев и го молев да не го направи тоа. Многу беа разочарани од мене, дома ми правеа анализи, ме контролираа, муабети еден куп само за да ја дознаат причината. Причина немаше, нам ни беше забавно, не дека нешто од тоа ни требаше. Сега често знаат да се нашалат и да ми кажат ај иди пазари нешто за дома :lol:

    Има уште многу глупости ама треба цел ден да пишувам.
     
    На StarSky му/ѝ се допаѓа ова.
  9. StarSky

    StarSky Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    8
    Како мала на глава му се качував на моиве. Мајка ми вика, да можеше и на лустерот ќе застанеше Хахаха :D Значи, сме биле во Грција на одмор а јас 3 годинки некаде, и на некоја прометна улица сме се шетале, и мајка ми и татко ми се замуабетиле нешто, а јас по навика ја пуштив мајка ми, таа не ни приметила, и право на улица! И мајка ми по некоја минута се врти и вика ЛЕЛЕ! :sweat: :tmi: ваква цела, и татко ми за три секунди истрчал до мене, ме фатил за партали и ме вратил назад. хахахаха :rofl: Опасно, ама мене сега ми е смешно хахахах :D Кога и да помислам неможам, а да не се насмеам.

    А сега скоро, којзнае кај ми бил паметот, ми се јадеше и си викам ај тост ќе си направам. И ставам таму тостот во тостерот и го оставам, викам ќе се вратам по некоја минута.. И си одам си седнувам на компјутер да видам шо има.. и потполно заборавив на тостот. Јас си седам на комјутер, си муабетам со другарка ми.. тостот си се печел си се печел.. и едно време ми се пиеше вода, и одам во кујна, кога, има што да видам :o :sweat: Цела кујна чади, комшиите си помислија пожар има во куќата! И одам отворам се да се излуфтира, го исклучувам тостерот, го отворам, кога :sweat: тостот се јагленисал.. ми се одјаде... и земам тоа тостерот со крпи со триста чуда го носам надвор на тараса, тој чади од сите страни, цела куќа магли беше.. незнам со што не прскав за да не се сеќава одвратниот мирис ама за џабе.. среќа никој немаше дома, па после мајка ми кога виде и идеше да ме флри низ прозор заедно со тостерот зошто потполно го уништив.. ама.. и помина по 5-10 минути. И така.. сега си се смеам кога ќе ми текне :D Има и многу други случки ама ај друг пат, да не биде постов огромен :)
     
    На LittlePinky, BlueEyess, RedRose97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Не дека сега не правам глупости, ама како мала сум била експерт.
    Јас: Мамо каде е бато?
    Мама: Игра фудбал.
    Јас: Добро (притоа сум го земала неговиот колаж, во тоа време го викав колач :rofl: и го брцнав под троседот). Мамо, а Господ гледа се? :^)
    Мама: Да мамичка.
    Јас: А ќе види каде му го сокрив колачот на бато? :rofl:

    Глупост која и ден денес ја памтам е кога си ги захевтав непцата од забите. :rofl:
    Мало, буцкасто, штрбо детуле со криви шишки очајно трагајќи по спас да ја извади хевталицата од едно тевтерче. Си реков, ај со запчиња, па влегов во дневна плачееќи, а тевтерчето ми висеше од уста. :rofl: :rofl:

    Имам и заспано во јајце на око. :lol: Изморена, гладна... ШЛАП со главчето во јајцето. :D

    Брат ми го бутна еднаш цел регал со чашки, баба и дедо здрвени останаа, му носат на брат ми шеќер и вода, а јас плачев дека тато ќе нема од кои чашки да пие ракија. :rofl:

    Мама ми читала приказни со Палче и Џинот, а јас фино сум ја скинала страната од Џинот за да не се плаши Палче. И сум и` викала на мама:
    Мамо, џинот има ѓезве?
    - Има мама.
    Е како мамо, тој е лош, нема другарчиња за да пие кафе... ама ајде, може има некое малецко за да пие со вештерката. :D
     
    На AnaKlarc, LittlePinky, Cacy и 15 други им се допаѓа ова.
  11. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Па не знам дали е глупост, но дефинитивно е една од најлудите ситуации во моево 18годишно постоење.

    Јас носам очила, но не од многу одамна, си ги купив некаде Август месец. Затоа што видот ми беше доста оштетен морав да ги носам нон стоп, па и за в чаршија. И излегувам така вечерта, кога еден многу близок другар ми вели: Аааа Спарксче супер се новиве очила, сега ми вика како Ева Ангелина си.

    И јас целата прашалници, а која е таа? (Подобро ќе беше да го заборавев името и да не препрашував многу), и тој се смее и ми вика глумица, глумица е Спарксче.

    И тоа беше жешка шлаканица за мене! Како тоа на филмоманот Спаркс тако звана ИМДБ помеѓу народот, да и се случи сиутација во која таа да не знае некоја актерка. :D :D

    И си одам дома, седнувам на компјутер и го типкам името Ева Ангелина на гугл. Првиот линк читам нешто you... и не го дочитав, мислев дека е некое клипче на јутјуб. Не само што не беше на јутјуб, туку беше на youporn а "актеркава" излезе со раширени нозе и пропратните гестикулации и молитви како Јеа Гааад, Оуу јеааа!!! Во текот на нејзиниот "перформанс" момава била позната по тоа што го изведувала со очила на неа, односно сите клипови ги снимала со ист вид очила.

    Јас се стаписав, 2 саатот по полоќ, летно време, жешко сите врати отворени а од мојата соба се слушаат такви извици. Ги исклучив звучниците, и по 1 минута мајка ми влегува соба и ме прашува, Спарксче мама, арна си? И јас арно мамо еве еден хорор филм гледав, ама го исклучив некако многу страшен ми се виде.

    Наравоучение 1: Секогаш читајте што линкови отворате ДОКРАЈ.
    Наравоучение 2: Љубопитноста ја убила мачката, не бидете љубопитни :D
     
    На Amona, LittlePinky и StarSky им се допаѓа ова.
  12. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    775
    често знам да направам некоја глупост.. оваа не ми е најголема, ама една од тие што не се каам :lol:

    брачедами има една неподнослива свекрва... ја малтретира, зборува лошо за неа итд... еден ден дојдоа дома на гости со брачедами... мајками ми рече да направам бело кафе.. откако го направив, во кафето што беше наменето за свекрвата од брачедами плукнав, го измешав и и го однесав хаха... :D :D
    плус ме пофалии дека многу убаво кафе сум правела... ееее прам прам :lol: :lol:
     
    На Amona, LittlePinky, Cacy и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    хахахахахахаха јас би ја немала таја храброст..алал да ти е хаахахахахахахахах ;)
     
    На Amona и glamour-lady им се допаѓа ова.
  14. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.019
    Допаѓања:
    5.938
    си ги исеков ноктите на рацете со ножичка и потоа кога ги облекував новите дизајнирани хулакопки ги искинав со ноктите -.-
     
    На Amona му/ѝ се допаѓа ова.
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    глупости... има многу случки...

    како мали , се собиравме со маалските деца и се качувавме на гаражите(да собираме тревки) па не можевме да се симнеме :$
    со девојчињата од одделение крадевме ружи, и ги делевме , луге не гледаа, ништо не ни велеа(сега поминувам од таму многу често и кога ке ми текне , срам ми е )
    отидов со другарка, татко и и брат и на прошетка , ама заглавивме во еден спортски центар, и немаше тогаш мобилни, мајка ми не знаеше кај сум(кога дојдов дома , беше тешко мене)
    со другарките како помали глумевме секакви улоги во фустаните на баба ми покојна, па за да не не фати брат ми, бегавме преку прозорец :$
    преку улица живееја едни девојчиња-машкуданки што не можев да ги поднесам, па за малку не се степав со постарата :lol:
    и многу други глупости...
     
  16. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    Јас ,те поддржувам ,спаѓам во листата на палавковци кои им кршеле глави со камен на нивните другарчиња им корнеле коса,им удирале боксови и ги оставале без заби..хахах Јако беше тоа што моите отсекогаш сакаа да имам долга коса а јас уште од мала целата контрадикторна и бунтовник бев невиден :lol: и до инает зошто "средија да го немам едно куче "(кое во случајот ме касна за рака) си ја истрижав косата кај кркмите ,се исплашив кога се видов на огледало што сум направила и пробав да "си ја вметнам" косата повторно назад и баба ми проба да ме погали и во раката и остана купче коса ,ги испалшив луѓето мислеа дека сум фатила косопад ,и кога се разреши ситуацијата мораше да ми се сече целата коса и бев "лустер" цело лето во главата и викав дека сум го имитирала Никола Кљусев затоа сум била таква... хаххаха дури и сега ми е смешно тоа
     
    На Amona му/ѝ се допаѓа ова.
  17. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Баш слатко си се смеев додека ја читав темава и пробував да се сетам на некоја глупост што јас ја имам направено.
    Факт е дека како помала правев повеќе глупости, ама ќе пробам хронолошки да наредам некои од најглупавите работи што ги имам направено.

    Прва глупост, на која се сеќава мајка ми е од ептен рано детство, значи уште ќепец мал, во нокшир сум се празнела. Мајка ми го донела нокширот во собата и го ставила на паркетот, а во меѓувреме зборувала на телефон и ме пратела што правам. И во најмалата секунда кога се свртела, јас од инат(пусто дете, инат на мали години) сум се искакала на тепихот, а после без панталони сум трчала низ стан и сум и се смеела на мајка ми кога го чистела тоа. :D

    Кога бев некое трето-четврто одделение, сум добила креативен напад по часот ликовно каде сме работеле со длето и линолеум. И ни два, ни три, стигање дома, зимање длетето и копање по ѕид. Уште се сеќавам каков шамар ми врза татко ми, додека пробував да му објаснам дека тоа е уметност и дека тогаш сите така правеле.

    Тој период кога одев во продавница, не го зимав кусурот, ситните парички, зошто ме нервираа. И еден ден така,мене ми се пријадоа чоколадни бомбони, и отидов во продавницата кајшто пазаревме. Памтам дека таквите бомбони ги мереа на рефус, и ги ставаа во најлонски ќесиња, секое да тежи одприлика по 500 гр. И јас, така ладнокрвно, си влегов, си отворив едно ќесе, и на сред продвница почнав да ги јадам. Кога ме видоа продавачките спискаа како да правам најголем криминал! А јас, фраерка невидена, идам на каса и и викам на таа: Ова ми следува за ситните парички што ви ги оставам секој ден! 8)

    Со една луда другарка мававме со јајца од прозор. Толку сум била среќна тогаш, што мавав кој стигнам...и по грешка...го мавнав комшијата нејзин кој поминуваше во тој момент. Не поминаа 15 минути и заѕвони некој на вратата. Се скривме под кревет :D

    И доста е ајде од глупостите во младоста. Да ви кажам некоја потазе:
    Има едно девојче што е страшно глупо, ама навистина просто, неинтелигентно, неамбициозно суштество. Тој ден се договоривме да седнеме на кафе, а глупачава (која знае дека не ја мирисам баш) се јавила дека ќе задоцни. И седиме ние така, размуабетени, и не знам акко падна муабет за неа. Јас почнав да си кажувам колку не ми се допаѓа, притоа нагласувајќи дека ако таа го заврши факултетот на време, јас ќе одам да запалам свеќа во црква. Не требаше многу, да сфатам дека другаркиве чудно ме гледаат. Јасно ми беше уште коа им ги видов фаците. Се свртев и го гледам девојчево, со една тупа фаца, што не знаев дали да се смеам или да се извинам.
    И затоа што сум “махер’’ невиден само и кажав: Што да правам, не сум јас крива, кога си глупава?!

    Уште не можам да се помирам како успеав :D Сега се држи на дистанца од мене.
     
    На Amona, AnaKlarc, LittlePinky и 6 други им се допаѓа ова.
  18. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Една глупост од времето кога студирав..
    Имав еден колега бевме како петок и сабота, многу се дружевме, заедно учевме, полагавме еден до друг и си правевме дубари. Еден ден требаше да полагаме еден од потешките испити, ама професорот каснеше едно пола саат, и така чекаме во амф., искачаме пред врата да испушиме по една додека чекаме (во 2003г. беше дозволено пушење цигари на факс), и ми вика-Ај дека немаш г* да влезеш и пред цел амф. да кажеш дека испитот е одложен? И јас сега фраерка, кој бе нема г*, гледај сега, влегувам во амф. тропам по таблата, плескам со рацете и на цел глас- Колеги ќе ве молам за внимание, испитот е одложен и се презакажува за тој и тој ден..И одеднаш овации од една страна од оние кои сакаат одлагање, пи*карање од другите, и потоа две сек.штама..позади мене асистентот, ми се приближува и вика- А вам колешке од каде ви е таа информација, јас не знам, сега ќе дојде професорот, мене не ми кажал дека е одложен...И тука јас теле фаца :wasntme: ...и она невино :sweat: :sweat: :$ ...не не не само се шалевме со колегата...
    Среќа испитот се полагаше писмено инаку :headbang:
     
    На Amona и pink4ever им се допаѓа ова.
  19. elenastoimanova

    elenastoimanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    5
    Глупости има многу ихиииии :D кога имав 5 години се роди мојот брат кога го донеле од болница и по неколку дена мајка ми отиде до пазарот а јас како поголема дадичка останав да го чувам бебето но бидејќи брат ми спиеше а мене ми беше здодевно сум решила да и помогнам на мајка ми и да и ги измијам садовите се разбира резлутатот кој бил (ни едно чинија здрава) мајка ми кога се врати ја фати шок и кога ме праша кој го стори тоа јас со насмевка реков не сум јас бебето стана и се сокрши :D :D

    памтам исто така со мојот кум се санкавме кај нас на улицата и ккао се пуштивме со санката тој изгуби контрола и право во ѕидот од куќата на соседот се разбира и двајцата имавме "рогови" и пукнат нос :D

    Кога бабами земаше пензија секогаш ми даваше по 1000ден. но јас бев итра 1000 ќе и ја дадев на мајка ми и и потоа на секој половина час одев кај баба ми по пари :D таа ќе се налутеше и викаше по мајками и јас ќе престанев.. но кога доаѓаа моите братучедки и бабами извадеше да му даде по 50 ден. Јас почнував да плачам и да викам нив им даваш пари ги сакаш а мене не ми даваш :D :D има уште мноооогууууу глупости ако се сетам ќе напишам пак
     
    На Amona, Arthur и CoCoGiiiRL им се допаѓа ова.
  20. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Уште нешто од факс...Отидовме со колешките во бифе на кафе и цигарче, и кога влеговме...full..нема место кај да седнеме...Во меѓувреме требаше да има резултати од испит...Видовме колеги од наша група и им се приближивме да се поздравиме, ѕирнав дека си го испиле кафенцето и онака си седат абер немаат да станат, а ја ми се чини ќе побацам за кафе :@ ...ги излажав дека проф. истакнал резултати :lol: , за секунда летнаа сите како фурија и ние си седнавме...Никој не ми се налути, сите се смееја, сепак бевме блиски колеги и си се дружевме... :D
     
    На LittlePinky и najubava2010 им се допаѓа ова.