Најголема глупост што сте ја направиле!!

Дискусија во 'Насмевка' започната од Sunshine88, 29 март 2010.

  1. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Кога прочитав Горан Бреговиќ ми текна на една случка од порано. Пред некоја година јас, другарка ми и мојата мала внукичка отидовме во посета на манастирот Јован Бигорски. Фино се прошетавме, внука ми беше многу радосна па фино тргнавме накај комбето за да се вратиме дома. Внука ми по природа е доста комуникативна и темпераментна па веднаш почна муабет со теткиците во комбето. Ја прашуваа каде учи, колку години е, кај живее.. Ја фалеа паметно девочје, ова она... а теткицата Карина горда кажува дека ја научила на ова, на она :$ После едно време и викаат на вкука ми дали знае сега во кој манастир била. Јас бев убедена дека знае, и кажав каде одиме и мислев дека запомти. Затоа и викам, ајде кажи како те учев каде бевме сега.
    Оваа како гром од ведро небо ја тресна, во манастирот Горан Бреговиќ :o :rofl: Леле во земја пропаднав, се убија од смеење сите во комбето :D И упорни ја прашуваат уште 2-3 пати, оваа пак Горан Бреговиќ па Горан Бреговиќ. Теткицата многу ја научила :clap: Како ги помешала бе од Јован Бигорски до Горан Бреговиќ, ехејј магаре е музика. И од тогаш си го викам манастирот Горан Бреговиќ, а пеачот Јован Бигорски.
    Не е убаво вакви шеги да се прави со манастири, ама нема Карина лоши намери :wasntme:
     
    На Amona, Annath, BelaWo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    533
    Ова најверојатно ми беше најголема до сега. Време 01:23. Веќе е недела. Локација: Кафиќ на чалам улица. Случка: Не ја видов скалата пред мене па фино лепо во рок од 2 секунди се најдов на плочките. Бев со штикли. Ме помислија пијана. :$ :envy: Ме кренал другар му на брачед ми, така ми кажаа. Јас ни фала ни ништо. Само штиклата на мене и да ме немат. Е арно ама таму беше и Ристе Тевдоски. За оние кои не знаат, пејачот од Браво Бенд. Пола град ме виде, а смеата со другарките траеше се до понеделникот. :$
     
    На Amona му/ѝ се допаѓа ова.
  3. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Ах, да е само една глупост ама на оваа до ден денес сите ми се смејт!
    Летно време,Миљкович 5годишна оставена сама во стан(мајка ми и татко ми на работа), ме чуваа комшиите од спротивниот стан и ми се здосадило и сум излегла пред згрда(демек ќе си играм). Но, една баба го пуштила прасето да се рашет и таман сум помислила дек си најдов играчка за играње сум почнал да вика "На кути,кути кути ела да те галнам, кутенце ела кај мене" :$ хахахаа до ден денес сите ми се смеат :lol:
     
    На Amona му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Имам сестра вежбаше гимнастика . И љубоморна сакам да направам ѕвезда а она несака да ме учи мала сум била 7 години . Скокај , врти нејќе !!! и ифрит , викам по скали ке си се пуштам ја и како ми се скалите ќе се фрлам и ке се приземам . Акробација у пм. И за помош во раце држев една метла со стап. И кога с фрлив , мајка ми помислила ќе се самоубијам , ја без брига полетав и некаде на 11 скала ..... телешка манџа. за грев карикатура и одма во болница
    :tmi:
     
    На Puffy2019, Amona, LittlePinky и 3 други им се допаѓа ова.
  5. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    некни бев на работа кај дечко ми а требаше да ги уплатам и парите за испитите. и го прашувам каде има банка тука во близина и тој ми кажа кај 13катницата. и јас залетана одам и гледам во 13катницата долу има нешто и правец таму ни читам шо пишува ни ништо си влегов фино лепо ја затворив вратата се вртам и стојам. сликата што ми се појави не беше очекувана. сум влегла во еуролинк осигурување :$ па уште викам .. имате уплатници? :?: и ми вика една типка... не, позади имаш банка таму појди. леее ете ваква бев :@ + закочена до 500 и назад. и фатив си свртив кругче околу 13катница :tmi: и пак не најдов банка и си заминав чаршија си уплатив btw банката била после жито маркетот :$
     
  6. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    хахахахха јас само влагам од глупост во глупост ;)
     
  7. BelaWo

    BelaWo Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    11
    Pa moja glupost bese koga nev mala sakav da przam jajca pa namesto sol staviv seker,ocet i mnogu sejt.Isto taka koga bev mala po sidovite si crtev kuki,cvetovi i razni drugi gluposti :lol:
     
  8. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    Пред можеби 2 години бев сама дома и земав ќе чистам демек. Почнав прво со правосмукалката како што иде по ред, стигнав до мојата соба и си чистам и ми текна дека љубичиците на мама имаат како прашинка горе. Сега да не се мачам да мокрам крпа па да ги бришам и сл. ми дотекна дека можам со правосмукалката да им ја соберам прашината. Пробав прво кај еден лист и додека да ја тргнам, пола лист го снема. Малку испаничив и во тој момент ми дотекна дека цело цвеќе треба да го фрлам и отворив прозорот и цвеќето низ прозор. После тоа мајка ми се чудеше кај и е цвеќето, а јас и велев секој ден нешто различно. Така да подобро е цвеќињата да имаат прашина, отколку да останете без нив. :)
     
    На Philippa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Во моментот ми текнува само на една голема глупост. Јас сум била 5-6 одд. а брат ми е 7 години помал. Се сеќавам дека нашите беа негде излезени. Јас имав многу голем мерак да си „ставам мирис“ како што го викав и дезодорансот и парфемот :lol: :lol:
    Одам во спална а братчето мало како загарче по мене, го земам дезодорансот од мама и прскам ко луда и мајцава целата ми стана мокра, му викам на Миле (брат ми) сакаш да видиш како мириса. Кога го фатив за глава го залепив за мојата мајца и не го пуштам, кога детето почна да плаче се залипна, неможе воздух да земе од што се опил му дошло грдо од алкохолот во дезодорансот. Почна да вика ќе ме каже на тато (му имав преголем страв а и ден денес до негде), па го смирував го молев да не кажува :D
    Ама сега со овој памет кога размислам каква глупост сум направила злоба една :devil:
     
    На AnaKlarc му/ѝ се допаѓа ова.
  10. bad-cat8

    bad-cat8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    78
    Лудории

    Значи вака :D во моментов сум мнпгу хиперактивна и сакам нешто да направа :P некоја глупост секако :P дејокиии помошшш |-) кажете ми што да правам :) или не :) кажете некоја лудорија што се ја направилеее за и јас да си ја направам :D поззз :*
     
  11. pepelashka.20

    pepelashka.20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    18
    Постојано правам глупости ! Последна глупост на која ми текнува е следнава...се враќав од факултет со кола и поминав од кај дуќанот на другар ми да се видиме. Му свирнав да излезе и ме праша што носам позади и јас зачудена се вртам гледам гепекот отворен :D Не сум го затворила убаво и си се отворил на сред возење:D Ми се изнасмеа, среќа некој друг не виде.
     
  12. LuDaChA22

    LuDaChA22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    29
    хаха да е една :lol:
    кога сум била мала, само што сум проодела сум ги кинела цвеќињата на мама :?:
    а лани земав ке чистам со пралосмукалка. немаше никој дома, само ја и сестра ми. и земав ке чистам..арно ама, ми се увртело цревото и ја го кревам цревото и треесс у лустерот :rofl: :sweat: и како гром од ведро небо почнав да плачам на глас. сестра ми ме смируваше а ја како теле-рикам ли рикам! :mm:
    и ке го лепиме..земаваме лепак и го залепивме како така :) важно држеше недела дена.
    после тато ме издаде :Р
     
  13. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Пред некој ден седејки пред ком ми се пријаде нешто благо и отидов до кујната за да си земам нешто и ја начекав теглата со нутела мхмх мераци и реков ај надвор дувка ветре ке излезам на балкун и ке си јадам од нутелата и така одам на балкун го гледам мојот сосед што ми е врсник и седнувам на лулашка имам голема лулашка на балкун од оние како креветче што се и јас си ги испужив нозете а лактата си ги гладов од надворешната страна на оградата за да ја држам лулашката а нутелата пред мене и си јадам така и си правам муабет со соседот кој живеј преку една куќа и по едно време ме здоболе раката така на ограда и тупп теглата кај соседите до мене трассс сред двор цела нутела се распрска,соседот ми се загази од смеа а јас брзо брзо домче си влегов оти теглата тропна многу од 4 метри летна удолу на плочи и знаев дека кај тие што падан ке излезат надовор и ке ме терат да го исчистам двор ама иако избегав мајка ми ме натера да одам да исчистам :rofl: абе ајде чистењето мене жал ми беше за нутелата тогаш ја отворив :lol: :lol: :lol:
     
    На IvAnAb97 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Автобиографија можам да напишам со вакви.
    Ама убедливо нешто најдебилно од мене е кога квачев јајце. :tmi: :D
    Четири-пет години имав ако не се лажам и гледав на ТВ емисија во која покажуваа мали пиленца.
    Јасно, веднаш си помислив колку е тоа лесно и дека и јас ке можам да исквачам едно па после да си чувам пиленце. 8)
    Речено-сторено. Бев сама во дневната. Трк до кујната, земав јајце и го ставив под душекот од фотелјата, за нели, да му биде топло и меко на „пилето“. Потоа излегов да си играм. Вечерта се вратив изморена и се стрчав на фотелјата. Многу јасно, јајцето пукна гласно и станало кајгана, ама јас решив да си молчам, а дома ме караа да не рипам така пошто мислеа дека наводно звукот на пукање дошол од моето колено, па ке сум се скршела, дрн дрн.
    По некое време мама правеше генералка и го тргна душекот...всушност, проба да го тргне. А пустиот беше толку залепен што парче ткаенина остана залепено на долниот дел и од тогаш јајцата се чуваа подалеку од мене. ;(


    Морам и ова да го едитирам:
    Многу сакам домати, и мама земала од некоја пријателка мали доматчиња во саксија за да им се радувам. И јас ја гледав како редовно ги полева. Јасно, морав и јас да ги полеам, да помогнам на мама нели? После иде жената со вода и јас „Неее, јас ги полеав прееска.“
    И таа добро, среќна, браво ово оно. Утредента пак јас полевам. И...домативе се сушат. Мама цела збунета ме прашува со што сум ги полеала, а јас годро изјавив дека сум извршувала мала нужда врз нив.
    Е не, ке носам вода од кујна или купатило! 8)


    Да му се плукнам, уште еден едит:
    Тетин ми си има една келајца од кога го знам. Човекот е Охриѓанец и после плажа отидовме дома кај него на ручек. Јас си играв со пластично гребло, кофичка и лопатка низ дворот и по пат каснував по некое залче.
    Одеднаш...ми светна келајцата на тетин ми. :o
    Си станав ладно. Појдов шпиунски позади него, а човеков си јаде, абер нема.
    Едно кревање на греблото и толку јако го плеснав по главата што му појде до чинија и назад. Човекот само остана здрвен и со 3 црвени линии на главата од греблото. :lol:
    Ама затоа после од мајка ми ја окркав дрвената лажица за готвење. |(
     
    На Puffy2019, Amona, LittlePinky и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.561
    На ова ке се смеам до крај на живот,ова е глупост во буквална смисла на зборот :)
    Имав 12-13 години и бевме со братучетка ми (која е постара од мене 4 год) кај сестра и на гости за летен распуст...и нели,одма си најдовме дечковци :) ...излеговме една вечер со нашите дечковци и моравме да си идеме заедно дома,пошто сестра и ке не убиеше,ама нели јас бев помала,требаше да си идам порано,а братучетка ми да остане со новиот дечко и ми вика влагај на прсти,да не те слушне некој,ке те убијам...и ја идам цап,цап на прсти,се приближувам до вратата и си ја пуштам раката да упалам светло надвор (мртва темница,2 саат навечер) и тап - ЅВОНЧЕТО! И тоа убаво го притиснав и за секунда цела кука на нозе,сите на врата-што е како е...ај некако ги извртев работите и се јавив на братучетка ми да си доага одма,ама ке ме убиеше :D
     
  16. RoseMarie

    RoseMarie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    18
    Е баш се убаво изнасмејав од сите ваши интересни случки.
    ЈАс немам баш интересни случки или глупости ..но еве ке одвојам неколку

    Јас и братучедка ми живееме во иста куќа.И еден ден кога бевме мали можеби 7-8 години и ке правиме сосови кај неа.Земаме пластичен сад и ставаме земја, трице, брашно, во малитие како јајциња ставивме оцет и зејтин абе се се испомеша.И отидовме кај неа на балконот 2ри спрат и ни беше досадно и си велиме ај да го расипеме.И ние од 2ор спрат право во нејзиниот двор за малку на главата на татко и а тој само погледна нагоре а ние му се насмеавме.
    *************************************************************************

    Беше дождлив ден а јас и братучедка ми се залетовме кај другарка ми и одиме така и одеднаш братучедка ми кога рече:Ми замрзнаа бутчињата пукнав од смеа.Подоцна кога братучедка ми си отиде јас поседив уште малкукај другарка ми па си појдов кај ујко ми бидејки мајка ми била таму и си одам јас и башдојдов кај вујко ми ми текна дека чадобранот ми е кај другарка ми.И јас паметна :) ке го земам на братучед ми велосипед побрг да стигнам и да си го земам а тој мал..но јас упорна и седнав до него и по пат докај другарка ми едно 2втораче ме прашува на кого е тој велосипед.потонав од срам.А јас да се извлечам велам му го носам на братучед ми .А тие љубопитни ме прашуваат уште каде и живее братучед ми ...абе пукнав од срам..:)))
     
  17. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Бањај се во базен со алишта, прскај се, мавај од тераса со земја, вода со што ќе стигнеш по луѓе, зафркавај луѓе по телефон, земи ментос бонбони и ставај во кока-кола (ама немој НИКАКО да ги мешаш во организам), ѕвони кај луѓе по врата.Е друго не ми тенува :D .
     
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    У автобус на шоферот место слободната да му ја покажам виното му го подадов :rofl:
     
    На Amona и Annath им се допаѓа ова.
  19. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Колку и да посакувам глупост со ваква тежина да оправдам со години, не можам. Имав 18 тогаш.

    Со мешано друштво таа вечер одевме од еден во друг кафич, каде има подобра атмосфера нели, и после скоро време и не гледавме кој што/колку испил ни дали сме мешале алкохол. И така ме фаќа стандардната моч криза, одам до вц-то и таму 20 болни фаци се грчат, кој од кој повеќе му се оди. Онака, гламна пијан носам брз заклучок дека тука нема леб и да наоѓам алтернативни решенија оти не се издржуваше веќе...И така фино лепо, свесен што правам, но очигледно со исклучен дел од мозокот што пресметува потенцијални последици во случај да ме фатат...излегов од кафичот, влегувам во најблискиот двор во кој се беше осветлено и на луѓето им се измочав врз предната врата. :clap: :clap: ЕлеМентал , :tmi:

    Само слушнав еден од френдовите како ми се дере од пред портата на дворот, ме вика, ама не се сеќавам што точно кажа. Епа на здравје пијанство
     
    На Amona и Dulceee им се допаѓа ова.
  20. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    637
    во 5-то одд. на оделенски час не можев да додржам и само кога писнав наставничке мозе ли во ве-це ве моламммммммм и сите кога почнаа да се трескаат од земја.... :tmi:
     
    На Amona му/ѝ се допаѓа ова.