1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најголема глупост што сте ја направиле!!

Дискусија во 'Насмевка' започната од Sunshine88, 29 март 2010.

  1. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.536
    Допаѓања:
    7.799
    Пол:
    Женски
    хаха :D се изнасмеав на постовиве. инаку како помали обожававме цело друштво навечер да одиме по куќи и да им звониме на ѕвончињата во ниедно време. и ај се решавеме јас и братуцед ми да одиме до кај комшиите и да им заѕвониме пошо они живеат на горниот спрат дур се симнат ке имаме време да се сокриеме и да им гледаме реакција. влегуваме во дворот и немаше запалено светло никаде мислевме најверојатно спијат, и јас смотаната место на ѕвончето јас на сијалицата и тап се пали светлото арно ама од др страна на куќата да ти биде тој дедото да седи под тарасата во темница и ние такви се летнавме да бегаме а овој почна да се дере кој е тоа коа се растрчавме јас на едната страна брадтучед ми на другата страна овој греота незнаеше по кој да оди.
    а се секавам еднаш дојдоа моите од град и купиле корнез или како се вика тоа на кое стои завесата и јас земање да го внесам во дневна и право во лустерот го искршив цел добро е што не ми падна на глава некое стакло

    исто се секавам за мојот роденден моите само што ми ја донесоа тортата а за некој саат требаше да ми дојдат другарчиња и ја таква целата среќна јас ке ја носам тортата и сеа пошо зима вратат беше затворена во дневна а јас паметната се сама можем како што ја држам тортата се обидувам со лактот да ја отворам вратата и коа ми се преврте цела торта на земја ама баш онака на опаку ми падна и остана само пандишпанот шлагот беше цел на тепих
     
  2. Hell0.kitty

    Hell0.kitty Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    40
    Еднашс о една другарка близу маалото имаме градинка и имасе 6 мали кученцаааааа... без мајка слепи :( и си викаме ние ај ке им дадеме од шприц со млеко додека да подпораснат и отидовме до кај мене дома и одиме со шприцов кај кучињава во градинката и им дадовме шо им дадовме млекце и коа си одиме од градинката и пред да испаднеме го скривме шприцот џомити нема никој да го види и коа за беља не видоа едни деца и само шо се одалецивме отиоа на тоа место и го видоа шприцот....... ваљда помислија оти сме дрогаши ц ц ц ц
     
    На Ludaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. stefiiiii

    stefiiiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Епа вакаа...на некои 2-3 години , сум ја дочекала мајка ми фино лепо од работа, и нели јас фина домаќинка,сум и рекла седни си ти,јас ќе сварам да пиеме кафе ..она ме погледнала нешо као :worried: ама вика ај меракот да ми го направи :) и јас ни две ни три,сум гледала сите брцаат у штекер,зошто да останам покуса :D сум си се качила на столче сум си земала една шпенагла од завесата ( таква ми е со некој дел да се закачи ) и бааам директно во штекер...сум летнала директива кај нејзе во скут ( а може има едно 3 метри од штекерот до неа ) :) и дека уште мало, не сум знаела да и објаснам зошто пиштам како теле некое, сум земала и пак се од почеток, ама сега ме спречила пред да летнам пак :D :D :D хахахахахха е тоа ти е... колку само се смеам на ова :D
     
    На Amona и AnaKlarc им се допаѓа ова.
  4. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Оваа случка морам да ја кажам.

    Татко ми ми рече, ај направи ми сок со растворање те молам. И јас си го зедов сокот, имаше шише од вода тука оставено на работната маса (а тоа не да ти било вода, ракија) и воопшто не приметив, так сокот, так ракијата, ни ми смириса на ракија ни ништо, му го носам на татко ми. Кога тој вака.. Замислете, боровинка сок помешан со ракија... :puke: Не бе, не ми бил забеган мозокот никаде.. :^)
     
    На Amona му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RedHeart

    RedHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    47
    Јас кога бев мала бев многу лоша. Кога татко ми и мајка ми одеа во чаршија јас сакав сама да седам дома. Тие еднаш ме оставија бидејќи јас толку силно плачев и тие неможеа да ме смират. Тие кога се вратија куќата беше свртена наопаку. Насекаде беше хаос. :rofl: :rofl: Креветите беа разместени, Чашите што можев да ги дофатам беа искршени, аљиштата испревртени и потопени во полната када со вода а јас бев со крваво колено бидејќи паднав од стол и лежев на под. Мајка ми и татко ми се исплашја но само малку ми викнаа(моја среќа :rofl: ).
     
  6. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Не е некоја голема глупост ама ми се изнасмеаја еден куп луѓе :D
    Пред некое лето работев во друга држава и така еден ден изморена после работа влегувам во трамвај и немаше место да седнам и си се фатив за таа цефката и си стојам. Гледам лево-десно околу мене постари луѓе се погодија и нешто ми се смејат и се чудам некое време, не ми е јасно што е... кога по некое време гледам јас наместо за цевката од трамвајот сум се фатила за некоја таква слична цевка од еден од луѓето до мене :tmi: :D Човекот си ја носел со него, си ја купил ваљда за нешто :D
    Се извинив фино лепо и си се префатив кај што треба така засрамена :$
    Цел пат до дома устата сама ми се смееше од тоа, сигурно и за тоа ми се чуделе други луѓе, се прашувале на какви апчиња сум, сама си се смеам ко чукната :$
     
    На Amona и Annath им се допаѓа ова.
  7. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Хахах на баба ми сум и искршила 2 табли јајца која ги купила за фарбање за велигден сум ги скршила сите до едно од ѕид.... :D

    Брат ми беше некаде оклу 3 месеци а јас 5 год. Мајка ми го остави и отиде до продавница а јас паметната поголема дадичка ќе го ранам банана... Мајка ми ќе ме убиеше :D
     
  8. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    јас па еднаш кога бев мала играв со моите барбики и еден ден сакав да им направам убава фризура и почнав да ги шишам кога дојде макка ми од работа кога виде влакна расфрлани јас си го добив ќотекот ;( ;( ;(
     
  9. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Еден ден јас бев 2 смена во училиште и кога јадев,пиев и се глупирав се оставив расфрлано мајка ми кога ме начека дома за малце ке ме отепаше ама како мајка а јас како дете си ја заслужив казната а тоа беше се да исцистам и соберам што сум расфрлила.Тоа беше нај лошиот ден во животот господе боже!
     
  10. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Еден ден јас со моето семејство отидов кај дедо ми.Таму бевме многу долгу па на мене и на сестра ми ни се здосади.Кога ги погледнавме црвените ружи решивме да ги излажеме дека сме паднале.Кога скинавме 2 листа од ружите ги залепивме се салотејп на моето колено,а ружите беа толко црвени шпто стварно беа ко крв.Па кога отидовме кога ме виде мајка ми како плачам(божемски)толку многу се исплаши што сакаше да ми ја избрише крвта ама кога виде дека не се брише виде дека тоа било само лист од ружа и не испокара зошто сме кинеле листови баш од црвените ружи а јас и сестра ми ни криви ни должни бевме казнети ама како и да е баш е зверско нели!!!!! :devil: 8) :D :rofl:
     
  11. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Еден ден јас бев сама дома и играјки си домаќинка случајно и ја скршив најубавата вазна што многу ја сакаше мајка ми ама ете бидна јас кога пристигнаа мајка ми и татко ми од работа јас им се сокрив позади креветот и мајка ми кога виде што да види и се скршила најубавата вазна и толку многу се изнервира и толку многу ме бараа во мојата детска што додека тие беа свртени позади јас многу тивко излегов од дома и цел ден ме немаше,а до следниот ден мајка ми сосема заборави за вазната хахахаха суперска сум нели!!!! :rofl: :D ;) :tmi: :devil: :* |-)
     
  12. L0ve

    L0ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    199
    си ја сушев косата со фенот и се загледав, се замислив негде и оп- ми се фати косата во фенот :lol: :lol: тргај влечи никако неможев да ја извадам... а сама бев дома и брзав за на школо.
    и ништо, на крајот морав да си сечам парче од косата :rofl: не се познаваше многу, за среќа
     
  13. trendafil1

    trendafil1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    20
    Вакаа.. бев дома сама и ми се јадеа пуканки, научив од мајка ми како се прави па решив сама да испробам, го земав тенџерето и во него ставив зејтин и сол, кога се загреа ринглата ги ставив и пуканките и го ставив капакот на тенџерето и отидов до телевизорот.Се заглеав во АНГЕЛИ, хит беше серијата тогаш и заборавив на пуканикит. Така додека глеав смешни карикатури на екранот слушнав како од кујната паѓа нешто, отидов во кујната и што да видам, капакот на земја паднат а пуканки летаат низ цела кујна. Ме фати паника ама добро е ми текна дека треба да го изгасам шпоретот, го изгасив земав две крпи и ги ставив на двете раце го земав тенџерето и јас глупава го ставив право на плочата од кујната и ја викнав баба ми која живее под мене. Кога виде на жената и се сврте во паметот ама добро и помина тоа беше моментален шок, почнавме да ги собираме пуканките ама ни на мене ни на нејзе не и текна дека тенџерето стои над плочата. Ги собравме пуканките кои беа полу кафени и тогаш баба ми го дигна тенџерето и на местото каде што седело плочата цела изгорела и се излупила е тек тогаш не знаев што да правам и се симнав доле да ја чекам мајка ми. Кога дојде се качи горе и почна да вика жената. Се симна доле и почна да ми вика ама дедо ми ме бранеше и од тогаш многу пазам што правам , а инаку ако ве интересира за изгорената плоча, епа местот е покриено со едно алумински подметач!
     
  14. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    трендафил1 и мама исто така се има заборавено и го има оставено жешкото тавче врз капакот на шпоретот...леле коа почна да смрди цела куќа замаглена мама почна да се дере самата си викаше мислам дека и идеше да заплаче оти шпоретот беше нов...и ај од продавницата од каде што го купивме ни дадоа нов капак...па отидете прашајте ако имаат да ви дадат.

    Инаку најголема глупост што сум ја направила (незнам дали е најголема ама во моментов само на таа ми текнува)

    Како помала едно дете стоеше на местото каде што сакав да фрлам со камења...и јас убаво му кажав тргни се одтаму сакам да мавам со камења...и детево почна инает да ми води и го фанав најголемиот камен и коа го акнав му ја дупнав главата...епа не сум јас крива,он е :lol:
     
    На L0ve му/ѝ се допаѓа ова.
  15. trendafil1

    trendafil1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    20
    Не беше тоа на шпоретот туку на плочата од кујана каде што се готви ама нема врск апорано беше тоа пред неколку години...Инаку хахаха со твојава случка ти се вика 'снаџи се па живи' !
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  16. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Една ноќ како што спиев се разбудив и видов на масичката разџвакана мастика и несвесно сум ја ставила во уста. Наутро станувам и се чудам од каде во мене мастика. И’ кажувам на сестра ми, а таа ми вели па моја е, јас пред спиење ја ставив на масата. :puke:
    Ми се згади.
     
  17. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Па вака, бидејќи ми е срам мојата глупост да ја споделам со некој што ме знае можам тука слободно да си се олеснам каква плавуша излегов.

    Пред некој ден отидов на депилација да си ја улепшам пријателкава,нали 8) за да не добие уплав либето, па пред да започне мисијата за разубавување морав на кратко да го посетам тоалетот.Зорт, што да правам, преладена ... и така набрзинка ја оставив ташната надвор и си ги заборавив влажните марамици.

    И кога гледам на казанчето оставени марамици и си викам еве со овие ќе си се послужам место да одам да си ги земам моите. Си ја завршив и таа работа, и не знам што ме натера отпосле да прочитам што марамици беа.

    Кога читам :geek: : Gloss влажни марамчиња за одржување на хигиена за валкани површини во вашиот дом (така нешто). :o :fubar: :o :fubar:

    Браво Мини плавушо една!!! :clap:

    Понатака веќе не е ни битно што направив... :drunk:
    А и после мене една девојка влезе и не знам зошто но нејзе ја предупредија да не ги користи влажните марамици поради тоа и тоа ... :devil: битно јас го јадев.
    Заклучок: Секогаш користете си ги ВАШИТЕ влажни марамици! :!:
     
    На BurstBerry му/ѝ се допаѓа ова.
  18. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    Баба ми прави многу убави обланди.
    [​IMG]
    И ја намолив јас да и помагам, купено се' само да почнеме. И требало прво бисквитите да се смелат, имаме машинка на струја за мелење на струја и викам „Бабо седни си ја ќе ги смелам“ и ги ставив бисквитите ставив капакот(не убаво затворен) и пуштам да се мелат. И оддеднаш рипа капакот и летаат бисквити на сите страни. Мене не ми текнува да го исклучам туку се смеам, а баба рипна да го гаси, мислам дека притискот и се качи. После јас собирав бисквити, а баба правеше.

    Секогаш проверувајте дали нешто ви е секогаш добро затворено. :)
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  19. simona997

    simona997 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    А мене ми текнува како помали (5 години) со моите сестри (поголеми од мене) игравме "Скриена Камера" со луѓето.Од татко ми мантилот ќе го ставевме (тој сега ми е голем а на 5 годишна воздраст замислете) и под него скриено полно со вода од тие знаете што се политура , за стакло бришење и ќе поминевме покрај некој човек од позади и ке испрскавме со водата и ке речевме : "Апчиха!" и тие чудно не гледаа и тогаш ќе речевме : "Скриена Камераа .. Ајде мафни и на камерата" и ќе покажевме негде кај ќе ни текне и тие како будали ќе се насмееја и ке мафнеа .. :D :D Абе Будалии ... Ние имавме во дворот кајсија и ќе се качевме на кајсијата и ќе им зборувавме на луѓето и тие се чудеа кој им зборува и ќе почневме да се смееме како некои будали :D :D .. Секогаш кога мајка ми ќе си дојдеше од работа секогаш бевме под кревет скриени со јакните бевме да не не познае дека сме дома .. или ќе скокневме од џамот од спалната за да не виде дека сме дома .. :D или ќе и напишевме писмо (и јас не знам како го читаше) дека не сме дома и ќе се скриевме :D :D А да и еднаш сакав на мајка ми да и го испеглам новиот костим што беше си го купила и ја оствив пеглата на средина и и направив цела пегла :D :D Абее деца и се е можно !!
     
  20. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Го `испуштив` кога не требаше :D :D :D