Го читам ова и ми текна на слична случка во овие ситни часови, па почнав да се смеам како нездрава. Туку, зборот ми беше, правевме крофни, и ја мелев шеќер. Предпоставувате што се случи, ПУФ! Ма тоа лепота, аристократска белина, џоа Снежана бев, само со побелена коса од нервоза. Мислам оние што се мачкаат со паштета по фацата ми завидуваа бе еј! Крофните шо ги јадев не ми беа раВни.
Па срцка не си видела маало кај што има измешано и куќи и згради ??????? И што имаат сливите баш ме интересира ??? Се извинувам за офтопик морав
Добро сега зависит кој како си милува да ги речи јас од кај што сум велиме дека во сливите има коски а некои пак велат семки како и да е
Еден убав сончев ден.. Отидов кај баба ми. Со мене ја понесов целата кутија со разноразните салвети, кои во тоа време беа моето богатство. Баба ми имаше нешто работа. Мене ми беше досадно. Ги исправ сите салвети. Ги ставив да се сушат. Т.е - она што остана од нив. Плачев. Откако сфатив. Што направив. own:
еден ден доцнев на автобуска и морав да трчам по автобусот,среќа шоферот ме виде па беше љубезен да застане,а јас цела задишана влегувам,се заблагодарив и замислете што прашав:Кога ќе тргнеме?
Го извалкав чипичанот кој во тоа време ми беше омилена играшка и потоа отидов надвор и го миев.Кога видов дека не работи почнав да плачам и ми доагаш да се репкам од земја Многу мала бев и не размислував што може да му се случи на чипичанот ако го наполнам со вода. А пред некој месец со мајка ми цедевме сок од вишни и ѕвона телефонот и мајка ми откако заврши со разговорот ми го подаде мобилниот преку тенџерето и телефонот падна во сокот и јас само го црпнав телефонот и се стрчав на кај чешмата да го мијам Среќа на време се свестив во тој момент кога бев избезумена И за чудо телефонот работи како што треба
Врвот на моите глупости: Кога се опијанив на свадба на братучедка ми, пред цела фамилија, мислам нели, СВАДБА БЕШЕ! Труп,труп, до инфузија стигнав, заминав 4-5 саати порано т.е. не заминав, ме однесоа. А, је*ига, што да речам друго. Талент.
Леле,стално ми стои уклучена феминава на лаптоп(не се одјавувам) па сестра ми го земала и пишала мислење на темава иначе она е 3 години помала од мене па некоја глупост тропнала на претходната страна се извинувам стварно незнам како да го избришам! Иначе најголемата глупост што сум ја направила е кога на една моја другарка што многу ме нервираше на новата нејзина светло сина јакна и истурив вива сок од боровинка! Додека бевме на физичко ја сришно влегов и и ја истурив и онака баш го наместив сокот да изгледа демек сам се истурил А врвот беше што после часови требаше да излезе со еден дечко
е не ја направив јас ама мн ми е смешна и морам да ја споделам Трета година средно имаме час по хемија и поправаат оние кои на тестот добиле 1. еден од нив појма нема што да пишува и зјапа во таванот а професоркава упорно гледа како може детево од таван да и препишува абе се згазивме од смеење а згора на тоа овие од клас ја буцкаат као демек еј професорке препишува од таванот, а оваа зјапа ли не зјапа да види што препишува. По некое време исто имаме хемија кај истата професорка и додека ни пишува женава на табла, некој од класот (девојче ) почна да си пее. и еве ја женава изнервирана се врти и прашува КОЈ ПЕЕ?? и некој се избацува од класов и и вика Елена Ристеска и пази сеа со цел памет професоркава се дере ЕЛЕНА!!! АЈДЕ НА ТАБЛА абе цел клас се најде на под за секунда. И друга случка, македонски имавме помлада професорка и многу се занасаше со машкиве од наш клас се лигавеше по нив мислиш тинејџерка е не професорка, и машкиве се договараат ке ја зезаат. и вика едниот професорке прашајте го ХХХ како свири татко му на клавир. И професоркава ООО ХХХ па татко ти свири клавир? ХХХ- цел таков скиснат со натажен глас и вика што ме зезате професорке па татко ми нема прсти и падна незгодно на професоркава и коа почна да го гушка и да го теши му вика леле извини не знаев ова она а ние цел глас се газиме од смеење, и ај ја оставивме така 5 мин да му се извинува и на крај и кажевме дека ја зезаме
Јас и братучетка ми еден ден како мали ке вариме јајца и ги заборавивме кога се вративме во теонџерето немаше ниедно јајце сите беа залепени на таван. Беа летнати 3
Хахаха...Ме потсети на нешто ова.. 7-мо одд мислам дека бев и нон стоп јадев само КитКет бело чоколатце... И имаше една што мн се филмаше и јас тоа паковањето, (нели кога скроз ќе го отпуштиш без кинење уште е лепливо) и го ставив на столот и откако стана го имаше на газот а не примети... И така се изнапрошета и сите и се смееа а дури и имаше машки кои се дрзнаа да ја фатат за гз, а таа не знаеше што е фрката... На крај завршив кј раководителот на смена
Глупости има многу еве некои од мене: - Во маало имаше едно дете ама постојано ме задеваше и ја секогаш за да го уплашам ќе земев камен и ќе му речев "Сакаш да те удрам" и оно бегаше и еден ден иста ситуација ме задева и јас еден поголем камен земав и му викам "Сакаш да те удрам" а он на тоа "немаш срце" и ја ни две ни три каменот и у глава го погодив денес има белег... баш вчера го гледавме се смееме... иначе сеа сме добро другари... -Еден комшија имаше голем тревник и секогаш кога ќе уклучеше распрскивачите ние на купаќи на улица и журкааааааааа се бањавме - Има едно девојче од маало кое се плаши од духови од такви работи и ние секоја вечер на улицата до 10-11 саатот седевме и со ласер светевме во напустената куќа и викавме бегајте иде дух бегајте и девојчево ќе зема да се плаче а ние се смеевме ко ненормални Има уште мнооогу ако се сетам уште нешто ќе допишам...
во принцип ретко правам глупости ама коа ке направам нешо направено е. Пред некое време не даругарка ми и викам ај со мене до вц да јадам. мислев ај до вц па ке идеме да јадеме али сум го испуштила тоа и, и ете шо излезе битно тие шо ме слушнаа се изгазија од смеење
Предходниот викенд. Бев кај баба ми, и таа си имала некоја манџичка направено и јас несакајки сум си прифатила некоја миризба И дечко ми на сред вечер во кафик ме мириснува во косата и ми вели: -Ми мирисаш на зелка И мене ми текна зошто е тоа така, и му викам ај дојди во веце малку со мене. А тој целиот срекен демек ке правиме нешто во вецето. И така отидовме во вецето и пази сега, му велам Земи го тој освежувачот за просторија и прсни ми во косата. И тој ми прсна, и цела вечер косата ми мирисаше убаво Вечер пак ке си прснам џст кидинг Освежувачот беше ваков ако е некој заинтерисиран. Се извлеков од оваа ситуација Лајк а Бос.
Moментално ми текнува на две.Првата не е нешто посебно,ама затоа на втората до ден денес се смеам . Првата: Бев 5то или 6то одд.мислам дека,и еден ден завршувам со бањање и по обичај секогаш после бањање го мијам лицето,со лосион за акни,или незнам некои чуда.И таква сум се загледала во огледало,незнам некои филмови,фацки си правам цела занесена,и си земам памукче и ставам НЕШТО(што ја мислев дека е лосионот за акни ) и почнувам да мачкам почнувајќи од брадата и бидејќи не гледав што ставив..одеднаш осеќам како почнува кожата да ми се суши и стега и само што сакав да го видам памукчето,кога ме удри една ареа на АЦЕТОН..лелеј Мислам дека цел ден си миев лице од што се исплашив да не ми деси нешто Втората: Исто помалечка.. Беше голем државен празник,дали Велигден..појма немам важно беше голем празник и знам шетавме низ црква со свеќи у рака.И јас со моите бев,сестра ми одеше пред мене,а мајка ми позади мене,тато тука негде.. И ја таква како што сум љубопитна и се сакам да гледам што се случува околу,и свртена накај попот таму што пееше,и раздаваше нешто знам,го гледам него,гледам околу икони незнам свашта..а важно си терам напред ја ко мува без глава ..и одеднаш се вртам,и што да видам Косава на сестра ми ГОРИ! (од толку што сум пазела со мојата свеќа) х) Буквално гори,значи и цуреше хахаха,и мене готово паника ме фати,сеа ако и кажам ќе почне да пишти цела црква у вис ќе ја крене..посебно како што беше малечка. И кажав на мајка ми ,и она како што тргнав накај сестра ми и одма узбуни тука,викања,сестра ми толку и требаше и цела црква у вис ојде ајде одлично... Јас готово..само што не избегав Среќа ништо страшно не и беше на сестра ми,се изгаси огнот на време ахахаххах xD
врв беше кога си ја фрлив книгата во канта за губре наместо цигарето ...ццц мајками ми се дереше, а јас морав да ја извадам и да ја забришам од отпадот налепен со по некое јајце, супа манџа аууЧЧЧЧЧЧЧ