Најголема грешка

Дискусија во 'Психологија' започната од anamarija65, 2 октомври 2015.

  1. anamarija65

    anamarija65 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2015
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Која е вашата најголема грешка во животот и дали сеуште се каете за стореното?
    Барав во темите дали има ваква или слична но не најдов па затоа ја направив:lol:
     
  2. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.579
    Допаѓања:
    4.013
    Пол:
    Женски
    Како грешки ги гледаме одлуките кои не повеле по потесен пат :) тоа е дел од растењето на човекот.По некое време се смееме на тие "грешки" за каење, така што не, не постојат грешки се е дел од поголема слика :hai:
     
  3. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    2.066
    Допаѓања:
    7.784
    Пол:
    Женски
    И јас имам доста грешки и уште многу има да правам, но не би менувала ниту една бидејќи сите тие ми помогнаа да се изградам во личноста што сум сега. Секако дека се каам за некои работи, но штознам, ако би било на друг начин којзнае на каков пат би била сега.

    Најголемата грешка би кажала дека ми беше начинот на однесување спрема една личност.
     
    На ku4ence, CameliaMiller, angelche16 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. anamarija65

    anamarija65 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2015
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Така е.. Грешките секогаш ја градат личноста. Секоја грешка си има своја лекција. Како што велат сите, од нив учиме.
    Се согласовам со тебе @Srckata28 :)
    И јас исто така мислам дека мојата најголема грешка е однесување спрема една личност од семејството која денеска не е тука со нас..
    Баба ми.. е со неа никогаш во животот не се согласував, многу се каам за тоа.
    Секогаш кога бев лошо расположена или таа ќе ме изнервираше нешто секогаш викав по неа се понашав агресивно некогаш кога ќе ме удреше таа пример јас намерно и враќав дупло. Беше болна прво од рак потоа фала богу го преброди тоа.. По 2 години ако не и 3, не знам точно.. таа пак се разболе не знам баш оваа болест каква.. престанаа да и функционираат рацете нозете, 24/7 збореше се додека не и се засушиа устата изгледа и потоа не проговори ни збор. Точно 3/4 месеци беше таква. Кога и се засушиа устата падна во кома 2 дена мислам дека беше во кома.. И точно на Велигден таа почина;(:sweat: :(Еве утре ќе и ставаме пола година. Со солзи во очите го пишувам оваа. Многу ја сакав и сеуште ја сакам. Никогаш не помислив дека веќе нема да ја видам повеќе. Не чувствувам ужасно. Ве молам никогаш немојте лошо да се однесувате со најблиските и најсаканите. Немојте ни да се одалечувате. Само почитувајте се и сакајте се. Бидејќи вреди, навистина вреди. Кога личноста веќе ќе ја нема ке ја барате назад, барем на 5 минути да ја видите ако не повеќе... ама нема да можете ..
     
    Последна измена: 2 октомври 2015
    На angelche16, okcenzi и ***nekoja*** им се допаѓа ова.
  5. ***nekoja***

    ***nekoja*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2015
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    да од грешките стануваме посилни има една поговорка ''ТОА ШТО НЕ ТЕ УБИЕ ТЕ ПРАВЕ ПОСИЛЕН''моја најголема грешка е што на дечко ми (бившиот) му верував повеке од колкуна своите две очи....:(
     
    На CameliaMiller, angelche16, deskarada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.201
    имам една поголема грешка што не требаше никогаш да се случи но ете можеби требло , ми ја мати сегашноста се труддам колку што можам да не ми пречи во функционирањето но ете таков карактер сум и сега веќе се плашам да направам грешка ....ми се смачи да мислам зошто и зошто така било ....
     
    На ku4ence, angelche16, fallenangel и 5 други им се допаѓа ова.
  7. anamarija65

    anamarija65 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2015
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Љубопитна сум за каква грешка станува @presiosaP .. ако може да ни кажеш :)
     
  8. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.201
    па не можам да изнесам дел од мојот приватен живот тоа го знам само јас и мојата најдобра друграка....:)
     
  9. anamarija65

    anamarija65 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2015
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Па добро но сепак овој форум е анонимен и оваа тема е наменета за да зборуваме за своите најголеми грешки :) @presiosaP
     
    На ***nekoja*** и elen4e22 им се допаѓа ова.
  10. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.201
    па да форум е ама не и до толку да изнесам нешто што не сакам ни да се секавам ....како и да е ...:) поздравче
     
    На kjukli, vitamina и anamarija65 им се допаѓа ова.
  11. anamarija65

    anamarija65 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2015
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Нормално.. твое право, те подржувам @presiosaP :) Јас богами само тука можам да се искажам, да си кажам се што ми лежи на душичката.. Ниту на сестра ми поголема, ниту на најдобра другарка, ниту на родителите не можам да се искажам како тука што можам.. Ваљда дека овој форум е анонимен и слободно се чувстувам. А имам многу работи за кои од секогаш сум сакала да се искажам..
     
    На kjukli, angelche16, deskarada и 5 други им се допаѓа ова.
  12. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.201
    во границите на нормалата да кажеш др не..чувај за себе ...ако е анонимен ...можеби ке додјеш во ситуација да запознаеш некој од овде па пто мора да знае за тебе ..ама тоа е индивдуално секој за себе како сака:hug:
     
    На anamarija65 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.514
    Моја најголема грешка е што не помогнв на една личност која денес не е со нас. Не дека не можев, но тогаш избрав некој друг да биде поважен. Не знаев како ке заврши, не ни претпоставував, но многу многу се каам.
    Втора грешка ми е што не прифатив едно работно место, со одлични услови, зошто ја одбрав мрзата и оправдувањето дека сум млада и има време за криера. Повеке ги сакав нокните пијанства и скитања и дневните преспивања. Но денес сигурно ке бев шеф на производство, ке ја шетав Европа и ке заработував 3-4 пати повеке.
    Трета грешка ми е што не ја поддржав другарка ми за разводот, но тогаш не ги гледав бракот, семејството и среката на начин на кој денес ги гледам. А не беше одамна,туку пред само 5 години.
     
    На buba4e89, ku4ence, CameliaMiller и 9 други им се допаѓа ова.
  14. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.821
    Допаѓања:
    195.072
    Пол:
    Женски
    Мојата грешка е што бев премногу чуствителна личност, личност која премногу љубеше се и сешто и се приврзуваше кон истото.
    Од мојава чуствителност страдав премногу лично јас, и се повредував психички со борба против мојата најсилна емоција.
    Баш ради мојава грешка уништив многу мои сонови и капацитети, желби и подобра иднина.

    Сите ние грешиме и учиме од своите грешки, благодарение на нив само повеќе созреваме и стануваме посилни и имуни на своите чуства.

    Сум грешела многупати.. како и секој жив човек, и знам дека сеуште ќе грешам. Човекот учи се дур е жив, но најважната работа од сето тоа е сите ние да се потрудиме да извлечеме некоја поука и памет за во сопствената иднина.

    Благодарение на сето тоа.. денес сум само личност со многу поцврст карактер и став, чуства, осет и обзирност кон било што.
     
    На ku4ence, cresa-jagoda, Anabelle.Amorette и 9 други им се допаѓа ова.
  15. deskarada

    deskarada Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    982
    Допаѓања:
    15.452
    Тоа што бев наивна и толку многу му верував и дозволив да ме повреди толку многу, се упропастив психички, се разочарав многу, што немав желба за ништо, се борев против самата себе.
    Ама благодарение на него ми ги отвори очите, ме направи посилна, живеев во сон, но сега живеам во реалност.
     
    На JustFun, ***nekoja***, paloma111 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.092
    Допаѓања:
    16.130
    Имам многу грешки направено и тешко ми е да си простам на самата себе и да го кажам на глас тоа што најмногу погрешив.
    Згрешив за одредени зборови што ги изгорив иако не ги мислев затоа што бев повредена, затоа што ме болеше душата и срцето.
    Згрешив затоа што верував во другарство, љубов .
    Згрешив што упорно простував на личности кои ме повредиле затоа што ги сакав во животот иако тие мене никогаш не ме прифатиле туку само гледале играчка во мене.
    Згрешив затоа што се трудев погрешни луѓе да задржам иако јасно ми ставиле до знаење дека не сакаат да бидам дел од нивниот живот.
    Згрешив што верував во одредени личности дека нема да ме повредат.
    Згрешив кога сум си ја погазувала гордоста само да направам обид да бидам среќна со него.
    Најмногу си згрешив на самата себе, си бев најголем непријател кога навистина ми требаше сила јас се уништував повеќе. За секоја грешка што ја правев се казнував себе си затоа што се сметам за лоша личност која можеби и навистина не заслужува да биде среќна.
    Грешки се правеле и ќе се прават. Во ред е да се научи поука но некогаш грешките не чинат добар дел од животот, младоста тоа се , лузни белези кои остануваат на срцето и душата вечно да потсеќаат на болката, загубата, неправдата што сте ја направиле на некого или на себе си.
     
    На paloma111 и vitamina им се допаѓа ова.
  17. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.662
    Допаѓања:
    7.601
    Пол:
    Женски
    Најголема грешка ми е тоа што верував во искреното другарство и давав секому втора шанса со цел дека ќе порасне, ќе созрее и ќе сфати дека таквиот однос не чини.

    Порано бев ептен чуствителна и за секоја глупост рикав ко магарица. Среќа веќе не сум таква. :D
     
    На Anabelle.Amorette, Jenniffer, angelche16 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    1.846
    Допаѓања:
    7.593
    Пол:
    Женски
    Мојата најголема грешка е таа што им верувам на сите :):) па затоа ме снајде голема беља ама веќе не сум таква и си ја научив лекцијата, бељата дури многу ќе ме чинеше а кога и да се сетам на тоа многу се нервирам и се обвинувам сама себе си. :):)
     
  19. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.406
    Пол:
    Женски
    Тоа што некои личности не ги избришав од мојот живот уште кога им беше време. А и го сметам за грешка тоа што засакав толку многу некои личности, што сега без нив не знам како би продолжила...

    Исто така голема грешка ми е што порано многу се ослонував на мојата гордост, постапував толку неправилно и толку грешно само поради таа пуста гордост, денес не знам кај би била да не постапував така, ама многу ми е криво што поради тоа си уништив многу добри односи со некои. Да би имала шанса да почнам од почеток не би постабувала ни приближно така како што постапував.

    Друга грешка ми е што на време не искажував што чувствував, туку собирав многу во себе и само трпев и трпев, тоа се надоврзува и со муабетот погоре за гордоста. Осетив дека многу повеќе болат неискажаните работи, отколку кажаните.

    И многу ми е криво што поради сето тоа горе наведеното некои личности можам да не ги сакам, ама не и да ги заборавам.
    Животе...
    :doh:
     
    На slobodka, Anabelle.Amorette и vitamina им се допаѓа ова.
  20. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    4.892
    Пол:
    Женски
    Најголема грешка ми е што потрошив премногу време на погрешни личности.
     
    На Valerin, stilas7, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.