Најголемите навреди преку кои би поминале поради љубов?

Дискусија во 'Врски' започната од lady19, 25 јануари 2013.

  1. lady19

    lady19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    11
    Велат ако сакаш некој ќе го почитуваш, и јас мислам така. Но што ако сте во ситуација(како мене), кога личноста која ви подарила најмногу љубов истовремено во било каква караница не бира зборови и ве омаловажува,ве нарекува со погрдни зборови, и после ви вика дека ве сака... кога не сака да ве ислуша и прави љубоморни испади од најмали ситници?? Дали би поминале преку навреди поради љубов и кој е вашиот лимит???
     
  2. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    3.466
    Пол:
    Женски
    најголемите навреди преку кои би поминале поради љубов??

    Lејди,љубовта кога е еднострана,не може да се одржи!што уште сакаш да ти направи дечкото за да му раскинеш?тој е комплексиран човек кој намерно те вреѓа ,сакаш ли да се спуштиш на неговото ниво,м :^) ?не би трпела навреди колку и да го сакам,кога тогаш би ми пукнал филмот.самата ако не се цениш,како да очекуваш од другите да те ценат?
    љубовта се гради со почит,доверба и компромис.очигледно дечко ти не те заслужува!
     
  3. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.372
    Допаѓања:
    2.909
    Пол:
    Женски
    најголемите навреди преку кои би поминале поради љубов??

    Бев во таква ситуација. И го откачив.
    Не си ти најдена на пат бре тој психички да те малтретира со љубомората и да те понижува со навреди. :@ Не, таквото нешто не се нарекува љубов. Ако не престане да бира зборори најарно откачи го.
    :hai:
     
  4. lady19

    lady19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    11
    најголемите навреди преку кои би поминале поради љубов??


    Очигледно не престанува. 7 месеци го молам да престане, ама не се разбира.
     
  5. Aligator

    Aligator Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    17
    најголемите навреди преку кои би поминале поради љубов??

    Ми се случило да бидам навредена и ден денес ме мачи неговиот туш израз на лицето додека го изговараше тоа иако тврди дека бил вон себе од мојата провокација.
     
  6. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    504
    најголемите навреди преку кои би поминале поради љубов??

    Епа тогаш мислам дека и самата знаеш кое ти е најпаметното решение.Чим бараш совет,јасно ми е дека ти значи и дека би ти било тешко да раскинеш со него,но не си ти должна некој да се истресава на тебе и да си ги лечи сопствените фрустрации.Ако сега не те почитува,кога уште сте тазе и се ви е најнај,што останува понатака тој да прави? Немој да дозволуваш после секое карање неговото извини да те тера да му простуваш.Разбирам дека во момент на нервоза може се и сешто да се каже,ама еднаш ќе го оправдаш,втор пат исто ама третиот пат веќе треба да разбереш дека тој не знае поинаку да се понаша,а таков дечко не и треба на никоја девојка,освен на некоја која сака да биде навредувана и понижувана( а таква не знам дали постои).Размисли си убаво што добиваш,а што губиш од оваа врска и донеси си одлука со ладна глава :)
     
  7. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.372
    Допаѓања:
    2.909
    Пол:
    Женски
    Тогаш мислам дека ти е време да направиш нешто разумно.
    Колку и да молиш, џабе е, само му го подигаш егото и се газиш самата себеси.
    Што треба, секогаш кога некој друг ќе го изнервира да ти се истура на тебе и да те обвинува за своите проблеми и работите што му се случуваат? Што си ти виновна? :^)
    Имај си свое јас, кажи не и готово.
    ^Јас трпев 4 месеци такви навреди, а љубомора уште од самиот почеток. На мене ми скисна што ми скисна тукy и на тие околу мене им скисна. |(
     
  8. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    227
    Искрено мене ми се деси еднаш на почетокот да ми рече дека си имам проблеми со главата и сум била за лечење и се испокаравме, па се извинуваше и му простив.
    Следен пат после многу време ми рече не јади го*на и му реков со здравје без трошка објаснување, па молеше и кукаше после. Неможе така спрема девојче да се однесува кој сака нека е! Простив, но не заборавив, не за друго, да не му текне да повтори.
    Јас дома не сум дозволила ниту пак смее да постои таков разговор дома кај мене, да ми се обрати некој на таков начин или јас да го кажам тоа на некој од домашните, а не па да ми го каже „некој си“, што го имам избрано да ми биде дечко. Срамота спрема женско таков однос, не ме нашол на улица па така да ми се обраќа, ниту пак зависам од него за да морам да трпам. Никогаш не сум помислила ниту сум си допуштила да навредам или да омаловажам некого со такви погрдни зборови, па нема да дозволам ни однос недоличен спрема мене.
    Лејди19 си му допуштила премногу! Следен пат, кога ќе упати погрден збор кон тебе, само кажи му јас си отидов вреѓај си се сам и замини си. Ако му значиш ќе кука, само незнам колку ќе е паметно да му простиш, не е еднаш, два, три пати, туку него во навика му е преминато, знае дека ќе премолчиш. Молење нема, толку му е паметот. Кога би знаел како да се однесува спрема девојка, не би се однесувал така, ама не секој знае. Никој не го заслужува тоа, па најпаметно ти е да не се замараш и да уживаш со некој кој ќе те почитува и ќе те „кити“ со најубави зборови!
     
  9. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    771
    Навреди?
    Па мене да ме навреди така би ми пукнал филмот, би го навредила 3 пати повеќе и би си заминала. :devil:
    Девојки, незнам дали јас сум премногу лоша и строга кога станува збор за машко и барам многу или вие премногу допуштате. Како што гледам колку повеќе попушташ и простуваш толку повеќе не те ценат и те прават будала.
     
  10. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    567
    Не би поминала преку ниедна навреда. Никој пат не сме си ни кажале нешто такво. Освен , кога се глупираме, кажал некој од нас Е не ме сакаш, и другиот да каже глупав еден/на. Или сега откако се поправивме ептен да си кажеме дебело едно. Ама се е тоа на шала и строго кога никој не не слуша.
     
  11. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Женски
    Ги имаше многу .. курва,покварена,дволична,не разбирам ништо .. а на крај те сакам,извини.. Тој е ненормално љубоморен и кога е нервозен не знае што прави.Трпев,трпев додека не ме извара убаво и му раскинав.Тука беше мојот крај.
     
  12. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    471
    Допаѓања:
    186
    Не би поминала низ навреди заради љубов, во никој случај.. Одма би го одкачила ;)
     
  13. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    3.348
    Допаѓања:
    8.937
    Пол:
    Женски
    Дури ми се нема обратено ни со "ма" а камоли нешто полошо. Сум му простила кога бил напнат со нешто друго, а бил поживчан со мене. Можам да разберам да не му е денот, ама према мене да се понаша лошо или погрдно да зборува ако не сум заслужила - не фала :^)
     
  14. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    се согласувам со се што е горе наведено :clap:
    ко прво , за да бидеш со некого без разлика дали само дружба другарство или врска , треба да се има респект почитување ;)
    ако не те почитувал тогаш нема никад да те почитува..