Што мислите феминки кога е најдоброто време за дечко.Дали ве нервираат маливе кога ќе почнат да очајуваат уште на 11 години за првата љубов..КАРАЊЕ СО ДЕЧКОТО..или за нив ПРОПАЃАЊЕ НА СВЕТОТ..ТОНЕЊЕ НА БРОДОТ .Поради вакви случаеви ја мислам дека трета година негде е најдобро..што мислите вие..:??
Најдобро време за фаќање дечко?? Хмм незнам најискрено денешниве дечиња од 10 години веќе се имаат мувано и имаат дечковци.Јас на нивни години си играв уште со барбики.А за дечко...хммм што знам мислам 16 години дека се доволони.
Најдобро време за фаќање дечко?? Најдобро време... мислам дека такво нешто не постои, се зависи од личноста, има девојки што фатат дечко на 13-14 год па цел живот го поминуваат со еден или двајца и девојки што се чувале до 20 и нешто год, па накрај цел град им се изреди. туку ај и јас да кажам можеби околу 16год.
Најдобро време за фаќање дечко?? Па според мене најдобро време за фаќање дечко е 16-17 години.Јас лично познавам девојчиња што имаат дечко за се по 10 години Helloo на што личе тоа???Па и 12-13 е малку непали 10
Леле бе, времињата како се менуваат... 12-13 години? 14? Па тоа е шесто, седмо и одмо одд, кога ќе се сетам ние во тие години што игравме и што муабети вртевме, а што прават децата денеска... Јас првиот дечко си го фатив на 17 години, и уште мислам дека ми беше рано.
^ затуцани јас и ти а Колку е убаво детството, уживање со другарки, возење точак, играње сакате ли војска, криенки, брканици, па дома до 8 часот и у кревет. Они на 10-12 години ми бркале дечковци. Пф кај тогаш пиев млекце со мама пред спиење. А тогаш ако ја видев симпатија станував како црвено јаболче во ликот. Па ако ме види он лелеле у несвет, кофа вода врз мене за освестување. Они денес ми се шлапаат тука, па и се прибираат во ниедно време, па уште и прашања на гламстик: Имам 13 години идеме 1 месец време ми е за секс нели? Секс? Јас не знаев што е секс, мислев штркот ги носи децата. Све е забегано денес. Све е пореметено. Страв да му е на човек да има деца. Како да му објасниш на детето дека на 14 години уште ластик играше и немаше излез подалеку од твоето маало? Излегувањата наши беа родендени, парк преку ден и сокче после школо. Денес се скокаат периоди. Денес сите стануваат женички и мажи рано, за жал. Секој со свое воспитување и своја среќа во животот. Најдобра возраст за фаќање дечко нема, секој ќе си одреди што му е приоритет во животот, ако знае воопшто без да има влијание од средината. Дал сака дечковци и проблеми беспотребни ил сака другарување и уживање во младоста. Јас секако сум за второто. Дечко во детството? Пф ми потребал, доста ми беа симпатиите бе. Јас не ни имав мерак, не ни сакав да се замарам со тоа. Се чудев на другарките кои лупаа глави и плачеа зашто не им се јавил 1 саат. Јас дури и на 17 години ради реда фатив
Прво да кажам дека на денешната младина мн му се брза дури когас ке пораснат ке сватат што изгубиле (детство) 11-12 год девојчиња се жалат како со дечковците се скарале па она ова..на 10 год се имаат мувано ја тогаш сеуште со кукли си играв сепак мислам дека најдобра возраст е од 14-15 години па нагоре ја првиот го фанав на 15
Споредмене не постои идеална возраст, но сепак да не е пред девојчето да тргне во средно што значи да не е пред 15 години. Али какви времиња се дојдени на 13 години веќе се во сериозна врска
јас мислам дека е се во зависност од личноста.Не е до воздраста, јас првиот дечко го фатив на 15 год. Спојлер леле вака ко ке се "фалат"демек јас и ти затуцани а дечковци не виделе до 20 години :geek: или домашните не ги оставале
И јас потполно се сложувам со вас на што личе тоа на 13-14 децата си имаат сериозна врска ццц јас на 14 со кукли си играв
И јас сум дел од таа младина и многу ми е жал што не се родив барем две три години порано. Значи хеоу бе брат... нема смисла на 12,13,14 години на штиклии, со длабоки декотиња, со разголени маици и дозволуваат газот и грбот да им се гледа од што се им се кратки маиците.. Просто згрозена сум уф што ќе помислам ми се гади. Абре човече ако не си го сега изживеам детството кога?? Сигурно нема на 20 години по маало топка да си играм. Разбирам и да излезеш во петок навечер да се прошеташ и до 10 10 ипол најасно да си се прибереш а они бре 12 не им е доста.. Па и од озгора за затупавена и заостаната ќе ме сметаат . абе ајде... Ма стварно се одвратни
хаха денес ретко да видиш девојче на 14 години да си игра со кукли,уствари тешко е да видиш девојче на 11-12 години да си игра со кукли,а не пак на 14
Па според мене најдобро време за фаќање дечко е 16-17 години.Јас лично познавам девојчиња што имаат дечко за се по 10 години Helloo на што личе тоа???Па и 12-13 е малку непали 10 [/quote][/quote][/quote] се согласувам со тебе.....инаку јас фатив дечко на 16 години... И јас потполно се сложувам со вас на што личе тоа на 13-14 децата си имаат сериозна врска ццц јас на 14 со кукли си играв хаха денес ретко да видиш девојче на 14 години да си игра со кукли,уствари тешко е да видиш девојче на 11-12 години да си игра со кукли,а не пак на 14 Две рачиња кревам. Имам 13 и сеуште излегувам по маало си играме топка криенка кога е убаво времето. На хрчакот му правам интересни занимации во кафезот . Сега не си играм со кукли но до пред некоја година да , а кога е лошо времето знам да седнам на форумот на фб и така
Во денешницава не пости време за фаќанје дечко.Девојчиња од 10-12 години ми зборуваат за дечко.Пуфли,брза да порасне,не знае што сака.Јас имам 16 години сеуште немам фатено дечко,а ни бацено некој, тие веќе смениле двајца.Но сепак,тоа некогаш може да е грешка и на родителите.Сепак незнам,ова на никаде не оди..
во денешно време се е пореметено, забрзано децата немаат детство, глумат возрасни кога ке го вратам филмот наназад, на 17 години го доживеав првиот бакнеж а првотот момче беше некаде на 19-20 години-малку подоцна за разлика од вас девојки (Трендафилка и Росонерка)