Па најдобро е од 18 па нагоре иако сега денешнава младина е понапредна фаќаат дечко на 12-13 години, тоа никогаш нема да го прифатам си го уништуваат детството место да си играат да уживаат тие бркаат дечковци. Јас на 18 години си фатив дечко и воопшто не се каам поради тоа. Имав детство и уживав во него.
Јас на 14г го фатив првиот дечко. Кога ме дознаа дома особено брат ми ме зафркаваа и од соба не излегував неколку дена памтам. Сега кога ќе размислам сфаќам дека тоа било нешто детско, ни налик на нешто озбилно.
Јас мислам дека на 14 е сосема океј. На колку и да си го фатите првиот дечко, гледајте да не ви остане прв Можеби ќе се речите што пишува оваа ненормална, но јас така направив, и сега ми е криво што не сум прошетала. Се смеев кога така ми велеа и на мене ама сега разбирам зошто така ми велеле.. Брзав да станам "домаќинка" а сега се би дала да можам да се вратам назад и да уживам во младоста.. Ама времето не се враќа, џабе.
Мене првиот дечко ми беше на 15 години. На мојата ќерка нема да и дозволам да фати пред 17 години. Ќе и објаснам дека ништо не е сериозно на тие години и џабе ќе губи време да се расправа со дечишта.
Првиот дечко на 15 години, траеше до 20та година. Од средношколските денови го памтам него само и криво ми е искрено. Се каам што имав долга и сериозна врска на таа возраст. Он топик: За сериозна врска сметам најдобро дека е отприлика на 23-24 години.
Јас прв дечко имав на мои 13 години . И тоа воопшто не изгледаше како врска . Што врска беше таа , кога еднаш сме се виделе во животот , раскинавме преку телефон , а врската траеше две недели . И јас велам , шетај и уживај додека си млад , не е исто да правиш глупости со друштвото на 14 и на 17 години ( на 17 не ти личи да се прскате со шишиња со вода на пример , на 14 ти личи колку-толку ) . Прва сериозна врска имав во втора година средно , на мои 16 години . Почнавме неколку месеци пред да наполнам 16 , врската траеше до неколку месеци пред да наполнам 17 години . Жал ми е за изгубените живци со ѓонот , бидејќи навистина не заслужуваше да изгубам една година од животот со него . Втората сериозна врска ја започнав неколку дена пред да наполнам 17 години . Заврши со брак . Ден денес сме заедно , имаме две деца и трето наскоро .. и не се каам што се омажив млада , бидејќи со него заедно преживеавме многу работи за прв пат .. Прв одмор со машко , ми беше со него , исто и нему му беше прв одмор со женско со мене ( ние веќе бевме во брак , ама зборувам за ситуација одмор со дечко/девојка ) , прв пат на море ( со нашите не сме имале прилика да одиме ) , прво бебе , прво разделување каде не можеш ниту да се слушнеш со некој по телефон ( беше на селективен курс ) , првиот романтичен дејт , прв секс во тројка на пример , прв пат да осетиш доза на љубомора иако знаеш дека некој има очи и срце само за тебе .. не дека немало да се посебни ако не се први , ама јас не сум јас ако не изберам идиот за дечко . Овој последниов беше идиот , ама кон другите повеќе , со мене беше на почетокот фин , па стана идиот , кога виде дека му лизгам од раце , се промени тотално , и веќе полни 6 години сме неразделни , партнерс ин крајм .
Ти може нема да и' дозволиш, ама таа дали ќе те послуша, е друг муабет. Сигурно мајка ти не ти дала и тебе дозвола да фатиш дечко на 15, па си фатила. Ќерка ми има 14, сеуште немала дечко. Да е до нејзе, би имала, ама премногу е повлечена за да направи нешто. Првиот дечко го фатив на 15, 'одевме' една недела, па му се скарав оти мислев дека 'така треба'. Наредно, на 17... троа повеќе разбирав тогаш.
Вајлд друго време е сега,многу се расипани децава. Мајка ми не само што не ми даваше мислам дека ако дознаеше на улица ќе спиев Мене многу ми е криво што првиот ми беше на 15,ама тоа е тоа.Со овој памет би чекала до 17 или 18. У право си можеби нема да ме послуша ама ќе пробам и ќе и кажам мое искуство
Оти 'расипани'? И во мое време имаше вакви и онакви, и денес е исто. Рачунај, имав 15години во 1993та
17-18 години е океј, ама ништо сериозно. Јас мм го запознав на моја 21 г. и тоа ми беше една посериозна врска. Предходната беше со мој врсник, 6 месеци ама мнооогу детско однесување од негова страна....Ама таа врска ме научи да не давам се од себе во врските, да сум посебична малку
Јас на 18г. фатив дечко,врсник.Што викаш детско однесување,не можеш ништо сериозно се деца секако. За сериозна врска ти треба сериозен тип.Толку
Nema najdobra vozrast za fakjanje dechko....ednostavno koga kje dojde praviot moment....nekoj porano ,nekoj pokasno. Mene prviot dechko mi beshe koga imav skoro 15 godini.
Никогаш не е касно за ништо. До 23 години се слободни, да имаат време за себе, да шетаат, да уживаат и итн. Има такви, ги познавам но доста ми се жалат бидејќи мислат им е интересно да станат млади мајки,е тука се заебаа , да можеле да си го вратат назад на времето ама нема. Сепак ти си знаеш.
Да не бидиш со никој до 23? Воошто да не си имала ништо со партнер до 23? Ни бакнеж со некој... или на врска мислиш... официјална? Многу мис те комплексни по новиве сметања. Во мое време, ако те баци некој, готово, дечко ти е. Може никогаш повеќе да не се видите, ама тој пола саат дури сте се лапале, дечко ти бил.. и то-е то