За кого како, за мене и 19 е рано, а не па 15. Не можам да замислам да бидам со ист човек од 15 години хаха иначе и јас имам таква другарка, и сега дете прво им се роди.
Имам една школска која со првиот дечко беше од 18 години. После 3 години раскинаа. Одговорот нејзин - Немам намера со еден дечко да бидам цел живот. При првата сериозна караница раскинаа.
Епа затоа викам дека е рано, али на некој не му смета ете. Не знам како од 14-15 години ги фаќаат и цел живот со нив. Страшно ми е тоа искрено. Иначе и јас сум во подолга врска и јас имам размислувано исто како неа, сум мислела да раскинам дека не сум видела и искусила доволно во животов, исто на 18 го фатив и прерано ми беше али ете. Им завидував некогаш на другаркиве што немаа дечко. А од друга страна па убаво ми било, нормално чим сум уште со него али така размислувам од време на време.
Епа тоа е тоа, ако е љубов ќе бидеш и во добро и во лошо. Не може секогаш да биде убаво, сјајно и бајно. Нормално е да има расправии и караници, ама никогаш нема да помислам да го напуштам поради некоја караница. Кога се впушташ во сериозна врска ди ги знаеш одговорностите што следат, неможе да ти текне 'јас нема да бидам цел живот со еден човек, има пред мене време'
Нивната врска беше сериозна. Нормално, рано им беше да мислат на брак. Ама со тек на време она сфати дека и треба промена. А тоа што почнаа да се караат беше дополнителен мотив да раскинат. Искрено...не би можела да се замислам со некој во врска од 18 години. Ми се нудеше еден, ама не.
Па може, се менува човек со тек на време, еднаш ќе сакаш едно, друг пат друго. Замисли со сила да биде во врска ако не сака, решила сака промени како што кажа Summergirl, може подруго планира да го живее животот а ако тој и пречи во тоа тогаш нема што друго освен да раскине. Сепак јас би се ставила самата себе на прво место и моите потреби, може да биде повредена другата страна али ако останела во врска па ни така не бива. И од тоа ми е и мене страв, нормално не сакам да прекинам со сегашниов дечко али може за две години ќе имаме скроз други желби и планови па нема да си одговараме еден на друг.
Јас не сум личност што денес сака едно а утре друго. Тоа што го сакам го сакам до крај. Ако нешто сакам а партнерот ме спречува во тоа тогаш ние не сме еден за друг. А и не сакам да сум со таква личност, денес да ме сака мене а по две години некоја друга, па после пак мене ме сака. Секако дека не може да бидеш со некој на сила, ама не можеш ни да раскинеш со некој за некоја банална расправија или не знам што.
Добро да во право си за последново, нормално колку работи сме поминале во врската и пак сум со него, мислам нормални проблеми и кавги што секој пар ги има, со него сум пошо сум сакала. Али ете, она не сакала затоа и од првата сериозна караница раскинале. Али ја не ветувам дека за две години ќе се борам за него пример, пошо не знам што и како ке биде до тогаш. И не мислев некоја друга да сака, туку може желбите, плановите или што и да е нема да ви се поклопуваат во ниеден поглед па нема да може да сте заедно колку и да сакате. Ја мислам тоа само во филмови го има, зошто да седам со сила со некој што не дели ништо со мене, ако нема место за компромис тогаш што ќе ми е колку и да го сакам. Или едноставно не ми одговара неговиот начин на живот, зошто да се малтретирам. Прегрубо ги гледам работиве или како да кажам, понегативно затоа што мислам така е во реалниот живот, мислам дека не е само љубовта доволна, за разлика од дечко ми кој сигурна сум спротивното го мисли хаха
Колку и да го сакаш некој, ако имате разлики во врската, се е џабе. Другаркава го сакаше дечкото, ама сфати дека нешто друго и е побитно. Не е секогаш љубовта доволна. Од кај да знам...можеби после 5 години врска ќе сакам со друг да пробам. Искрено....и јас би постапила како неа доколку си фатев дечко на помлади години. Сите што ги знам, а раскинаа долги врски, идеа уште од средно.
Да,да може тоа што го бараш во некој сега нема да го бараш за 5 години. Али комплицирано е малце, ако си со некој па долго време нормално ќе се менувате и ти и он, треба да знаеш кога да останеш а кога е крај. Или ќе си ги прифаќате промените или нема да функционирате. Ако не иде, нормално ќе прекинеш. Цел живот треба компромис да се има, ако го нема тоа тогаш ништо, зошо нема да сте истите луѓе сега и на 30 40 години. За другаркава што ми е што кажав дека е од 14- 15 години со него, се зезам дека ќе ја удри на 40 години нешто ќе и текне Што правев ја со животов ништо не искусив не пробав, едното исто цел живот, па после може да се покае. Искрено алал да им е на тие што можат. У тие години сите сакаме дечко, и сеа викам фала богу што немав.
Да сакаш еден цел живот тоа ни на филмовите го нема, не е реално такво нешто, личност на 15 години и на 20 и на 25 не размислува исто, со тоа не е ни логично да останеш со истиот дечко што ти бил на 15 години има такви случаи но тие се многу ретки, и обично тие стапуваат порано во брак па после се жалат што цел живот го поминале со една личност, без дружба со другарки и слично. За мене не е ни нормално ни реално уште од 15 години да знаеш што сакаш. Тинејџер од 15 години со паметот во облаци, хормоните работат и тоа е период кога си со личност која вистински ти се свиѓа не размислуваш дали е , тепач, дали пуши цигари, дали ги почитува домашните убаво ти е со него, те исполнува емотивно и тоа е тоа, во тој период не знаеш ни средното образование што си го одбрал дали е вистинското за тебе, после 18тета веќе си по зрела личност но неискусна, мислиш дека се знаеш а уствари ништо не знаеш, правиш погрешни избори како и во љубовта, изборот на работата, факултетот. До 25 година веќе искусуваме различни сутуации и до 25 година веќе знаеме што сакаме што ни годи, знаеме со кого сакаме да дружиме, многу другарства, пријателства ги оставаме во минатото, и продолжуваме храбро по патот што мислиме дека е вистинскиот за нас. До 30тата год. веќе треба да сме оформена личност со јасни зацртани цели, знаеме кои сме, сме се пронашле себеси и знаеме каква личност ни треба до нас. Никој не сака нешто до крај, не знам колку години имаш ама дека партнерот после 10 годишна врска ќе го сакаш исто како и првата година, тоа не е реално и сите што имаат долги врски тоа го кажуваат, а па дека во тие 10 години нема да посакаш да си со друг тоа ми е некако научна фантастика.
Баш така,се кажа точно од збор до збор. И ја коа прв пат се фатив со мојов мислев дека тој е тој, али сеа да ме прашаш многу знам. Пошо се иам сменето од 18 години до сега и имам созреано. Уште сум млада али сум ги сфатила веќе овие работи. Не мислам ко порано "Eј па моиве родители како од мали се заедно, зошто да не можам и јас така" хахах, сеа сигурна сум дека и они да имале да бираат не би избрале да се заедно од 14 15 години. Така да ако имам дете вака ќе си го советувам, нема да го форсирам да има дечко девојка сеедно само пошо касно било за мажење/женење или ако е женско дека ќе нема време да роди, дека мора пред 30 да го има првото дете.
Тука нема правило кога треба да се стапи во врска и дали е тој вистинскиот. Еве јас сум во долга врска од 4 години па го сакам како и првиот ден, и не сум помислила никогаш да бидам со некој друг, не ми е досадно никогаш со него, ниту пак ми фали нешто, можам да излегувам и со другарки никој тоа не ми го забранил. Животот ќе си го направиш да ти биде убав ако сакаш и со еден партнер, ако е тој вистинскиот. Годините не се мерило за тоа кога треба да се стапи во врска, денешно време младите малку порано почнуваат со врски, односи и ред други работи, што на пример јас или вие тоа сте го почнале на 18 20 години. Затоа и кажав дека некаде околу 17, 18, 19 години може веќе да најдете некој бидејќи веќе отприлика знаете што сакате понатаму и размислувате по зрело за разлика од 15, 16 години. Некој и на 30 не знае што сака, па затоа годините не се мерило за зрелост.
Јас сметам дека вистинско дефинирано време за љубов нема. Кога птицата е спремна да летне-лета. Така да дечкото кој една девојка ќе го има на 16 и оној на 24 и тоа како ќе се разликуваат. За врската да не ни зборам. Мислам дека вистинско време за вистинска врска е кога ќе си доволно зрел за да знаеш зошто си со тој/таа до тебе. Да ги знаеш мааните и убавите ствари. Да сакаш безусловно. Да сакаш знаејќи кој си и пред да влезеш во таа врска. И најважно од се', да не ти е страв да сакаш без никаков услов. Е сега гледано од секојдневието околу мене, јас сфаќам дека не секоја врска е озбилна, некои луѓе сакаат само провод, секс итн. Така да, no judgement кон зрелите луѓе кои знаат што сакаат и си го живеат животот по свое. Ама без око да ми трепне ги осудувам 14 и 15 годишните кои сакаат *све и одма*, не го живеат животот на деца од 15 години, туку на 25годишњаци у покушај. Додуша, не ги осудувам, жал ми е за нив. За осудување и прекор се родителите кои си ја живеат "втората младост" преку нив..
А зошто да менуваш дечко ако тој е сѐ што тебе ти треба? Не ги разбирам овие долги врски што раскинуваат со дечковците само за да не биле цел живот со еден. Освен ако врската им била мех. Немало љубов. Па ако јас најдам сѐ што сакам во една личност не ја менувам за ништо. Напротив ќе гледам да ја задржам. Ваквите размислувања со раскинување долгогодишни врски колку да сменат ми се многу незрели. Јас од 18 сум во сериозна врска и да, можеби ќе беше идеално уште некоја година сингл живот, ама ете се случи. Врската ми е преубава и не знам дали со некој друг би си одговарале толку многу и се чувствувам задоволна што тоа го имам.
Затоа што се менуваат приоритетите. Не е доволна само љубовта. А има и такви кои одат само заради забава.
Ако има љубов, разбирање и почит тогаш не знам кои други приоритети би требало некој/а да има... Или грешка сум. Многу девојки за озбилно гледаат да фатат дечковци со имот и пари. Ако мислиш на тоа.