Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најдобра возраст за фаќање дечко

Дискусија во 'Врски' започната од Alesii, 19 април 2012.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    36.080
    Пол:
    Женски
    Може и текнало дека не сака да се мажи. А ако партнерот сака семејство, ете ти проблем. Познавам и такви кои сфатија дека повеќе сакаат слобода отколку врска. А и такви што се каат што немале барем еден партнер пред мажот.
     
  2. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    27.854
    Па не баш, ако не сте компатибилни за идни планови, пропаѓа се. Прост пример, имате љубов, почит и разбирање, едниот сака да се сели, другиот не. Едниот сака дете, другиот не. Уште примери има. Заеднички живот е многу повеќе од само љубов.
     
    На wildone, cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  3. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    10.477
    Пол:
    Женски
    Точно дека има некои што не сакаат да се мажат, но во темава се зборува за врски за озбилно, што одат кон брак или живеење во вонбрачна заедница.

    За втората реченица, тие што имаат убава, квалитетна и исполнета врска не верувам дека ќе раскинат само зошто ги копка како е секс со некој друг. Барем според мене.

    Па затоа погоре во постот пишав и разбирање. Затоа е најубаво кога врската трга во некој правец да почнат да се искажуваат ставови и очекувања во врска со можниот заеднични живот.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    36.080
    Пол:
    Женски
    И во врски за озбилно се премислуваат во 5 до 12. Подобро така, отколку да има проблеми во брак.
     
  5. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.239
    Допаѓања:
    27.854
    Тоа е во ред и можеби е полесно кога сте заедно од помала возраст, зошто заедно ќе формирате ставови. Но не значи дека ако имате разбирање еден за друг ќе може да направите компромис на одредени теми. Сакам да кажам не секогаш врските завршуваат заради немање љубов и почит, едноставно луѓето сакаат нешто друго за својот живот од тоа што го сака нивниот партнер.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    10.477
    Пол:
    Женски
    Да, во право сте, само првичниот коментар ми се однесуваше на девојките кои се две три години во врска, а раскинале со дечкото за да не имаат секс со еден цел живот. Бидејќи такво мислење прочитав.
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    36.080
    Пол:
    Женски
    Јас го пишав тоа мислење. Девојчето ми беше школска. Со тек на време почна да се премислува. Не беше проблемот само во сексот.
     
    На LovelyGirl3 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    10.477
    Пол:
    Женски
    Можеби била неизживеана, не знам.
    Уосталом, не знам кој бил проблемот со неа, не ја познавам ама врз основа на тоа што го прочитав такво мислење имам.

    Девојки не знаат што сакаат, ги интересира како ќе ми биде со овој, со оној за на крај или со полош или сами ќе останат, не знаејќи да го ценат тоа што го изгубиле поради љубопитност.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    36.080
    Пол:
    Женски
    Тоа е проблемот. Беше неизживеана. Претходно немаше други дечковци. Само по една средба со машко...и толку. Во наше време тоа го викавме мување.
     
    На LovelyGirl3 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    10.477
    Пол:
    Женски
    Сепак до мајндсетот е. И мене дечко ми ми е прв, ама ми се погоди и немам потреба да го мењам. Секој со својот памет и размислување.. може и јас за некого сум неизживеана :rofl:
     
    На cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    36.080
    Пол:
    Женски
    Супер за вас. :inlove:

    Од моја генерација ретко кој останал со првиот дечко, а повеќето одеа уште од средно. Кој кога сака нека си фаќа дечко. Јас ако не сум сакала пред 20 години да си фатам, не значи дека некој друг не треба. Некој можеби сака да си биде слободен до 30 години.
     
    На cresa-jagoda и LovelyGirl3 им се допаѓа ова.
  12. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.623
    Допаѓања:
    18.888
    Пол:
    Машки
  13. Unikat_1

    Unikat_1 Активен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2024
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Машки
    Koga ke pocuvstvuvas deka sakas nekoj i on te saka nema vozrast tuka ednostavno peperutkiye gi imas vo stomak.
    E sega da ne e epten maala vpzrast da receme posle 15/16
     
  14. Duska.M

    Duska.M Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2024
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Не постои одредена бројка години кога треба да се фати дечко, но ако се работи само за општа емоционална врска, гушкање бакнежи излегување... Додека за интимизација треба добро да се размисли, сигурно не пред 18. Знаете, кога сте малолетни, недај боже се деси бременост, цела фамилија ќе ја растревожите и пореметите. А, кога сте полнолетни ќе можете тоа да го санирате сами без никој да знае, едноставно ќе може да одлучите сами што ќе правите.
    Инаку сексот ко секс самиот по себе не е страшен, нагонот и потребата сами ќе ја почувствувате, страшни се последиците.
     
  15. Dominodancing

    Dominodancing Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2024
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    1.124
    Пол:
    Машки
    Šo treba da znači toa?
     
  16. Duska.M

    Duska.M Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2024
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Во принцип тоа би требало да значи, сама да одлучиш што ќе правиш без притоа некој друг ти се меша во твојата одлука. Кога не си полнолетна и се деси такво нешто тоа преминува во хаос, неретко во насилство и сл. Трауми и за семејството а уште повеќе за личноста.
     
  17. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.623
    Допаѓања:
    18.888
    Пол:
    Машки
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    36.080
    Пол:
    Женски
    Значи.... Уште оваа година имам шанси :lol: