Ајде бе 9 години дечко, ќерка ми има 7 и уште две години веќе ќе се држи за рака и со некој ау ау! А не! , 9/10, прво и основно уште поимот дечко го немаат дефинирано, не е е множно, и не сакам да верувам. А бре до 13 има да си игра со мене со барабики, она нека си љуби ама пипкање, франуцуски бакнежи јок! Ме заплашивте сега. 16/17 е сосема во ред. Ма нека биде и 15 ама пред тоа ФОРБИДЕН!
Што ви е бе луѓе? Идете читајте ја темана прв бакнеж па сè ќе ви стане јасно. Плус сеа децава во петто што почнуваат да се шлапкаат, тоа е друга работа, али 16/17? Да не претерувате малце? Нашиве баби дедовци, тогаш се зимале, ние тогаш дечковци ќе бркаме.
Абе во ред бацка невина. Ама врска? ЈАс го имав мојот прв бакнеж во 8мо и толку. Врска и она посериозни работи и се многу подоцна. Фаќање дечко е врска..тоа е ме плаши леле ќерка имам сега ме удри реалноста баммм! Од 15 нека фаќа дечко влечко, ама не сакам нида мислам шо ќе прави. Аууу уште од сега муабети ќе си прајме, она ако нека си љуби и нека се држи за раче ама..
Еми девојчињана од 13/14 години што знаат жити се...мислам ок,јас имам 15,ама си се сметам за многу посозреана од моите врснички,поради х причини,туку не е сеа тоа тема...ги гледам девојчињана на 13/14 години што фанале дечко уште одсега се малтретираат ме сака не ме сака,мислам стварно е рано на тие години за дечко,кога што се вика сеуште мајка им им го брише газот.
Кој кога си сака-тогаш. Ама искрено малку ми е глупаво уште на 13 години да се замараш за дечковци. Прв бакнеж, држење за раче ајде разбирам, ама кога ќе слушнам дека врската им била "сериозна" ми станува смешно.
И јас мојот прв бакнеж го имав на скоро 14 години, ама не во врска. Ама друго е тоа, а друго е на таа возраст да се замараш со дечковци и да се трескаш од глава зошто не те сакал. Исто, да пишуваш срцепартелни статуси на Фејсбук, кога видам како некоја 13-14 годишна пишува такви работи ми иде да се обесам . Што дете може да знае за љубов и колку на тие години е спремно за врска. Мислам дека идеална возраст за фаќање дечко, онака за озбилно и она што се вика врска во права смисла на зборот (мување, зезање не се рачуна) е 17-18 години. Затоа што тогаш полека излегуваш од оние луди тинејџерски години и размислуваш позрело. А за врска треба зрелост.
А, бе, има разлика од прв бакнеж до дечко. А има разлика од ,,дечко,, до дечко и од ,,врска,, до врска. Зарем озбилно мислите дека тоа на 13-4 години е нешто сериозно? Како да не, се лапкаат само наоколу, во паркчиња, зад зградички, на клупички, си се појадуваат, ручаат и вечераат. Можеби се траќаат и изгледаат сериозно, ама некој да им рече да се омажат тогаш, ќе избегаат и нема да се вратат. Фала јасно дека се смениле времињата, но мислам дека кај нас уште не е до тој степен дојдено тоа влијание, да се сексаат по сокачиња. Барем од тоа што гледам во моја околина. Ако гледам од оваа перспектива, кога е најдобра возраст за да почнеш сериозна врска, без размислување ќе речам од 18-9 години нагоре. Гледам врски кои почнале во прва, втора средно, и уште траат, траат, траат... Како во брак да се, најискрено. Мислам, да не се разбереме погрешно, се тоа убаво, ама јас не би можела така, не го сакам тоа. Ако тогаш не испаѓаш и се затвораш дома со дечко ти, или кога испаѓате строго за рака се држите и очињата право надоле, ни лево ни десно, кога ќе излегуваш? На 30 години, кога ќе ти пукне филмот од долги врски? Е, тие што не функционираат така на тие години, а ретки се, е тогаш океј, признавам дека имаат ЗРЕЛА врска. Дека се дораснати. Се друго е гола вода. Седнала на 17 години дома зш дечко и не и давал да излегува, не бил во градот. Тоа НЕ! :geek: Да сумирам. Децо, со памет, значи да, нормално е на 14-5 години да го имате првиот бакнеж. Нормално е и подоцна. И ќе се траќате и да викате дека е крај на светот, затоа што мувачот ви ја раскинал врската... Ќе плачете, ќе ви биде тешко, по 10тина статуси на фејсбук во лутина и огорченост кон машкиот род, ќе ви помине и ќе дојде некој друг. Само, памет во глава, мислење со своја глава, останување на сопственото јас и се ќе биде океј.
Јас имам 14 години, немам ни дечко, немам ни прв бакнеж, али што ќе ми се? Многу ме нервира кога некој помал од мене се прави важен/на - леле јас со дечко ми/девојка ми ова она, се испокаравме, вчера се мувавме... АЛОООО каде се наоѓате вие! А кога ќе ме прашаат дали сум имала дечко и јас им викам не они Што се чудите бре, па не е крај на светот! Има време и за дечковци и за се...
разлики има за се..но јас мислам 18 години па дечко а потоа што ке биде ке биде... какви последици и се па веке е возрасна личност... а не дете од 10 год и дечко а потоа вака било онака било... што и да е 18 год и ете ти вистинска личност за се...
само продолжи вака, кога ќе дојдеш до 18 години ќе бидаш многу по ценете и почитувана и ќе имаш поголеми шанси кај секого што ќе посакаш. Остај ги овие што се муваат вака онака што се фалат од овие човек не бидува овие ќе се познати под друго име кое секако го знаеш да не го напоменувам, сите ќе сакат да ги пробат никој нема да сака да ја задржи со себе. Продолжи вака, дечко не ти треба уште на 14 години дечко дури 3 година средно идеално време за женско. Верувај ми тоа ти го кажувам од машка гледена точка.
Па најдобра возраст за фаќање на дечкото е точно на 15 години, 6 месеци и 3 дена. Имаш оно фора до 15 години и 7 месеци, и после магијата ќе помине, АШ! Се зезам овај, нали. Прашањево е ко, кога треба да се јаде сладолед? Или, кога да го јадам ќебапчето, навечер или наутро? И сега тука следат одговори, ако сакаш да си почитувана и да те сака цела фамилија јади го ќебапчето навечер, зошто наутро е многу тешко за организмот, премногу е рано, а и грчеви можеш да фатиш, остај што цел комшилук ќе те збори - леле оваа јадеше ќебапче многу рано бе! Нема правила, еј Јас првиот го лапав на 12, а првиот „сериозен“ дечко го имав на 14 нали у прва средно. Прва љубов, на 11 - тој де тој, што го лапав И сега појма немам дали ми било рано или не. Искрено. Малку ми е смешно да им се кажува на денешниве деца, тогаш или тогаш е најарно, кога за контрацептивни пилули прашуваат веќе на 12ет А не дека дечко е дечко у иста смисла на зборот во секоја возраст. За мене беше дечко тој шо ми купи сладолед, ме качи на гидан и ме извози низ цело маало, шутна тројче за мене пред сите, и тоа онака гласно си кажа - ова е за Пирамидаааа, а ја превртував со очите, а ми годеше еј! И ми пријде и ми рече, сакаш да се фатиш со мене? Да. Ајде! Иди денес сконтај кој ти е дечко, да те видам. Ха! Не ми става прстен на рака, ма ич бре! Така да одговор на прашањето би било, тогаш кога се сметаш емотивно зрела за такво нешто. А често пати годинките со емотивната зрелост не идат рака под рака. Особено не денес, кога дури и кога треба да дува во последен момент се предомислува и се стоплува на 25 и повеќе степени.
^Се согласувам со Пирамида. Не секогаш годините се мерило за зрелост, па ај сега ако девојката има 17 години или 18 и е идеално време за врска, зашто нели сега она е паметна, зрела и се тоа. Секако ако пред тоа имала некое искуство, ќе знае како што, и ќе знае да се снајде во некоја посериозна врска а овие врски без врски што ги имаат деца од 13-14 години не ги рачунам за озбилна врска. Ама стварно има и некои на 17 години што не знаат ништо од животот, јас лично познавам една девојка што има 19 години и нема никакво искуство со дечковци, љубов ова она, дури мене ме прашува. А на пример еве познавам јас еден пар што веќе се скоро една година во врска а двајцата се прва година средно, значи имаат по 15 години. Еве и мојот бивши муватор да го наречам, трета година средно е и до пред еден месец одеше со една девојка една ипол година а и пред тоа имал долги врски. Ама дечково стварно е зрел, знае како да постапува и може да издржи во долга и сериозна врска. Е сега, јас сепак мислам дека до 15 години негде е подобро онака да се забавуваш само, да не се замараш многу дал те сака, дал те неќе па плачки ,сега ќе речете ее тие газот незнаат да си го избришат ама и вие сигурно сте имале детски љубови, па сте мислеле светот ви се руши ако не ве сака итн итн. А вака за прво бакнежче, јас да си кажам лично за мене се смував на 12 години и 4 месеци, бреј дури датумот го памтам! Значи, за прв бакнеж 12-13 години се таман ама за врска така поозбилна да ја речеме, мислам дека треба да се почека до 15-16 години, девојката да биде колку-толку позрела и малку од малку да ги познава машките какви се што се, значи да има некое искуство. А јас, на 13 и 14 години имав демек некои 'врски' ,бев ставена ин а рилејшншип на фејсбук и готово- големата врска, хахах. Тие врски беа со истиот дечко замислете, едната беше при крај на седмо, а другата при крајот на осмо, а детево една година помал од мене. Траеја два месеци ама убаво ни беше, си се сакавме јас дури не погледнував друг ама на крај ме фатија бубачките и го откачив. И сега ми лета паметот и мислам дека не сум сеуште спремна за сериозна врска, се обидов сега со муваторов што го спомнав веќе ама заради икс причини не успеа. Сега ми се свиѓа еден, и ако успеам со него и ако ни биде убаво, зашто да немаме нешто повеќе? Ама, пак ќе кажам, нема некоја иделна возраст, тоа е индивидуално ,кој кога сака и тоа зависи од тоа кој колку е созреан, ама јас мислам дека до 14 години е прерано а од 15 нагоре е онака- таманка.
Нема идеална возраст но ова што се случува со сегашниве генерции е УЖАС. Понекогаш се прашувам какво ќе биде моето дете во некоја далечна иднина?! Ако сега фаќаат дечковци на 11-12 тогаш на колку? На 8?! Во ред разбирам да се има прв бакнеж на 13-14 години или дечко на 15-16 кога почнуваат со средношколскиот живот но сега по нивно сериозна врска имаат на 12 а на 14 веќе размислуваат за односи И да прва малку посериозна и подолга врска според мене може да се има на некои 18 години бидејќи тек тогаш поголем број од девојките созреваат и барем малку знаат што ги привлекува кон спротивниот пол и кои особини ги бараат. Има и девојчиња што размислуваат паметно и на многу помала возраст како што има и девојки кои се многу постари а сеуште им лета паметот но ако барам некој средина тогаш е тоа - 18 години... Сепак кога и да стапите во врска немојте одма со размислувањето - ТОЈ е цел мој свет! Без затрескување, остајте полека да се одвиваат работите и се ќе биде ок
Pa jas si imam decko pa shto.. odeme veke 2 meseci i prv baknez i se doziveav.. [mod-kirilica:1qks2ba4][/mod-kirilica:1qks2ba4]
Спојлер Битно ти за дечко си мала Идеална возраст? Нема. Поважно е што прават во врската. Можеш да имаш дечко и на 13, да се бацнете на носе еднаш и да се срамите пола недела. Може да имаш и на 16 да не знаете да внимавате што правите и да си го упропастите најубавиот дел од животот. Ако муабетот е кога дечко за сериозна врска, гласам за периодот на факултет. Средното е прекрасен период да го уништите со долги и сериозни врски (секоја чест на исклучоците чии врски и социјален живот паралелно функционирале перфектно), повеќето ги пропуштаат излегувањата и забавата со друштвото од генерација. Истото се изразува со изживејување на пропуштениот период подоцна.
Јас на 13 години првпат имав дечко. Ама знаете не да се муваш, да се лапаш и ред други работи, туку единственото што го правевме е тоа што пуштавме сигнали и пораки на телефон (па нели мала сум била што знам). А врската, ја пробав само од љубопитство, дечкото беше луд по мене и сеуште е. Тоа чудото од врска беше 5 дена . А после тоа не ми текна ни за љубов ни за врски . Сепак мислам дека идеално време за дечко е 15 - 16 години (иначе јас сум 14). Одгодина си фаќам дечко ! Да знаете ! Чекам да пораснам.