Лелеее колку сте спремни сите ваооо Јас прв бакнеж имав на 16 а прв дечко на 17 години. Дечко за озбилна врска мислам може на 22 години да се фати, пред тоа не верувам дека некое момче ќе сака да има озбилна врска. Сите сакаат што повеќе да смуваат без да бидат во врска со нив
Ги читам постовиве..и некако само по себе ми се наметнува мислењето - а, овие што првпат имале дечко после 17,18,родителите -најчесто мајките ги воспитале,разговарале со нив,, значи имале ок контакт..а овие што се лапкале, фаќале..и што ти ја знам што уште на 12,13..некако ми се јавува лутина..водел ли сметка и контрола некој за овие дечиња во 7мо, 8мо одд. се лапкале , имала дечко..па на 17 ќе се мажи ли??? Рано е бре за дечко на 13,14!!! И не се согласувам со мислењето дека некои се зрели на 14, а некои на 19 уште абер немале од животот Тоа се само глупави оправдувања на тие што прерано започнале со љубовниот живот..и сега кога се посвесни наоѓаат уште поглупави оправдувања за своите глупави и наивни постапки.. И анкетите правени во Германија од детските психолози /каде сексот и се друго на младите им се случува прерано на 14,15/ покажале дека 95%од девојчињата кои прерано започнале со љубовни искуства се каат поради тоа. Уживајте бре во животот...имајте вистински другари..ценете ги своите најблиски а се друго ќе си дојде само себе
Јас првиот дечко го фатив на 18 години, а пр ед тоа сум уживала во слободата и животот, не сум се замарала со тоа дали ме сака,дали е со друга,каде е ,што прави.Сум имала многу момчиња кои што сум ги бендисвала на нашки кажано,но ништо повеќе од тоа. Кога ќе видам или слушнам дека некои првиот дечко го фатиле на 12,13 години никако не го оправдувам тоа. Што,зар ќе се омажат тие на 17 години???? Па јас на 12 години сеуште си играв криенка и со кукли,а не па да помислам да имам дечко.За жал многу од децата не разговараат со своите родители околу тоа дали имаат дечко или не, кога го имаат првиот сексуален однос,а тука не ги оправдувам ни родителите кои што како исход на брзиот начин на живот немаат време да се замараат со тоа што прават нивните деца. Затоа имаме се повеќе ситуации каде што девојката веке има абортирано на 18 години или пак поради таа бременост и непретпазливост станува сопруга и мајка на 17,18 години кога треба да ужива во животот, таа станува роб на своите погрешни постапки кои што ќе ги коштаат цел живот. Девојки свестете се навреме. Има време и за дечко и да станите мајка и сопруга некому, но пред да го направите сето тоа живејте си го животот без ограничувања и слобода.
Се согласувам со тебе. Јас на 12 уште немав менструација, а не па да мислам на бакнување и дечко.За жал денес многу од женските сметаат дека во 7мо треба првиот дечко да се фати
А пред 22 никако озбилна врска, така? Мислам дека се лажеш, и тоа многу. Исто како што годините не се мерило за зрелоста на некоја личност, така е и со спремноста пред сѐ, за да опстои една таква сериозна врска. Познавам парови кои се заедно уште од основно и врските уште им траат, а се "фатиле" на некои си 14-15 години. Тогаш демек, позрели биле? Има и такви што и после 20 не можат да се задржат во врска подолга од 2-3 месеци. Сѐ се сведува на тоа колку си одговараме со личноста која сме ја одбрале и колку сме спремни да се внесеме во нешто такво, а после тоа и да ја одржуваме таа некаква си озбилна врска. Па зошто да нема момче кое ќе сака сериозна врска на 18 години? Jас искрено не сум за такви врски уште од раните тинејџерски години, ама факт е дека ги има, па дури и успеваат кај некои. Значи сѐ зависи од карактерите на двајцата партнери - па ако им оди, не гледам причина зошто да не се погрижат да ја одржат врската. А и баш ми е нелогично тоа декларирање - како една врска од "обична" може да премине во "озбилна" и кој е временскиот интервал што ја определува !? Ајде сега, јас од утре фаќам дечко и имам озбилна врска, или - имам дечко година и два ипол месеци, озбилна врска е. Па има и такви случаеви - се караме и правиме повремени паузи, ама пази - на озбилна врска сме! Нонсенс. А за идеалната возраст за фаќање дечко - нема, и нема да има. Не може да се постави црвена линија и ајде сега, од 18 па нагоре фаќајте дечко слободно, а пред тоа никако. Тоа на еден начин си е и дел од карактерот на девојчето, па ќе се дрзнам да речам дека е огледало и на домашното воспитување - сигурно ниту една мајка не ја учи ќерка си да брка дечковци на два-тринаесет години. Јас само ќе кажам - колку покасно, толку подобро. Вреди ли некое 14, па макар и 15 годишно девојче да си ја тупи главата со проблеми поврзани околу врски и дечковци !? Стварно не знам, мене тоа ми е крајно глупаво, ама дис из ит - реалноста е таа и нема тука жр-мр.
Со оглед на тоа што времињата се поинакви би рекла 15-16 ... Но сепак ако фатат дечко не значи да одат и на наекој следен чекот
12, 13, 14 ПРЕРАНО Е Дефинитивно, бидејки 95% на тие години слободно можам да кажам дека немаат појма од животот, после 14 може запознавање, пробвање ова она ама не дефинитивно не и врска зошто јас на 21 година чуствувам дека сум премлада и дека многу работи не сум видела не сум пробала и најважно многу работи незнам, ако имам врска скоро 2 години и да супер ми и планирам да биди и нешто посериозно, но животот не е игра, не можи - try again или delete, и за да почниш врска треба да си подготвен. Врските од месец и два не се врски. И најважно шо е то ФАЌАЊЕ ДЕЧКО? Ке се дотеруваат ке се преправаат ке си местат дечковци, ке му се пуштат? Сварно не ми е јасно, бидејќи тие работи идат СПОНТАНО а не дека децата од 12 13 години сакат да пораснат па ке си фатат дечко и на тој начин ќе пораснат?И поради тие работи има абортуси, незрела, неедуцирана и нејќам да речам ама морам - болна младина. Ужасна работа...............
Јас имам 11год и немам дечко.Имам само симпатија а за дечко ми е премногу рано.Една другарка од училиште има 12год се мувчаше со него...На мене мама ми дава да фатам дечко најак 16год.
многу пати сум кажала денешниве деца бегаат не се под контрола.. јас коа имав 13-14 не ме ни интересираа такви работи си имав другарки искачања ау вау ми беше битно да сум искочена... и веќе на 15 ипол..прв пат се смував и сеа на 18 имам дечко..според денешницава малце сум заостаната..може и некој ќе се насмее ама не ми се идело со секој глеам по останативе дечиња што се по 13-14 они паѓаат буквално во депресија..мувачот ја откачил..па што си проживеала ти за на 14 да имаш мувач..сепак се е до родителите.. јас коа фатив дечко дома беше карамбол..мајками само ми рече памет во глава да нема плачење како до сеа што беше мирно мирот нека продолжи...
Најдобра возраст за мене беше на 16 години, си планирав кога ќе завршам 2ра година ќе си фатам дечко.Ама не испадна како што си планирав, со дечкото се фатив кога имав само 14 години, и сеуште сум со него скоро 8 години. Затоа според мене нема некоја определена најдобра возраст, можеби порано ќе го сретнеш вистинскиот, и ќе оставиш да замине покрај тебе само гледајќи во возраста дали одговара тогаш или покасно.
Тогаш уште менстурација немав, а не па да мислам како да го ставам јазикот во нечија уста.. од 10-14 години совршено ова би ги опишало
Денеска светов е многу понапреден во врска со овие работи. Дечковци се фаќаат уште на 9-10 години, а веќе на 14 години го имаат и првото сексуално искуство. Според мене тоа се најголеми глупости. Што видела таа од љубов на 10 години? Најдобра возраст за фаќање дечко според мене е 16 години.
Мене првиот бакнеж ми беше на 13 години... Само бакнеж. Не дека се каам, но сметам дека е многу рано и би почекала уште барем една-две години. Инаку сега имам 16 години и сеуште не сум имала дечко, односно сериозна врска. За мене тоа е обврска, во која треба да вложуваш време, труд, љубов, сериозност... Сега би можела да го вложам сето тоа во една врска, но сепак би почекала уште малку. Сметам дека треба да уживаме во овие години, и оправдувам мување односно врска без обврска. Ако не се 'издуваме' сега на овие години, тогаш кога? Според мене идеална возраст е од 16/17 години, но сепак се зависи до личноста.
Е како се напредни сега децава.. O_o Јас ќе бидам сега осмо одделение,да ви кажам право,од моево одделение,пола деца се имаат измувано уште во шесто одделение со пола град! Јас си зборам со уште некои деца за школо ваму таму,а они ги гледаш се довикуваат -леле дојди да ти раскажам како бешеее бла бла блаааааааа.. или ги слушаш како шепкаат позади тебе за нивната ,,прва озбилна врска,, што траела цели 3 дена Уште на 12 години првиот дечко,абе ајде молим те Тоа уште не се зрели,немаат мозок,а патат од невозвратена љубов,broken-hearted girl,сечат вени за дечковци..Бог да чува,не ми се живее тука! Сите се како нешто повредени од љубовта,брзаат да се смуваат и после да се фалат o.O А ни трошка памет немаат во себе.. -Најдобри години за дечко се 16-17
Se slozuvam so site vas!! Jas mojot prv decko go imav na 13 ipol godini,no toa ne bese decko,tuku poveke kako si se sakame i izleguvame zaedno na kino,na sladoled,ova-ona,a sega imam drugarki koi sto mi se falat se smuvavme 10-11-12... pati,ma mi se grozi od toa!!!Ednostavno koga gi slusam ednostavno ne sakam da gi znam!!Toa na moi godini jas sto imav decko,bese simpatii,ama ajs takva-kakva sto bev si go smetav taka nesto za momce i mn si bev srekna,a inace prviot onaka oficijalen decko mi bese na 16 godini!! ))