Па еве и јас со моиве речиси 17 години се немам мувано,а не па дечко да фаќам.И зашто да брзам не ми е јасно.Подобро ми е вака.Немам за што да се каам.Моиве другарки постојано ги слушам како зборат дека се каат за некоја врска,постојано се нервираат кај е дечко им,со кого...Не ми требаат сеуште тие нервози.Мислам дека 17/18 години си веќе колку толку зрел да фатиш дечко.Никогаш неможеш да знаеш или планираш кога ке фатиш,но сепак мислам дека на 13-14 години не си доволно зрел за тоа и можеш после да се каеш.Сум имала можност да се мувам и во 6то,7мо,но сум одбила и горда сум на себе што не сум направила нешто за што можев сега да се каам.
jaс ке испаднам изрод,значи првиот бакнеж ми беше на скоро на 18год.бев мн.мирна а со истиот тип имав и прв секс на околу 19 ипол год.сега сум сингл и сум 22 и знам дека е возраст за сериозна врска ама тоа е.
Најдобра возраст фаќање дечко? Хмм.. па можда 16 - 17 години..Но сепак мислам дека и тоа е прерано за сериозна врска.Сериозна врска според мене најдобро е на некои 19-20 години.Мислам дека тоа е периодот кога полека тинејџерите преминуваат во зрели личности и знаат што сакаат.
во ред е на 16-17 години но не да се задлабочуваш во врската, сериозна врска сметам дека е најдобро после 18 бидејќи ние можеби сме малку понапредни но нашите дома дури тогаш не најмногу гледаат како зрели.
Најдобра возраст за озбилен дечко 18-19 години па натаму, а за порано од 18 може само мувања или пак кратки врски до 1-2 месеца.
Прашањево е како „На колку години да фатам дечко без да ме оговараат?“ во шифрирана верзија. Не може никој да рече на таа и таа возраст треба дечко да фатиш. Ако ти дошло до дечко фати си де. Денес начините на размислување се се' „помодерни“, така што и на 12 може да си фатиш дечко, ако лично тебе не ти смета. Во прашање е начинот на кој би те гледале другите во зависност од возраста. Коа ќе ти дојде меракот да си се моткаш со некого, сериозна врска или не, грабни го и бегај, нема што за години да му се мисли.
Тие шо фаќаат дечко уште на 11-12 години уште незнаат газот да си го избришат а камоли дечко да имаат.Наместо да си го живеат детството тие трчаат да пораснат,да имаат дечко,да носат штикли,да излагаат во чаршија итн.Јас имам 15 год. и уште сум немала дечко или мувач,па никому ништо. Можеби некој не се согласува со ова мислење,ама според мене многу е рано на 11-12 години.
јас мислам 16... добро така ми кажаа дома на 16 да си фатам прв дечко и затоа првиот ми беше на 1 септемви кога почнав 2ра година.. хахахаха ептен ги почитувам
pa neznam, vo denesno vreme od 10 god. fakjaat deckovci, se muvaat.. :О ali sepak mislam seka idelno vreme za fakjanje decko e 15-16 god.
Уште 2 месеци ќе наполнам 16. Дечко? Се мачна на леб тоа ? Никогаш не сум имала дечко, и никогаш не сум правела нешта само за да не се делам од системот, си уживам без дечко, ми се гади кога ќе видам девојчиња на моја возраст како се лигават и трчаат по машки, и после 2 недели раскинување, веднаш нов. Ало, деца, ќе ве јаде баба меца Инаку не е дека не сум привлечена од спротивниот пол, ама не сум нашла сеуште некој интересен на кого би трошела нерви и време