Прав македонец никогаш не ја јаде бонбоњерата што му е поклон,него ја поклонува на друг и се така в круг додека не се расипе.
"Во саботите ми се допаѓа да излезам! "- вели некој."Во неделите сакам да спијам! "- велат другите."Ние никогаш не сме биле заедно! "- вели девојката.Некои велат дека никогаш нема да постигнеш ништо, додека други велат дека играчите на телевизија се подобри од тебе."Почни да размислуваш за факултет и работа! "- ти велат родителите .Но, размисли, дали сите тие знаат ......... што фудбалот всушност ми значи !?.Што знаат за тензија и нервите кои не даваат сон ноќта пред натпреварот ? Што знаат за чувството кога ќе победиш или ќе постигнеш гол ?! Што знаат за натпреварите кои сте играле болни или ПОВРЕДЕНИ? Што знаат за УДАР И БОЛКАТА што ги поднесуваш? Што знаат за нервозата која ја чувствуваш кога седиш на клупата? Што знаат како е да победиш или изгубиш натпревар 5 минути пред крајот? Што знаат што значи кога истегнуваш 20 минути пред натпреварот ? Што знаат колку е лошо кога треба да паузираш поради ПОВРЕДА? Што знааат за ладен туш ? Што тие знаат колку го сакам овој спорт!? Трева,терен, трибини, 10 соиграчи со вас, 11 против тебе на другата страна....луѓе кои те поддржуваат,луѓе кои те навредуваат,една топка – еден клуб ! Ова е мојот живот, што знаат тие? Многу луѓе велат: "Фудбалот нема никаква врска со животот".Не знам дали тие знаат за животот, ама за фудбалот дефинитивно не знаат ништо ! Многу лесно да се критикуваат фудбалерите. Многу луѓе ги гледаат како лоши уфилмани простаци без образование, со лош начин на изразување и многу други работи ... но, никој не ја знае жртвата која ја поднесуваш за да играш фудбал. Зад еден фудбалер има пропуштена младост за да го реализира својот сон.Ги губиме семејните моменти, ноќите надвор, летото ... Но, луѓето не го гледаат тоа - само зборуваат да трчаме по топката и да постигнеме гол. ЗАТОА, КОГА ЌЕ ВИДИШ НЕКОЈ ФУДБАЛЕР -АПЛАУДИРАЈ МУ! ЗАТОА ШТО ЗА ДА СЕ ДОЈДЕ ДО ТОА, ТРЕБА ТРИ ПАТИ ПОВЕЌЕ ТРУД ОТКОЛКУ ШТО ТИ МИСЛИШ !!!!!
Се извинувам ако веќе некој го има постирано статусов. Крај на светот – настан кој сега веќе традиционално се одржува на секои 3-4 години.
Гледам на National Geographic Chanel сонцето ке згаснело за 4-5 милијарди години и си велам морееее таман ке влезиме во ЕУ и еве ти нов проблем...
Најголема иронија на денешницата е граѓанин на Скопје да зафркава Велешанец за загаденоста на воздухот... ))
Пред нова година во 23:57 Дечкото: Те сакам Девојката: и јас тебе во 00:30 Дечкото: Те мразам Девојката: ама, нели рече дека ме сакаш Дечкото: е да, ама тоа беше лани