"Постојат луѓе од кои не можете да си отидете. И такви на кои секогаш им се враќате. Постојат и оние од кои вие сте отишле, а тие сеуште се со вас. Средби, состаноци. Случајни и намерни сопатници. Истопени пријателства. Промашена љубов. По некој испуштен знак. Каде тебе да те сместам? Во оние од кои не си одам или во оние на кои секогаш им се враќам?"
Со мојата жена многу се разбираме и секогаш имаме консензус.Кога имаме различни мислења го земаме во предвид нејзиното,а кога имаме исти мислења го земаме во предвид моето Како што ги запознавам луѓево се повеќе ги сакам животните
Ќе напишам на сите цигли на светот:"Те сакам" и ќе посакам барем една да те тресне по глава за да видиш колку боли кога некој те сака!
Седам дома и ја слушам мајка ми "Ти е гајле тебе, само лежиш, јадеш и спиеш" Таман да почнам да се правдам, глеам она на кучето му зборела.
На фејсбук пријател ти е? -Не, аргат ми е на Farmville. -Ало бабо... -Ти најдов едно момче,инструктор за скијање е. Цела фамилија му ја знам. Лесно беше порано, некој ти ја свиѓа симпатијата и ти одма пушташ муабет дека има вошки... Не дај боже да и кажеш на мајкa ти дека немаш шо да облечеш... Ќе ти извади ролкa од седмо одделение.
Има три спортски дисциплини во коишто и ние македонците сме прваци: Подигање кредит, Пливање во долгови и Прескокнување на рати...
Одговорна сум само за тоа што ќе го кажам, а не за она што ти ќе го сфатиш. Не се нервирај ако другите лошо зборуваат за тебе,и пчелите секогаш напаѓаат на најубавото цвеќе. Не се радувај ако ме видиш на дното ... и змијата ползи, ама сите и се плашат Не се дерам само се обидувам да ти објаснам со појака емоција
Хулиганите од Орце и Корчагин се пцујат: -Да го јадеш финалниот отпаден продукт од варењето на храната! -Вагина ти матер! -Е сега веќе ја претера.Дај боже да добиеш 4ка на тест! -Ти да поминеш со просек 4,93 на крај!
Животот се дели на 4 дела: сакање, страдање, борба и победа. Тој што сака - страда; Тој што страда - се бори; а тој што се бори - победува!!
11 годишно девојче напишало статус: Плачам како дете. Па како што друго можеш да плачеш ма ненормална? Помина времето кога ти го знаев ѕидот на фејсбук на памет...