Слушам си ми вадела муабети, сум била ваква таква, а не си ме видела со свои очи. Искачаш со дечкото а мене ми вртите со скриен број,ве интересира кај сум,со кого сум излезена. А тебе секој те знае и те става во уста, повеќе и од GOOGLE си користена.
Кога одам по свадби постарите ме тапкаат по рамо и ми викаат "Tи си следен". За да им вратам, почнав да им го праам истото кога идеме по погреби... xaxa
Основна состојка на чоколадото е КАКАО. Какаото е всушност ДРВО. Дрвото е РАСТЕНИЕ. Што значи дека чоколадото е дефинитивно САЛАТА. Крај!
Незнам што е со незадоволството народе Македонски, состојбата во Македонија е многу подобра сега отколку што ќе биде за година дена. Легнете порано за утре да го фатите редот во заводот за вработување.
Возам си вчера по патот и гледам еден човек дига палец... колку ми стана мило некој да ми ја лајкне колата )
Љубовен статус: Чекам да се судриме во некој ќош и да ни се растурат книгите по земја, па да се испцуеме класично македонски, пошто кај нас она од филмовите не функционира...
На милка чоколадите кравата не е за украс, туку да ве потсети на што ќе изгледате ако премногу ги јадете...
Интернет е... Кога таа го лајкува тој шугавиот... А мене сликата ми искача на Home Page и сакам да ги утепам двајцата со хебла.