1.Полесно е да се насмевнеш, отколку да објаснуваш зошто си тажен! 2.Најголемата човечка слабост е тоа што секогаш сака да го дознае, она што воопшто не сака да го знае. 3.Соништата не се остваруваат така лесно, но ако останете само на зборовите, без акција, и навистина нема да се остварат. 4.Жените се нервозни само кога: ќе добијат, нема да добијат и пред да добијат. Иначе се супер! 5.Осум од десет Македонци живеат под стрес, а другите двајца во странство...
Биди машко пиши му прва.Можеби ќе му порасне курето. Колега шо имаш завршено ти ? -Право.. Епа земи количката со малтер и терај право кај мајсторот! - Што јадеш? - Пуканки со вкус на праска. - Еј никогаш не сум пробал такви. - Ни јас... дур не ми се истури сокот врз нив. Како педерите ја викат позата 69? - Јајца на око. Некои луѓе ми е грев да ги наречам по некое животно,ќе го навредам животното не за друго..
Darko Lesoski Ти го изговарам името и галоп невидливи коњи излетуваат од зенициве кај тебе под коленцата да ти се поклонат. Ти го изговарам името и моето име од именка глагол станува. Џежам името твое на глас кога го изговарам. Печам. Ти го изговарам името и од сите предци мобилните броеви на небото им ги знам. Името јас ти го изговарам и во крвта најблагите рецепти од прабаби можам да ги прочитам и да ти ги дадам. Ти го изговарам името и срцето ми се собира, љубовта ми вришти и умира уште пред зборот да го довршам. А. Само останува од името твое. А од името твое останува во воздухот како Хирошима. Како ехо од човек кој вриска во глува ноќ со полна месечиња дури волци го растргнуваат на сртот од шумата. А. името твое и ехото останува Аааааааааааа вришти. Шајки на дланкиве ѓаволот ми кова. Му се смеам. Вели заборави ја и јас ќе те пуштам. Му се смеам. Ти го изговарам името и душава станува чалга што писка! Пишти душава името кога ти го изговорам и устава лачи крв наместо плунка. Ко да ти треба. Како во мене внатре да те пушта. Името ти го изговарам кога не можам, а сакам да дишам. Шајки на дланкиве ѓаволот ми кова. Му се смеам. Вели заборави ја и јас ќе те пуштам. Го залапувам, та со крв од устава го пљукам. Во очиве сите лудила како врзани добермани ги чувам. Името ти го изговарам. Ми се случува понекогаш наглас името да ти го изговорам. Насамо. Ѓоа ќе ме спасиш да не полудам. Ѓоа си светица која само јас ја знам. Ѓоа ќе ме спасиш. Ѓоа ќе ме чуваш да не полудам. Ѓоа те имам. Името ти го изговарам насамо кога ми е страв од светот и од мене самиот наглас. Името јас твое наглас ти го изговарам кога ми е страв да не полудам и ништо не ми е поблиско од тебе. Ни татко. Ни мајка.
@123malecka123 Можеше да ги напишеш сите мислења во еден пост, нема потреба вака. А, и попрегледно е! Се извинувам за офф...