За да ја воодушеви девојка му и кажа дека има богат вујко ... Сега више не му е девојка,сега му е вујна!
Се си мислам дека војската на Цар Самоил сама си ги извадила очите, со оглед дека биле Македонци. Мајка му на Жерновски имала болки при породување. Каков е тој човек што малтретира родилка?!?! Македонски апсурд: На ТВ има се повеќе емисии за готвење, а народот се помалку за јадење. Кој работи и греши. Среќа 300 000 што не работат! Абе кај нас толку е поделен народот што еден човек да земе да игра тенис со ѕид, пола за ѕидот ќе навиваат! -Како е во Македонија? -Паа.. не можеме да се пожалиме. -Тогаш значи не е лошо.. -Не. Реков дека не можеме да се пожалиме.
Лекот за рак и сида можеби е напишан некаде во Terms and Conditions, а ние не сме го откриле бидејќи не ги читаме..