Никогаш на никого не кажувај му каде те боли... Никогаш на никого не кажувај му кога си ЗАЉУБЕН... Зашто луѓето се зли ќе те ПОВРЕДАТ онаму каде најмногу те боли.. И ќе ти го земат она што најмногу го сакаш !
Брат, најголема глупост што сум ја направил: купив мерцедес C класа со темни стакла, и сега цела зима возам со отворени стакла за да ме видат дека сум јас.
Кризата стигна и кај мене... Јадам мувлосано сирење, пијам старо вино, возам кола без кров... Што е врв на финансиска криза? Кога влагаш во кинеска продавница и велиш – „Ништо, ништо само гледам“.
Ако ти е тежок животот помисли дека на некое дрво му требале 20 години за да порасне, па се трансформирало во Мајли Сајрус тетратка.
Мамо дај пари за кафе... -Седи дома, јас ќе ти сварам. Таа беше бесчуствителна... Лупеше кромид и се смееше... Ние дома кога ручаме, заедно ручаме сите:јас, мајка ми, татко ми, Аси, Дефне, Сухејла, Кемал, Исан, Мехмет, Султан Сулејман , Хурем, Асан. Тажен си? Ќе помине. Среќен си? Ќе помине. Глуп си? Е тоа малце потешко... Ало, добар ден, УЈП? - Да, повелете господине! - Врата на Југото не ми се затвора! - Останете смирени, веднаш доаѓаме.... Зошто Влав не купува Кока-кола? - Затоа што на шишето пишува „СПОДЕЛИ“. Синоќа сонував како цепам дрва , среќа што се разбудив иначе кој ќе ги редеше !