Не памтам добро, пошто на крај беше ужасна, али околу 3 години... Сепак, си ја сакам сегашнава од 1 година и 2 месеци
Ако ти не си за долги врски тогаш јас воопшто не сум за врски. "Најдолгата врска" (не знаев на што попрво да ги ставам наводниците дали на најдолга или на врска па се решив да ги ставам заедно ) ми траеше една цела недела и тоа пред 4 години. Аплауз! А оттогаш не сум ни била во врска.
Најдолга врска без карање година и 9 месеци, а најдолга врска ама со прекини 4 години и двете ми траат паралелно, ќе видеме до кога
Мојата врска е 6 години и 2 месеци, не сме се скарале за да раскиниме никогаш, сме биле наљутени ама било и поминало. Заедно пораснавме, од 18 години сме заедно. Го сакам премногу а и тој мене
Година ипол со мн карање али го сакав поише од се... После него неможам да најдам дечко иако се трудам али ми траат најдолго пола месец...
Сегашната - 4ипол години. Вака кога ќе го кажам тоа изгледа многу, ама не ни осетив кога помина времето.