Работење 8 часа не е многу, тоа е нормално работно време. Не му робуваш, газдата ти дава плата, плаќа придонеси, и даноци. Сите нашинци кои одат во Хрватска работат повеќе од 8 часа на ден, 6 дена во неделата, во Германија заварувачите по 12 часа на ден, во Швајцарија сите кои биле се чудат како тоа многу се работи, во Франција, во зори излегуваат од дома, а се враќаат дома во 17 часот, па ако почне од 7 до 16.00 или 16.30 часот работи, колку часа имаш тука? Празници нема како кај нас, помалку има. Еее, ама затоа имаат економија, 9-10 часа ефективно работат, а овде многу било 8 часа, при што на работа се стига со доцнење од 15-20 минути, два пати се пие кафе, имаш две пуш паузи, и најмалку пола час се прераскажуваат свекрви, деца, породувања, кредити итн. Е тоа е канцер на нашето општество, а не 8 часа работно време. И на Блиски Исток тие што работеа имаа ангажман од по 10-12 часа дневно. Тие со мало познавање на јазик работеа прости работи, кои се помалку платени, а тие со добар англиски и вештини се напикаа кај Американците да водат административни работи, и 2.000 долари и 6.000 долари месечно не е исто. Едниот само си реновирал куќа на пример, другиот купил стан овде и стан во друга земја каде ќе има поволности за земање на државјанство. Ај речете дипломата била да и се плукнеш, како не. Жени што 39 години работеле во текстил и чевларство земаат пензии од 9.200 денари. Тука ве читам, сметка струја во стан била 10.000 денари. Значи тие немаат ни за струја, не за друго. Сите кои работеле по судови, образование, и други поплатени работни места земаат околу 20.000 или над 20.000 пензија.
Немам наследена фирма од родителите, со вереникот свој бизнис си направивме и дипломата за ништо не ми служи. Само за чалам, дека сум завршила факултет. Ден заработка со неа немав. Може и сум одбрала неперспективна струка, посветен студент бев, на време завршив, со просек над 9. Не можев да си најдам работа со факултет, зошто немав врски во Северџанијата. Од 0 создадов нешто сама, со кредит од банка и еве некоја година подоцна си купив своја кола и свој стан. Со овој памет немаше да губам 4 години на УКИМ.
Отидовте во друга крајност. Не треба сега да ги извишуваме луѓето кој работат повеќе од 8 саата, пошто они не се вредни туку се буквално измачувани и работат толку од што мораат. Не кажуваш ништо паметно со тоа што величиш утепување од работа. Луѓето не се на светов за само да работат. Точно е дека проблемот во Македонија е што се работи неефикасно и мрзеливо ама целото наше функционирање е демотивирачко. А дека 8 саати ден да дремеш на работа е многу, навистина е многу. Тоа што станало нормално, не значи дека така треба да биде.
https://forum.femina.mk/threads/УКИМ-падна-за-101-место-на-рангирањето-на-cwur.31740/#post-6069155 Kakvi se ovie dezinformacii!!?
Ми гледа многу комплексаши на темава ОК луѓе, не викаме дека сте помалце вреди пошто не сте завршиле факултет или што и да е, на сите ви посакувам да сте успешни без разлика на се, ама тоа што вие го омаловажувате трудот, знаењето и придобивките од завршениот факултет е повеќе од очигледно дека е ради лични фрустрации. Сигурна сум дека ако детето утре ви рече дека сака да студира нема да му речете остај џабе ти е, седи си со средно. Може да му сугерирате дали сметате дека нешто е перспективно или не, ама не сум сретнала родител што НЕ САКА детето да му е со повисок степен на образование, не за чалам, туку за можности.
А, што би можел да работи обичен општ гимназијалец? Некој што нема желба да е претприемач или слично? Или ќе е бутик или маркет или слично. Со стручно има пак поголеми шанси, а гимназија што ќе прави? Знаете дека на крај на денот без образование сте ништо. Колку сакајте тешите се. Искуство е едно, бизнис друго, ама образование е нешто есенцијално.
Никој не може да ви го одземе знаењето што го стекнуваш со факултет. Што и да учиш стекнуваш многу ново искуство, надополнуваш вокабулар, се запознаваш со луѓе кои се интелектуалци.Тоа значи понатаму во животот. Немаат сите амбиција да отворат бизнис односно не на секој му е амбиција стриктно пари. Луѓето ги интересира науката, лабораторијата, технологијата, уметноста, јазиците и тие знаења се продлабочуваат на факултет. Затоа секогаш сум ЗА човек да надополнува знаења и секој да си бира тоа што му лежи на срцето. Верувам дека патиштата се отвараат ако се трудиш за знаење, макар и тоа да е преку курсеви, ама и тоа е образование. Затоа и во претходната дискусија за фармација, велам дека тоа знаење што го стекнуваат 5 години нема да биде за џабе, побогу наука се учи, научници се тоа макар и во аптека да ја започнат нивната кариера.
Никој никого со сила на ништо не тера. Тој во Авганистан, земал пари колку што обичниот македонски работник не земал цел живот. Изборот е на луѓето, сакаш работи, сакаш не. 8 часа не е многу, тоа е нормално работно време. Никого со сила не го натерале да оди во Хрватска, Германија, туку виделе дека овде не се задоволни, па одат таму. А таму нема бирање, и што повеќе работни саати, толку повеќе пари. Колку да биде работното време, 3 часа со 1.000 евра плата во Македонија?
Ама треба да си среќен ако завршиш за осум саати, зашто често не се толку. Инаку за милионеркиве од тука, да ги потсетам дека тие што вложуваат во свој бизнис, додека да стигнат на повисоко скалило мало морген што работат три саати на ден и после си лежат. Е сега ако сте нечии ќеркички тоа е друг случај.
Многу добро напишано - но истото важи за нормални земји... Познавам многу луѓе што кај нас завршиле тешки факултет со јак заслужен просек и неможеле да најдат соодветна работа т.е. работат нешто за што не е потребно ни средно. Да учиш нешто бидејќи нешто ти е во доменот на интерес, а немаш перспектива - не е баш паметна одлука. Времето е најскап ресурс, тоа обично се сваќа кога ќе се изгуби истото. Затоа мислам дека треба да се одбере факултет со кој има перспектива (кај нас - Медицина, ИТ, и по некој смер на техничките или економскиот факултете), а ако сакаш да работиш во друга област - тогаш странство.
Какви 3 часа, какви 8. Познавам бизнисмен кој има успешен бизнис и тоа над 10 години. Па луѓе, тој дома оди само за спиење, а во 5 години еднаш на годишен одмор. Тие вработени во угостителски објект треба некој да ги држи под око. Извинете ако сум досадна, ама од форумот ако читаш, се е лесно, бизниси се прават со 1 одделение, и затоа 8 часа се многу. Што се Швајцарците или Французите понеуспешни од нас, во што се полоши ако работат по 9-10 часа на ден? Едни од најбогатите нации се Швајцарците.
Ама има и разлика од осум до осум. Некој е осум саати на нозе, оптеретен со работа, друг пет кафиња пие во тие осум саати.
Не се воопшто согласувам. Не сме сите за медицина и ИТ, ако за тоа не не бива или интересира. Никогаш не е доцна за ништо во животот. И самите сме сведоци на милион различни примери. Луѓето завршуваат факултети и работат нешто трето (во добра смисла) - кариерата ја одредува нашиот труд, интереси, конекции со луѓе, а не смер на факултет. Жално е што во Македонија нема можности онолку како што би требало. Ама не сме сите за исти работи. Кажете ме наивна, ама ова е од свое искуство и цврсто верувам во ова. Ама не е се за пари, не е се за финансиски успех. Луѓето не се роботи. На што личи тој живот само за спиење да идеш дома? На западот се работохиличари секако дека најмногу работат и највеќе пари ама тоа ли е квалитетен живот? До тука ли стигнавме да цениме измачување демек значи труд?
Aма тоа што се навикнати да бидат ефективни по 9 или 10 часа, не е измачување. Какво измачување? Сите имаат подолг просечен век од македонскиот, мислам за европските нации. Никој никого не измачува и не тера со сила. И на крајот кој повеќе се мачи, тој во текстилот со минималец, со дигитрон во глава, го смета секое денарче, или тој што 5 години работел во Германија, ги жртвувал тие години, купил дом, средил, има и готовина за живеење и е релаксиран. Никој никого со нож под грло не тера на ништо, и затоа имаме и луѓе во 50 години, со долг работен век позади себе, немаат пари да си купат стан со едно сопче плус. Па толку „работеле“. Оделе на работа, не биле ефективни, не се труделе да преземат ризик, да сменат работа, или да напредуваат, иЛи една година работам, три не работам, и ефектот е тој, животот поминал, ама немаат ни услови за живот. Изборот е на луѓето.
Се согласувам дека секој треба да учи и работи тоа што сака, е преодреден и што го интересира, но сепак неможе да се игнорира пазарот на трудот -се разбира освен ако не си материјално обезбедена па да учиш за занимација. Во Америка, а и ЕУ секоја година се објавува детална листа на сите занимања со 10 годишни предвидувања за која ќе биде потребата од нив, на кои локации, кои вештини ќе бидат потребни... па секој може да си размисли и донесе одлука како ќе си живее. За тоа дека никогаш не е доцна во животот делумно се согласувам, сепак не е баш згодно да вложиш 5-6 години од животот и да бараш уште 3-4 години работа (по струка) и да не ја најдеш, а кога ќе ти требаат најмногу пари за да си најдеш и опремиш дом и основаш и изградиш фамилија, да се држиш до тезата дека никогаш не е касно односно да бараш начин како да се иселиш од државата или преквалификуваш (за што прашање е дали ќе имаш време и пари). За опциите во државата, за жал целосно се согласувам .
Мислам дека сите се согласивт(м)е дека во Македонија фармацевтите најчесто се вработуваат во аптека. А тоа секако дека не е најголемата желба на еден магистер. Така да, фармација кај нас, дефинитивно не е перспективен. Инаку, кога ја читам @ph.orhideja за можностите за работа, како да не живееме во иста држава. Да имаше навистина толку можност за развој и кариера, никогаш не би се преселила.
Пензијата се пресметува врз основа на висината на платата односно нејзиниот просек и годините стаж, така што за да зимаш 20 илјади денари пензија, најмалку 500 евра треба цел живот да заработуваш. Работата во суд или во образование не значи дека ќе ти обезбеди толкава плата, така што не е така црно и бело. Супер, честитки! Ама од технички аспект, зошто дипломата не ти вредела? Некомпатибилни ти се бизнисот и струката што си ја избрала?И зошто не си одбрала да си отвориш бизнис врзан за факултетот, така сигурно би го искористила знаењето? Корисноста на факултетот ја гледаш само во денари? Како знаеш дека за десет, петнаесет години од сега нема да ти се отвори прилика да го искористиш тоа што си го учела? Бизнисот само вас двајц ве вклучува или имате вработени? Им плаќате придонеси, фер плата? Кредит од банка зема само кредитоспособен значи човек кој работи, со хипотека или жирант, не исполнуваат сите такви услови. Прашувам оти ме интересира, не мораш воопшто да одговараш ако не сакаш. Бизнисот значи да создадеш нешто за себе, но и за некој друг. Бизнис не е да бидеш уште еден во низата кој ќе експолатира луѓе и ќе заработува на нивен грб, а потоа ќе се фали со тоа. (ова не е коментар за тебе Лана, чисто да се разбереме).
Доменот на интерес се менува. Моите интереси се сменети од времето кога имав 20 години и учев едно и реалноста сега, кога имам 40 и учам друго. Зошто? Затоа што природно е човек во две децении да се смени, исто како што се менуваме физички, се менуваат и надополнуваат искуствата, знаењето, интересите, а и приликите. Перспективата не е апсолутна константа. А времето е човечка измислица, само кај нас човек на 50 мора да легне и да умре, во светот имаш и Универзитети за трето доба, односно за пензионери и фантастично им оди, така што и времето не е е фактор. А ако зборуваме за перспектива, не мора ни основно, земи тркалај топка, стани фудбалер, тркалај милиони и тоа е тоа.