Често пати среќавам скриншоти на твитер каде се исмева некој што им пишувал со глупи или сељачки фори на пример zdr kykle и слично. Некои го сфаќаат како навреда да се објавува, па демек не заслужувале веќе тие никогаш да им пише некој и не знам што, но според мене има доста смешни пораки што до сега сум ги добила, а и прочитала од другарки што им пишале, па мислам дека доста ќе се смееме во темава. Само без скриншоти, цитирајте го најсмешното додворување до сега што сте го добиле
@Dream-Girl Нешто посељачко од тие излитени додворувачки фори се принцезите и принцовите со круните на главите кои ги сликаат пораките и јавно ги споделуваат или препраќаат на цело друштво. Амин Ете, зел некој, па им напишал порака, собрал храбост, може долго време му требало да се одлучи да пише, стварно му се допаѓала личноста, нешто просто и едноставно. И наместо едноставен блок, бришење на пораката или културно одбивање, не! Ми би да будемо сељаци на квадрат, али сељаци с'с тијару И после, немало никој нормален да се додворува. Епа зошто и да има?
Ја уништи темава од старт Сеа никој нема да споделува пошто ќе се осеча ко сељак. Јас се спремав со скриншотови, пораки, цитирав, копирав.... Ама прочитав што си пишала и сега не објавувам... Да бе, после муабети ќе ми вадат дека сум селачана (со меко Л)
@JollyGirl Епа ај ќе си го земам постот и на крајот од тунелот ќе ве чекаме заедно, за да ви пресудиме п.с Мислењето не ми е само став за појавата, туку да не се отвараат теми што поттикнуват одобрување на вакви работи со меко "л"
Ништоооо ја скина темава Па ти цитирај ги моите пораки што ти ги праќам по ЛП со маче и кукле Инаку сега моментално дур пишувам, зад мене во автобус седи некој и ми ѕирка во телефон Позз селачано... Што прочита битно?
Може само да се убацам онака? Меко л всушност е љ како во леблебија. What you're going for веројатно е тврдо л како во лук. Ако не е така, длабоко се извинувам.
Не користам интернет поради огромните обврски, ама сега кога веќе го користам нетот барем нешто паметно да излезе, дали сакаш да искочиме на кафе, те молам пиши ми. Delete or Ignore Delete...ајде мрш таму.
Добив порака со следнава содржина и ден денес ми е во главата со цимерката легнавме од смеа. Mnogu befte ubafa na studentskava, dali sakate da se zapoznajme? pozdraf
Барем тие некои колку и да се смешни се обиделе да бидат нешто или да направат да бидат утчиви и да се додворуваат... И 99.9 % од нив се машки и ја погазиле гордоста и пишале на девојка...без разлика на резултатот. А тој 0.01 % што прва пишувала девојка прво ке се консултира баш со пола град дали да се додворува....ако бараме Нзс.
Проблемот кај тие машки не е што ја "погазиле гордоста" туку што се пуштаат на која ќе стигнат. Па кај ќе упали упали... А и колку што знам во природата на машките е да се додворуваат нели, пошто ако се пушти прво девојчето тогаш е к****. Е и вас не ви се наоѓа крајот..
"Те молам прифати ме, сакам да бидеме само пријатели." И ми пратил линк од песна од Ламбе. Некој чичко од 60 години.
Убаво кажав дека некои мислат вака, секој има свое право ама ај да не ја расипуваме темата и нека остане само за смеење
Мене еден на сликата на инста стори што ја имав ставено(селфи) ми пиша "веѓите убави твои прекрасни" Многу се смеев ама нема подобар комплимент П.с има уште многу што ми пишувале глупости ама овој го памтам најмногу
Ти викаш дека ако се пушти прва е к***а јас не спомнав дека ке ја сватам така а и не гледам некој машки коментар со тврдење како твоето. Сепак секој има свое мислење и став за се.Поздрав
Не е убаво да исмеваш на некој што се гледа дека се труди, на пример не се изразил убаво или направил граматички грешки во пишувањето, тука срам треба да му биде на тој што јавно го брука, ама оние сељовцине што се пуштаат на се што мрда и тоа како треба да се зборуваат. "Земјотрес си" Е ај не се смеј на ваквите, Од смеење дури и да заплачеш.
Темата е за смеење стрикно. Не брчете. Во ред е тоа, ама брате 21 век сме со туторијали како да освоиш девојка и некој ќе напише маче, кукле незнам ти шо? Ајде бегајте бегајте тамуууу не ги бранИ ти НИМИ..