Ми дојде идеја од пејџот Македонци на интернет (поздрав до админите на истата и на слични на неа, легенди сте дечки дефинитивно ), па кога имаме тема за смешни додворувања во инбокс - зошто да не и за најсмешните јавни брукања по социјални мрежи? Значи, постирајте скриншоти од смешни постови и коментари на фејсбук/инстаграм/јутјуб, може некои веќе објавени на оваа, на Камај или слични страни или пак нешто што сами сте уловиле, ама обавезно со скриено име и презиме (ако ги има). Може да се смешни постови од оние женските јавни групи со бесмислени прашања, коментари на линкови од вести/статии (за жолт печат, научни, ај и политика нека е) постирани на сајтови на медиуми и сл. Пожелна е латиница, лош правопис, барање и давање совети со чудни бабини деветини, прашување за цена на сајтови на продавници, склоност кон теории на заговор и слично Да е нешто смешно, не карање, пцовки или веќе трагичен левел на простачизам и алармантно размислување како оние коментарите за туристката силувана од овчар на пример Оние со лоша смисла за хумор што ваквите практики ги вклучуваат во дефиниција за потсмевање, слободно нека ја прескокнат темата и нека се воздржат од коментари Ако стварно не чини, нема смисла или не поттикнува интерес - Реин нека одлучи Изволте
Ма нема послатко. Омилени ми се мамичкиве што не го членуваат 'бебе' кога треба. А, да и кога пишуваат мм за маж ми, пошто е предолго за куцање, па мора фамознава скратеница. ♡
Јас не ја сфаќам поентава со пеењето зборови. Какооо мозесссс да писуваассс вакккаа глупацххоо едннааа.