О Божеее колку се мрднати. Само ме интересира на кој начин ќе му ја растурат магијата, дали исто некоја друга невеста треба да биде таа која ќе ја растура? #прашањаштомемачатинемидаваатмир
Сигурно се шегуваат овие, нема шанси да се толку заостанати Значи ич не ми е верно некој во 21 век да е толку глуп.
Па богами не знам, дали вистина се зафркаваат, дали админите намерно пуштаат вакви ретардирани постови за да покренат дискусија и да има демек хумор и да ги закачат на портали, да привлечат внимание или пак вистина се до толку глупи и заостанати. Со ваков народ, веројатноста е дека се од ова може да е точно, ништо не ме чуди веќе.
Овие гарант се од некоја турска серија, опседната некоја оваа, главен проблем и е дали ќе се венчаат. Абе убаво викам ја, што арно им е, блазе си им на паметот, види ги кул колку се, е не ќе се нервираат, ќе му ја мислат за све. Баш би сакала бар на еден ден да сум ко нив, ме интересира какво е чувството.
Се превртува у гроб Гоце кутриот, какви идиоти сме станале, глупаци на квадрат, после Цацко ни е крив за се. Абеее и ние сме за стап ама ај. Нереално е дури колку сме затуцани. Шо им е на луѓево вакви што станаа? Им одлетале чавките скроз, да ти е срам со кого делиш воздух.