Мислев дека до сега се сум видела , ама дека ќе видам плеснати улошки во групине за мамички и домаќинки не очекував дека ќе видам. Жени бре, имате ли грам мозок? Spoiler
Да се исправам, не било влошка, туку тоалетна хартија што се избришала дотичната . Треба да праша каде да направи психолошки тест, а не тест за бременост, IQ еднаков на температурана надвор!
И тоа имам постирано во темава, мислев дека од тоа нема поужасно нешто, но видиш и тоалетна хартија што се бришеле долу почнале да објавуваат. Види па како ја фатила хартијана жити господ, замисли оваа јадење да ти прави. Уште хемороиди не видовме, очекувам во иднина да стават слика со расчепатен газ полн со хемороиди. Дефинитивно на некои жени им треба ресоцијализација!
Добро, кој ли воспитувал и израснал вакви изроди??? Како не им работи мозокот до толку?Анонимна женска, арно ама мозокот не и е сменет, џабе анонимноста.
А админката што го објавила нормална е? И таа бетер од неа е, од ваквиве да ти е срам да си женско! Глуперди!
Покрај ова, мене ноктите ми се број 1. Може дека не се грозам од пелени (многу имаат ставено до сега) ама кога ќе видам нокт распаднат, со габична инфекција, а на фб на група ставен и тоа зумиран Бог да чува се жениве, ко да нема доктори, после се лутат што ги има по портали и форуми.
Немам коментар. Подолно не може, основна свест и осет да се немало. Среќа , не членувам во групи и не среќавам вакви чудаци од жени.
Да не беа тие групи немаше да знам дека има неандерталски жени, замисли до сега во реален живот немам сретнато ниедна таква.. Не знам ни сама како сум се нашла во многу групи, а не сум побарала прием и ќе останам таму се додека не се доуверам дека човековата глупост нема граници.... Ова е мизерија, тешко на тие деца што треба да ги воспитуваат овие.....
Во право си, точно така си е. Мајка ми била членка во Женски дом.муабети ( така мислам е) таа беше вчудоневидена што се не прочитала тамо, не и се верувало дека до толку може да се биде испод секое ниво и ја напушти групата за брзо. Буквално што не можеше да помине преку мизеријата што владее тамо. Јас бев во групата- Здравјето на дланка и кога беше убедувањето ( никако не смее против ) за чудотворниот лек за сите женски болести- лук во вагина и цела постапка, мислам што понатаму да пишам. Баш, тешка мизерија. Луѓе се лекуваат од такви лудаци и нивни гугал лекови.
И јас бев во здравјето на дланка се додека не видов дека админот на групата ги убедуваше луѓето да не ги пијат лековите што им ги препишал доктор, туку да јадат само сирова храна , во тоа бил лекот, дури и нападен беше да го поткрепи тоа негово тврдење. Како може да си игра со човечки животи?