Овој сега. Близок заболен од корона, жива глава едвај спаси. Родител со тешка повреда, неколку скршеници. Внуче кое се бори за живот. Мажена, а не сме се виделе со маж ми месец и пол. Тој е во еден град, јас во друг. Притоа заболува и тој од корона. Бессрамни игри и лаги од свекрви золви, чуда. Без работа сум, дома затворена, чекам да заминам надвор. Средувам документи ама со коронава малку потешко оди. Се мажиш за свесен човек, добиваш балканец. Едина светла точка- барем слабеам ради губење на апетит.
Периодот кога бев скарана со брат ми. Долги 4 год. Никогаш нема да си простам што го повредив и поминавме толку години збор да не си презбориме. За среќа се среди се Пак си имам братче
Во животот сум имала многу тешки периоди. Особено 2013 кога животот ми се смени од корен. За се што знаев, се смени. 2014 веќе беше моја година. Е сега 2020, смрт, многу болести во блиска фамилија. Изгубив некого и не можам да се помирам со тоа, а и за малку ја изгубив баба ми. Не знам искрено ни како преживеа. Финансиски тешка, но за тоа не ми е многу гајле.
Оваа година, овој јули. Обично летата ми беа омилени, но за жал 7 и 8 јули од оваа година натаму ќе бидат денови кога ќе отидам до црква, ќе пуштам солзи и ќе си запалам свеќа за ангелот што го носев 9 месеци, го родив и после еден ден одлета. Мислев дека ќе биде најсреќна година, прво чедо, многу подготовки, но останав со празни раце. Се вратив на секојдневните обврски, решив да одам исправено, храбро напред, да бидам благодарна што јас и моите сакани сме здрави и живи. Ќе поминат години, но лузнава на срцево ќе стои, се молам само да останам вака присебна и метално стабилна.
Годинава. Повеќе од една година го немам видено брат ми, кој живее во друга држава. Башка имаше и сообраќајка и беше буквално сам, немаше ни лет до таму... Јас со мојата здравстевена состојба никогаш полошо не сум била, што очи, што срце. што јајници. Никогаш да не се повтори годинава. 2021 те молам биди добра и за 2020!
Еден септември, мислам дека 2016 година кога цел месец мислев дека имам тумор на јајник. Една луда докторка така лабаво ми го плесна и ми рече да направам некои испитувања и да се видиме за еден месец. Очите си ги исплакав. Не ми беше за мене, се помирив, туку плачев од жал за моите колку ќе патат по мене. За среќа, лудата ми кажа дека мислела на циста и веќе не знаев што со себе, бев на второ мислење и среќа се беше во ред. Тој месец нема да го заборавам, најтешкото беше што не кажував на никој. Ве читам со тешки судбини и моменти и баш ми е жал, се надевам ќе останете силни За моја среќа, уште се немам соочено со тешки болести и смрт на ептен близок од семејство, имав поголеми проблеми од фамилијата на мм ама тоа е шала во споредба со ова другото. Дедо ми почина лани, го имав избришано од животот зашто и згреши многу на мајка ми, ме бараше да ме види за последен пат и не отидов. Ми падна претешко на погребот заради тоа, таму се покајав кога сфатив дека е касно и повеќе ништо не е важно. Но, за волја на вистината беше стар, болен и реално се спаси од болки. Колку и да е тешко, нека оди по ред.
Болестите на децата, особено работите коишто не може да се решат. Среќа, ништо од тоа не било од животно значење. Најголемиот страв ми е загуба на блиски, што среќа, не ми се случило.
Лани, Октомври. Кога заминував за Австралија, разделбата со моите на аеродром беше нешто најболно. Гледајќи ги како плачат, претешко ми беше. Сега со коронава што неможам да се вратам да ги видам уште потешко ми е. Друг тешок период смртта на баба ми и дедо ми, иако бев мала, премногу ги сакав и сеуште ми фалат и си плачам за нив некогаш.
Овај сега. Се чувстувам некако како заглавена на секој можен начин.. Несогласувања, немање свој дом со сопругот, живеење заедно со неговите, едноставно немам свој мир, финансиски проблеми... Се надевам 2021 ќе биде многу подобра со напредок на повеќе полиња во животот. ...
Потешко од борба со рак мислам дека нема. Како со самиот ѓавол да се бориш. Дали лично, дали во фамилија... Сепак, секој со својата борба. Важно е дека најлошите периоди се периоди. Поминуваат.
Моментално... Мажот ми треба да си замини од дома, самохрана мајка ќе бидам на две мало деца, сама во странство и овој период ми е мислам најтежок.. се што градев со години се распадна за еден миг.
Периодот кога почина баба ми. Да можеше таа жена да живее колку што би живеела јас би била најсреќна. Да можам да ја вратам сѐ би дала. И не дека тој период го сметам за завршен зашто и сега додека го пишувам мислењево имам чувство дека ќе ми викне да слезам в кујна. А 13 години се поминати. Но дефинитивно, дури се помирив со фактот дека ја нема веќе ми беше ужасно.
Истото го поминувам недела дена ... неможам да се помирам со фактот дека повеќе ја нема ... ах кога би можела да сменам нешто ..душава ме боли ...
2016,враќањето на болеста од татко ми,неговото мачење и патење и на крај го изгубив,кога и да помислам на него очите ми се полнат солзи,времето не залечило баш многу и мислам дека и никогаш нема за него,после смртта почна голготата со стерилитет што се надевам на пролет со здраво живо бебе ќе ја победам.
Оваа година. Престапна и ужасна. Високоризична бременост помината во стравови, расправии со сопругот, разделба, тешко породување и долготрајно закрепнување... пандемијава беше само капак на се. Раѓањето на син ми ми надомести за се и многу повеќе. Пред ова, најтежок момент ми беше смртта на дедо ми во август 2013г. по кратка битка со тешката болест.
Периодот од 6-то до 8-мо одделение. Иако мала, трајно ќе биде врежан и последиците и ден денес влијаат на моите одлуки. Би рекла и овај сега, но не би да го предизвикувам животот, мисли дека сум силна, а не сум. Секоја година ја барам претходната, секоја е се' полоша, затоа гледам да наоѓам нешто позитивно што можеби утре ќе ми недостига.
Животов, тркало. Периоди тешки еден по друг ме маваат, со смрт и болести мислам постојано сум опкружена. Почина дедо ми, почина баба ми, тетка ми фати рак, борба, преживеа тој пат. Мајка ми фати рак, пак борба, среќа успешна. По неа тетка ми втор пат борба со рак, три години од животов ги посветив на тоа да се избориме, неуспешно. И на крај летово и баба ми отиде. За здравјево мое да не зборам после сите овие стресови. И ништо друго во животов не боли толку многу колку близок кога ќе ти замине засекогаш.