Хммм... Кога личноста која најмногу ја сакав и од која најмалку се надевав ми зари нож во грб. Цела година плачев, паѓав во депресија, имав црни мисли, луѓето ги туркав од себе, не ми беше никој потребен, сама се борев да успеам да го надминам тоа, се борев со анксиозност. Некако успеав да излезам од тоа и благодарение на него ја научив најголемата лекција. Сега сум силна и повеќе претпазлива личност. Кога брат ми беше заразен од корона. Некогаш колку и да не се согласуваме и трпиме, сепак секое утро се будев во страв и гледав претпазливо дали е добар, дали дише, дали му се искомплицирала состојбата. Среќа на крајот се заврши добро. Периодот кога ги немав видено родителите подолго време поради короната. Секој ден се тресев од страв, не знаев кога ќе ги видам или слушнам. Ова се тие најтешки периоди.
Моментално. Татко ми почина дента на дочекот на Нова Година. Одненадеж, не се лечеше од ништо посебно, како секој 65-годишен. Сеуште како во сон да живеам, не знам како ќе се навикнам на оваа нова реалност без него
Сега ми е најтешко од секогаш. Бремена сум, имам дете и сопруг кој ме сака и треба да ми е најсреќен период во животот...но... на мајка ми и дијагностицираа неизлечив канцер. Ме кине болката и шокот. Секој друг проблем ми се чини неважен во споредба со ова. Како секој ден поминува, наместо да се радувам на раѓањето на моите дечиња, јас мислам како ја губам неа. Без симптоми, дојде до ова наеднаш. Татко ми и брат ми ќе останат сами. Не можам да се помирам со судбината
Овој период... Не знам како воопшто функционирам, како нормално можам да се смеам, ми се распаѓа.. несогласувања со сопругот, немање разбирање, љубомора, психичко малтретирање, избегав кај мајка ми со девојчето... работа во смени... во тотален хаос
Почетокот на оваа година ми беше најтежок период и сеуште не е целосно поминат. Мојот татко и мојата баба уште пред Нова Година се разболеа, на почетокот нивната состојба беше подобра, но како минуваа деновите се влошуваше, најмногу настрада баба ми, испадна позитивна на вирусот, во болница лежеше 3 недели, секој ден сите бевме исполнети со загриженост, страв, нервози (настануваа страшни конфликти дома помеѓу нас) не знаевме каде ни е главата, на сите страни проблеми. Татко ми 1ипол месец на боловање беше, прво проблеми со кичмата потоа и болеста, секоја недела по доктори и снимања и испитувања. Поради толку долгиот период пошто не беше испаднат од дома и толкуте грижи ситуацијата дома беше постојано напната. Од кога испадна баба ми од болница, грижите се смалија, но сепак нервозата и напнатоста сеуште е тука. Секоја вечер си плачам во тајност и размислувам кога ќе биде подобро, барам начин и мотивација за да го надминам ова, сакам некоја промена, нешто кое што ќе ми помага да не бидам секојдневно тажна, нервозна, депресивна и слично. Но сепак како што сум надминала низ преостанати тешки периоди во животот, се надевам и верувам дека и ова ќе го надминам.
Мојот најлош период .. кога трпев врсничко насилство .. булинг . Живеев во мрак . Се поправив 25 килограми а со сестра ми јадевме иста храна , количински исто . Таа витка и убава , јас грда и дебела .. Многу пати се изгладнував , пешачев со саати а потоа и вежбав на орбитрек , исфрлив благо , грицки и сокови .. често плачев кога останував сама . Целиот тој булинг ме доведе до депресија . Полека но сигурно , почнав да тонам . Помина и тоа . Сум имала многу лоши периоди во животот , но најлош ми беше тој . За сега . Верувам дека ќе има уште многу други лоши периоди , но сега не сум сама . Имам 3 срциња и 6 очиња зад себе , и морам како лавица да се борам со сите предизвици што ќе се исправат пред мене . За нив . Тие веруваат дека мама е силна и не се плаши од ништо на овој свет , особено кога се работи за нив . И до последен здив ќе се борам да ги оправдам нивните верувања .
Дефинитивно смртта на дедо ми и смртта на мојот најдобар другар, другар кој повеќе ми беше како брат. Уште не можам да се опоравам после толку години..