Овој период.. Некако се изгубив себеси далеку во минатото,на тоа место,во тоа време и со тие личности
2017-2018 кога друшвото ми сврти грб, другарката која ја мислев за најверна ми работела зад грб, а јас наивно и верував, смрт на дедо ми, финансиски проблеми, скршено срце, анксиозност,проблеми со тежината и многу многу ниска самодоверба. Се затворив дома и тешко ми беше да се вклопам со нови луѓе, едноставно се чуствував безвредно, знам дека пропуштив убави години тој период ама се тешам дека секој човек поминува низ таков период подоцна или порано и тоа дека денес сум смената од корен ме тера да продолжм напред и да ја поминам секоја препрека што ми ја спремил животот… денес се гордеам самата со себе што успеав од таа состојба да стигнам до оваа и така 2022 ми беше најубава година до сега и само посакувам и верувам дека 2023 ќе биде уште подобра
Здраво. Јас сум нова на форумов ама поприлично ве читав од претходно. Најтешкиот период од мојот живот..можеби го живеам и сега, не знам, иако психички се опуштив некако. Пред речиси 2 години почина маж ми ненадејно, во сон по претходни срцеви заболувања. На 30 години, на спалната во која спиевме со нашето бебе. Едно утро не се разбуди. Бевме заедно од средно и буквално животот не си го памтам пред него. Додека да се свестам што ни се случило, по 10тина дена, една ноќ дојде свекор ми да ме малтретира за пари, да ми бара од заштедата. Бебето у раце пишти, тој не турна на земја, трча низ куќата и бара пари, ме обвинува дека заради мене починал маж ми, пцуе и колне и по мене и по дете...се заканува дека ќе го викнел зет му да "ме дотера на памет"...не брка од нашата куќа, го нема маж ми, нема што да бараме веќе таму. Не знам како успеав да го грабнам детето и клучот од кола и у 1 ноќеска со дете зајдено од плачење возев 30км кај баба. У втора, со детето у скут. Во нашата куќа не се вративме веќе, уште живееме кај моите. Буквално све оставив како што си беше таа лоша ноќ. Следуваа месеци со секојдневно малтретирање од институции, старите сакаа да се направи нова поделба на имот, ме пријавуваа дека сум лош родител, дека немам услови да издржувам дете сама... моите и сестра ми беа со мене у најтешките денови, се посветив на работа. Кога мислев дека најлошото помина, загина другарка ми во сообраќајка. Еве 2 години минуваат, посетував психијатри ама успевам некако сама да се справувам со траумите и загубите. На гробишта ретко одам, а и не можам поради безбедносни причини. Дигнав кредит за станче, 50м2, ама наше,одвај чекам да се вселиме со моето човече, веќе станува момче. Да не ми е детево, ќе полудев одамна. Пошо на мои 30 години свашта преживеав, би ви рекла само да си го живеете животот како што сакате, не должите ништо никому.
Златна жено господ да те чува тебе и твоето дете, нз што друго да пишам. Се најдобро ти посакувам од срце , после ваков тежок период ти следи сонце тебе и на твоето синче.
Душо ,читам и солзи ми течат. Господ нека е со вас ,се надевам брзо ќе си дојде се на свое место. За жал смртта на некој од саканите е нешто на кое што никој не може да влијае. Целата среќа на светот ви ја посакувам тебе и на твоето мало момче
Моментално, мислам дека психички неарна не сум била оддамна Потценување, манипулирање, зборување колку не вредам, дојдов до тоа некој да ми кажува како ме гледа и ме издржува. А од друга страна, очи најмили на мама ми кажува колку ме сака и дека сум нејзина најубава мама. Тешко,многу многу тешко