Кога станува збор за најубава жена во светот, јас секогаш се потсетувам на безвременските модни икони од времето на стариот холивуд кои според мене биле и сеуште се вистински примери за убавина, елегантност и префинетост. Но и денес постојат жени кои ги сметам за вистински симбол за убавина Marilyn Monroe Audrey Hepburn Grace Kelly Sue Lyon Lana Del Rey
zezas? niedna ne ti e asalna....izgleda plafonski kriteriumi imas....mene site mi se unikatni i ubavi
Најубава жена во Македонија ми е Елена Ристеска. Ја немам во пријатели па не можам да и ги гледам сите слики ама да не дојде до недоразбирање, знам како изгледа и без шминка и секако ми е убава. А најубава во свет - Јована.
Убавината е во окото на оној што ја гледа особата а не во самата особа или србите би реле „лепата је у оку посматрача“, затоа секој од нас има различна личност која за него е нејубава. Јас тинејџерските години ги надминав пред одредено време и не се палам веќе на светски ѕвезди затоа што никој од нас не знае како баш тие природно изгледаат без фото шоп и кило пудра. За мене убаво е она што може да го видам со свои очи без филтри и разни пудри, без фотошоп... Убавината е толку релативна работа што е тешко да се дискутира за неа, убавината според мене без карактерот е буквално бесорисна. Најчесто во реалниот живот формирањето на мислење за одредена личност не го правиме само врз основа на физичкиот изглед, туку и врз карактерните црти на таа личност. Доколу треба да издвојам некоја светски позната личност која за мене е убава тоа секако би била Џенифер Анистон, некако е најприродна изгледа како девојка од соседството и не е тип на жена која сака да стане славна со тоа што ќе се разголи. Исклучително ценам девојки-жени кои знаат да бидат сеси без да се разголат.
Далеку сме од избор на најубава Македонка,можеби таа најубавата не треба да ја бараме по тв или списанија,или да е јавна личност,затоа што убавите жени во државава сметам дека не се експонираат.
Русокосиот модел на 0:45, 2:23/24, 3:38 (потенцирам секунди каде лицето се гледа од блиску за да не дојде до забуна, двете девојки во спотот ги менуваат улогите и се појавуваат со различна боја на коса, иста гардероба) Ова е мој идеал за убавина. Конструкција на ликот, коса, очи, тен, висина, држење, изнесување на облеката...
На првите 10 места е Астрид Берхес-Фрисби, релативно анонимна француска актерка. Неверојатна, нестварна, по малку вознемирувачка убавина, страшна елеганција и чуден израз кој остава простор за некаква аура на девојка од соседството. I am impressed. Спојлер: Астрид Кога и подочњаците кај една жена делуваат секси, тогаш се работи за нешто несекојдневно. Се надевам дека Астрид ќе биде добра да донира ДНК материјал за еден ден да биде клонирана и да не го лиши човештвото од својата прекрасна појава во наредните векови
Wow Првпат слушам за девојкава и првпат ја гледам, ама прекрасна е Добар вкус си имал @ванилала повели https://forum.femina.mk/threads/Најубав-маж-во-светот.1573/
Случајно ја забележав во некој француски филм, после симнав неколку филма со неа, обично е во некакви епизодни улоги или во нискобуџетни, авторски, инди-филмчиња или како и да ги викаат
Преферирам русокоси девојки со сини очи Ангелите од Victoria's Secret се навистина преубави, но јас би ги одвоила: Кендис Сванапул, Беати Принслу, Дуцен Крус, Џозефин Скривер, Стела Максвел... Од австралијанската серија за тинејџери H2O има 3 кои ми се прекрасни: Кариба Хеин, Клер Холт, Индијана Еванс. Има многу други кои сега не ми доаѓаат на памет, а се навистина специфични. На пр. Шакира, фит тело, одлична структура, коса, лице се и е перфектно, има 40 години а исто како сеуште да нема 25. Останати кои исто така ми се допаѓаат: Тејлор Свифт, Селена Гомез, Ема Вотсон, Блејк Лајвли... Еве неколку слики: Од македонките немам некоја посебно