Секој момент поминат со дечко ми ми е најубав!! Сега баш ми се тие денови на најубаво... Најубаво ми е кога сме заедно и кога спијам кај него и се будам покрај него...сакам секогаш да ми е така убаво...Сакам кога ќе ме гушне толку цврсто што и забрзаното дишење и отчкувањето на срцето му го осеќам!! Убаво ми е кога ќе ми каше те сакам ама уште поубаво кога тоа и ќе ми го докаше...Убаво ми е кога ме гледа со неговите очи ( очите се слика на душата ) а погледот му свети и толку јасно ми кажува со погледот дека сум му мила ( без зборови). Убаво ми е кога ми е посветен само на мене, кога ме бакнува, кога шетаме, кога се играме, кога дискутираме ( иако сме сосема различни во мислења ) на крај доаѓаме до заклучок...Убаво ми е кога се лути за глупости ( како мало детенце ) многу ми е сладок.... Убаво ми е кога сето ова го искажеме со секс...кога две тела стануваат само едно!! Све ми е убаво со него! Многу си го сакам! И Сакам да го сакам !
имам многу моменти убави поминати со дечко ми,заедно сме веке 6 години и можам да ги издвојам само моментите кога сме сами на одмор така со романтични вечери и со долги непреспиени ноќи
Мојата прва сериозна и вистинска врска сеуште трае, веќе две години и нешто. Уживам! Има многу моменти, би ги издвоила двата летни одмори и викендот во Крушево. Знаме од време на време без повод да си направиме роматична вечера во некој поотмен ресторан. Кога сме тенко со пари, тој кај него готви или јас кај мене.
Ова ми е најдолгата врска, и сакам да ми трае засекогаш. Сите моменти кога сме сами ми се прекрасни, но најубаво ми е кога спиеме заедно (за жал тоа е многу ретко). Обожавам кога се гушкаме цела вечер... Го имам најрекрасното суштество на светот
Убав ми е секој момент ... И мене ми е прва најдолга и сериозна врска ... И би сакала да остане уше мнг ... Најубави моменти ми биле летово на одмор ... Секој ден исполнет со љубов ...
Па сум минала прекрасни моменти покрај него Има многу интересни и смешни случки Но,најубаво ми е кога се возиме и се шеткаме со низ градовите без некој да не контролира
2 години сме заедно и тој е мојата вистинска и единствена љубов. Секој момент поминат со него ми е најубав. Секој негов поглед, допир, збор, галкање, гушкање...............................Едноставно најубавите моменти кај мене веке траат 2 години и сакам вака да продолжат засекогаш. Најубаво е чувството кога сакаш некој
Ајде јас во минато ќе зборувам. Неочекуван повик во којзнае кое доба од вечерта,порака со само едно Те Сакам... Вечери каде тишината и љубовта само беа присутни.. И во тишината се разбиравме. Кога ќе го разбудев наутро,па ќе му се извинував,а тој само ќе ми кажеше ..ти ако ме будиш,ништо не ми смета..зборувај ми уште,гласот да ти го слушам само... Кога милиони бакнежи не се доволни.. Боже..Колку само бев заљубена... Каде е таа љубов сега..? Три години отидоа во бестрага...
оваа врска ми е најдолга, нешто повеќе од 5 години, прекрасни работи сме поминале. би ги издвоила денот кога ме праша да му бидам девојка беше нешто најслатко и најневино (замислете 24 годишен да ве праша официјално дали сакате да ми бидите девојка сите разделби и повторни сретнувања, наискрените и најубавите чуства што се јавуваат, сите меилови и пораки кога ги читав додека бевме разделени, викендот во париз, во нашиот дом кога си седиме и си правиме муабет за иднината, има многу ќе напишам реферат ако продолжам...
Многу убави моменти сме поминале заедно. Посебно ги сакам прошетките низ маало во зима кога паѓа снег и кога се тепаме со снежни топки, викендите во Охрид, во викендица, романтичните вечери, кога се спремаме за на одмор итн...
Најубав момент поминат со него...........Летно време на еден дожд.................. Штета што помина се..........
секој момент со него ми е најубав, така најубави периоди би ги издвоила кога бевме на одмор за охрид, кога се будев покрај него Спојлер кога неможев да спијам бидејки ме турна од креветот... повеке пати и кога прдеше страшно што ми ја оцрни душата. кога правиме планови за заедничка иднина, кога сум кај него или тој е кај мене и разговараме сите заедно со родителите... со еден збор било каде било што да правиме кога сум со него ми е најубаво. едвај чекам да дојде денот кога ке се разбудам покрај него и ке осетам бурма на раката. срце мое најубаво
Најубавите моменти се всушност оние секојдневни мали моментчиња,кога го гушкаш и го држиш за рака,и ја чувствуваш вашата љубов...кога си тажна а знаеш дека тој е тука да те подржи,кога ти треба совет-а тој е тука,кога си среќна-се веселиш со него....зошто да се случи нешто спектакуларно,за да ни биде најубавиот момент?Се заборава на малите а најбитните работи...Најубавиот момент е нашата љубов се додека ја има,се е убаво
Еден од најубавите моменти е кога во текот на ноќта ако спие, а јас се уште сум будна (гледам ТВ или Фемина )...ќе ме погледне полубуден/полузаспан ќе ги рашири рацете да му одам во прегратка, ќе ме изгушка и избакнува...и ќе продолжи да спие Во тие моменти најдобро чувствувам колку многу ме сака....
Една луда ноќ кога рацете не можење да ги тргни од мене и во неговите очи тогаш видов многу измешани чувства и бев пресреќна доволно за да уништам се веќе следниот ден. Исто така никогаш нема да заборавам еден момент доволно долг за да ја запамтам секоја линија на неговото лице, раце, врат...Го имав во раце и добро го искористив тоа.
Кога ми вари машко кафе и задолжително ми носи бисквитно колаче со него. Кога ми ги свири омилените песни. Додека готвам и потпевнувам со Љубов, доаѓа Спојлер и ме плеска по газето. Кога изненадно ми носи лижавчиња и не толку изненадно боза. Ми ја гали косичката додека предам како некое маче. Кога на моите љубовни исповеди залиени со убаво црвено вино - што тој го донел, драматизирам со насмевки, поеми и солзи, а тој ме гушка и ме гледа како да не постои ништо друго околу нас на светов.
Кога ќе ме погледне и кога ќе ми се насмевне толку слатко како што тој може. И кога сме излезени, заедно, само ние двајцата. Секогаш кога сме заедно и кога ме гушка ми е преубаво. Кога знам дека е покрај мене и дека можам да сметам на него, и знам дека не сум сама. Во тие моменти чувствувам дека сум сакана, чувствувам дека сум жива.