Секој момент поминат со саканата личност е најубав, дури и оној за кој мислите дека ве нервира и дека е лош, затоа што е од саканата личност, инаку не би се нервирале нели, секој момент е најубав, од отварање на очите, утринското мазење, заедничкото кафе, исчекувањето да бидете повторно заедно, сите оние ситни работи, насмевки, бакнежи, милувања, заедничка прошетка, кога навечер додека спие ќе ја прегрнете и галите, секој момент со саканата личност е преубав, затоа уживајте во сите моменти додека сте со неа
кога ја изгубив невиноста, и чувството дека тој е покрај тебе и дека можеш слободно да заспиеш и да уживаш во неговата прегратка..ахххх нема нешто поубаво во врската од ова според мене
Нај убав момент ми е кога после однос тој спие а јас гледам тв или нешто друго правам и тој ќе ми рече ајде ела до мене не сакам да сум сам
најубав моменат со дечко ми ми е кога во 5 сабајле ќе ни текне да одиме да јадеме нешто од надвор па низ таа голема метропола кога се возиме и свиркаат нашите ни омилени песни до нашиот омилен ресторан има саат време вожња и си се закачкаме у кола додека да стигнеме таму ќе се напукаме и одиме дома на секс партија после секс задолжително мора да ме замара со романтични дешафки и прегратки минимум саат време, а јас му се правам демек не ми е по ќеиф, мразам романтики викам дај да си запалам ја цигарче,и тој ама не не уште малце да те погушкам исто,најубаво ми е кога си седиме дома, и ќе ми рече чекај да идам до продавница, и ќе се врати со едно кило чоколади и пола кило сладоледи, и ќе седне да ме рани со лажиче затоа сум гуде де убав момент ми е и кога се бањаме заедно, па ми го трла грбот, ми ја мие косата со шампон, после бањање ме масира со крема... кога правиме заедно пица и се караме за ориганото, зашто тој не сака а јас сакам... Kога го пцујам јас на мојот јазик,а тој на неговиот демек не се разбираме ама се се разбираме, така си е тоа Kога гледаме некој филм,и упорно коментираме за се живо и диво Tрачариме и двајцата ко деца! Спојлер Aма најубав моменат ми е кога ќе ме доведе до врхунац, заеби ти љубов и романтични причи
И кај мене има многу убави и уште поубави моменти. Па неможе да не ти е убаво со некој кој го сакаш и те сака. Еден од поубавите моменти е кога ме покрива на навечер и тоа убаво го пикнува прекривачот под мене па задолжително ме буди, ама секогаш ми изнудува насмевка. Потоа кога се возиме во кола и ќе ми побара раче, ќе ме бакне на раката и пак ќе си продолжи да си вози. . Кога ме тегни кон него додека спиеме и притоа се жали дека го дупам со лактот но упорно се гушка и еден куп други ситници кои ме прават да се чувствувам сакано.
Ги има(ше) премногу: - будењето наутро кога иде накај работа - јавување за секоја нервозичка што ќе му се створи - прашањето „Убав сум? Не сум толку грд, нели?“ - роденденот мој годинава - неговата слава - играњето со неговата внука - седење кај него во двор - гушкање - глупавите прашања за неговиот карактер - донесувањето заклучок дека сум ослабела и трчање по храна - бакнежите во чело - кога ќе заспиеше кај мене и се каравме у сон и нареден ден не се сеќава - Дочекот на 2011, нешто најпрекрасно до сега во мојот живот - смс, кога мисли дека веќе претерал со јавување, а сака нешто банално да ми каже - зафрканциите и „навредите“ еден на друг - најубавиот бадник годинава - поддршката во текот на колоквиумските недели - сексот после колоквиумската недела, посебно ако не сме се виделе неколку дена - и кога со тишина успевавме да си кажеме баш се` што имавме да си кажеме Сигурно има уште многу, ама за да не потечат солзиве ќе престанам тука!!!
Ги обожавам моментите кога ке се врати од работа а мене како воз да ми поминал низ глава од малечките, па кој попрво да го јавне Има многу моменти во секојдневието, некои баш ми останале во сеќавање. Моментите кога по прв пат сум му ги пружила децата да ги земе во раце се незаборавни. При посета на Венеција, на стемнување шетавме по преполниот плоштад Св.Марко. Во најстарата кафетерија Флоријан имаше жива музика, виолини. Застана, се заврте накај мене, ме фати за рака и половина и почна да игра(ме) танго. Река од туристи минуваше ама се исклучивме и виолините свиреа само за нас. Друг момент е кога лежев во болница после изгубено бебе. Дојде да ме земе да си одиме дома и ми донесе колачиња во кутивче на кое пишуваше “Те сакам“. Колачињава (путер бисквит) беа странски, тоа им беше оргиналното паковање и само еднаш одамна ги имам видено во Веро. Многу ми значеше овој момент.
сите моменти поминати со него... кога сме сами... вљубениот поглед кој кажува се... најубавото Те Сакам ... бакнежот во чело... силната прегратка ..... емоциите по долгото време кога не сме се виделе.... и секако деновите на одмор.. посветени само за нас ....
Секој момент е посебен..вчера муленцето ме израдува...ќе кажел дома дека ќе оди некаде на неколку дена а тој ќе дојде кај мене да сум му спремала доручек, ручек и вечера...Изгледавме ко пали палави деца, заљубени..а демек не сме.
Истрчавме цел километар да фатиме автобус и такви залетани се гледавме и се газевме еден на друг во фаца од смеење... Тоа ми беше врв на вечерта. И да, ова ми е најдолга врска досега.
Сегашната врска ми е најдолга и со саканата личност секој поминат момент сам по себе ми е најубав не би можела да издвојам некоја сите ми се посебно драги и најубави.
кје издвојам само неколку најубави за нова година торта со огномети и на неа пишуваше срекна нова година од мене до него уауу таа фаца негова срцка моја неколку вечери по ред ми прави вечера макарончиња со сос и вино дефенитивно најјака вечер беше за св. валентајн јас направив срце од свеки на подот и две големи на масата + писмо (беше огромно ми рече дека никој не му приредил таква вечер ниту пак му напишал некој толкаво писмо) + вино хехе знаев дека кје ми купи пица па затоа не земав ништо за јадење и плус ми купи ружа парфем и малечка чаша за пиење кафенце со привезок на него неговото име и мееченце. и уште мн мн други убавки моменти
Момент од кои навистина се ежам и ми трепери цело срце е кога ќе ме прегрне од позади и ќе ме гушка нежно по лицето и вратот. Се осеќам заштитена, сакана и непопедлива! Можам така да останам цела вечност
Aх да можам да одвојам барем неколку. Терасата во стурга и ние гушнати под ќебенце, слушалки на ушите и тивките солзички што ги пролеавме со музичето, грицкањето на 300 грамско бело швајцарско чоколадо под липите и болките во стомакот потоа, греаното винце кај мене дома и првото водење љубов со него, сите филмски вечери и гушкањата по нив, ах можам да пишувам и да пишувам до јупитер и назад..
Никогаш нема да го заборавам денот кога прв пат се видовме сосема случајно на автобуска. Тој во автобус, јас си чекам надвор на клупата. Ми ѕвони и ми вели: Џинџер, ти си тоа доле? Јас сум у автобус. И Џинџер се рашетуе покрај автобусот. Не можев да го видам една минута, па еден момак шо седеше позади него со прстето ми го покажа (да ја наведам и насмевката на момакот, ептен беше среќен шо ми покажа кај е. ) и така му мафтам јас, ми мафта он, си мафтаме.. ееее.. И кога се видовме на саем. И цел ден после саем. Романтиќи. А тек кога прв пУт се бакнавме на кеј. Еее, тој мал, срамежлив бакнеж. Што знам, кога ќе помислам, сите моменти со него биле најубави. Волшебни. http://www.youtube.com/watch?v=4AnImSyNtiM
Сите микро бакнежи скриени под ќебе... Цуфнувањето со точачињата на разминување и поминување. Готвењето за него, фасцинирањето дека всушност, некој му готви. Тој се топи, јас се топорам. Кога сфаќам дека градиме Дом заеднички, тоа ми е среќата со него.
Прво морам да напишам неколку работи за првото заедничко лето и најубавите моменти тогаш,па после ќе си кажам општо. Кога лежевме над кола и го гледавме преубавото летно ѕвездено небо држејќи се за раце,а од внатре свиреше Coldplay - Yellow. Кога не изненади дожд,права олуја,а јас и тој толку безгрижно шетавме,не ни беше ништо важно во тој момент,освен нашите гушкања,на секој втор чекор. Кога утрата ми почнуваа со него,со кафе и книга,а потоа остатокот од денот завршуваше пак со него + пиво и чипс и светско првенство,и еден тон насмевки. Кога бевме на едно место,да не го именувам,каде ми купи балон со хелиум,кој го чувам ден денес. Но таа вечер ја поминавме прекрасно,со незаменливото пиво и шеќерна волна,пискави гласчиња од хелиумот и за малку измочани од смеење. На кратко, ги обожавам моментите со него кога сме безгрижни како деца. Инаку општо.. кога гледаме хорор и стискаме пауза на секоја сцена за да си прераскажеме еден на друг што ни било најинтересно од таа сцена. Секое кафе со нацртано срценце од пена. Секое одење кај баба ми и дедо ми во село и лежење во нашата ливада. Јас навистина не можам да одделам конкретно најубав момент, го обожавам секој поминат со него.. така да, ајде да допрам тука, зошто инаку ќе пишувам до утре. Ама се разнежнив.
Заедно сме 2 години и некој ден, негова најдолга, а мене прва врска си се саакаме многу и многу сме среќни заедно Сите моменти поминати со него ми се прекрасни.... Баш синоќа јас излезена со школска во град, седевме во пицерија и јадевме палачинка и кога тој ми се јави и ме праша кај сум и одма дојде во пицеријата, не го очекував ни најмалку и ептееен ме изненади и јадевме палачинки, потоа отидовме во парк седевме си муабетивме,се бакнувавме, потоа јадевме сладолед па отидовме кај мене дома иако малку далеку живеам од центарот си се прошетавме шо убаво вечерта ... Исто така можам да издвојам кога бевме сега на мај 3 дена и кога првата вечер се поднапивме и јас му седев во скутот а тој ми пееше на увце и си кажувавме многу убави работи а околу нас неговите другари и неколку женски, нас баш не гајле кој не гледа си се бакнуваме,гушкаме... исто така кога си правиме јадење, кога гледаме филмови покриени со ќебе и гушнати,кога се гушкаме додека спиеме заедно и уште мноооогу други... ЕДИНСТВЕНО што ми фали е да уживам во сексот, пред 2 месеци почнавме со ТОА и јас сеуште не можам да уживам, но се надевам дека наскоро и тоа ке биди .