Имам 15 год, и вчеρа се запознав со едно дете κој е 1 год поголем од мене.пρвиот ден помима "миρно".но денес имаше повеκе ρомантиκа,стρаст.κога се баκнувавме(уста во уста) јас неκаκо се повлеκував бидејκи неκаκо се плашам да не дојде до бρеменост и дρ пρоблеми.ова може е навистина глупо но сепаκ се плашам,затоа саκам совет од возρасен,да ми κаже дали да уживам во тоа или повеκе да се κонтρолиρам
Ох деца, не е важно тоа што сеуште не знаете како доаѓа до бременост, важното е да се следи модата и да се има дечко. Мислам стварно не е лошо најпрвин да се информирате, барем сега сите информации ги имате на гугл па потоа впуштајте се во авантури, во кои ќе уживате или ќе се контролирате. Не не можеш да забремениш од бакнување во уста, освен ако дечко ти е медицински феномен и има сперматозоиди во плунката, со неверојатен пат на движење, тогаш се е можно. П.С се извинувам за ваквиот пост, обично ваквите детски мислења ги прелистувам, нели секој има право на свое мислење и прашање, но стварно ова веќе ги мина границите, не знам дали немаат работа па се шегуваат овде или стварно постојат такви девојки кои на 15 години уште не се информирани како доаѓа до бременост?!
Најубави моменти ....тие неколку емотивни минути после кавга,кога јас нормално почнувам да цимолам,а тој веќе почнал со проза и поезија
Среќна сум што најубавите моменти со него ги имам секоја вечер. И секоја вечер се поубави од претходната. Имаме некоја луда навика да се смееме до бескрај пред заспивање. После напорен ден, работа, обврски, трчање насекаде, дома ни е мирот кој ни завршува со смеење до болка во стомаците. Гризење, гребење, бакнување, скокоткање, мирисање, кубење, откривање, покривање...и вака понекогаш со часови. И никогаш не можам да се сетам како сме заспале, оти сме заспале среде смеење, преморени од денот и од смеењето. Не сум чула никој друг вака да заспива Нема поубаво.
Сите моменти се убави кога сум со него. Но ако треба да се издвои, тогаш најубаво ми е кога заедно ќе легнеме да спиеме, ќе се гушнеме и не се пуштаме
Има мноооогу, ама овој ми е како најпосебен од сите Бевме на вечера во ресторан заедно со друштвото и малку си се поднапи, претера со виното Во еден момент стана и почна да се дере "Девојкава до мене е нешто најпрекрасно што ми се случило, неа ја сакам најмногу и таа ќе ми биде жена"..Ресторанот беше преполн и сите беа воодушевени, а јас не знаев како да реагирам, не можев да поверувам..Како на филм clap:
Најубав момент ми бил кога дечкото во едно тефтерче ми нацрта маче и окце. Не знаеше што да напише и му реков да напише од ****** за Пупи и го напиша датумот. По неколку дена ми кажа дека тоа е датумот кога јас и тој сме стапиле во врска. Ништо посебно за некоја, но за мене невообичаено и детски, а децата си се по тие слатки работи како што беше и тој. Прекрасен момент. Исто така ме изненади кога ги знаеше песните од СИДО и заеедно си ги пеевме. Ете за тие моменти после ќе те боли глава и срце
Najubaviot moment koga za prvpat toj pocuvstvuva strast.haha koi peperutki gi osetiv znaci ne se opisuva
Се е најубаво со него Буквално сите моменти заедно ми се омилени. Кога гледаме лоши серии,одиме на романтични вечери,премногу сме мрзливи па си нарачуваме храна дома,кога изиграваме аристократи и пиеме шампањ во када,кога сака да ме изненади и ќе ми нарача тон благо затоа што знае дека тоа заедно со него е нешто за кое што живеам,кога се шетаме заедно,чистиме заедно....се. Најубави моменти ми се кога ќе дојде од некаде и цело тоа чекање,цел копнеж,цела љубов и невоздржаност,страст,радост,среќа создаваат една бура од емоции која не не разделува со часови.
Се ми е убаво со него . Но ако мора да издвојам тогаш нека биде : првата ноќ заедно кога ми приреди романтична вечер со свеќи и вечера ( без алкохол , тој не пие , јас бремена ) . Раѓањето на нашите бебиња и ноќта во викендицата , кога готвеше за мене и се качи до горе за да " чисти " а всушност наместил све за преспивање а потоа и цвеќиња и слики од самите почетоци на врската .. во комбинација со свеќи и винце . Најдолга врска ми е оваа која заврши со брак и две деца . Веќе 4 години сме заедно .
Кога пиевме кафе на тераса фантазирајќи за автомобилите што сакаме да си ги купиме. Кога заедно се шетавме во парк и страсно се бакнувавме. Кога го терав да ја гледа полната месечина со мене.
Буквално секој ден ни е исполнет.Ама да ги издвојам најубавите. Кога ми приреди свеќички со вино и пица и музика за да играме.За роденден кога јас бев на пат и коа си дојдов имаше цвеќе и поклонот.И напишано те сакам на ливче.Креативно и не скапо.Сам си измислил и направил. Бев прерадосна. Истата таа вечер ми беше роденденот и бев најсреќната девојка таа ден и вечерта прв пат спиевме и никогаш нема да ја заборавам.Емоции и страст се преплеткано.. љубов.. пијана јас и опијанета од се заедно. Вечерите кога правиме муабет за све и свашта.Кога водиме маратонски разговори.Кога ме бакнува на очињата и челото.Кога ме држи за рака и ми ја бакнува дури и кога одиме по улица.Кога ме врти по улица онака дамски како да играш танц . Кога пиевме џек в када и пушевме пури.Кога ме изненади со крофни а јас отепана од учење.Кога ми помагаше додека живеевме заедно. Сега се ќе ми недостига.Буквално...Ама ќе издржиме.Се сакаме то е најбитно.
Првиот ден кога се запознавме. Деновите пред да ја потврдиме бременоста, и првите денови кога сфативме дека е реално сето тоа. Секој заеднички оброк. Денот кога излеговме и покрај тоа што ми забранија да бидам со него. И уште многу.
Има доста но ќе одвојам еден момент во кој многу уживав и е од скоро. Знае дека обожавам да се возам со кола па изнајми кола од негов другар и ме возеше околу мавровско езеро.Снег сонце свеж воздух го купил моето омилено кафе и се возевме пиевме кафе и уживавме. Ме изненади едноставно ме викна да излезам од работа ме собра и ми го пружи ова задоволство.