За нашата две годишна врска на мојот дечко му поклонив албум со најубавите наши слики од кои и двајцата имаме спомени, CD од неговиот омилен пејач, убав парфем и едно големо чоколадо... и секако на крај му дадов љубовна честитка во која пишување „ Те сакам најмногу “.. Тој беше изненаден од сето тоа, а најмногу од албумот и CD- то .. Кое е вашето најубаво изнанадување кое што сте му го приредиле на вашиот сакан ?
Јас сега му спремам изненадување т.е требаше за нова година да биде ама не го стасав. Тоа е му правам албум со слики наши од првата заедничка слика па до последната и од секоја година слики на посени дати, настани, места кај што сме биле и сме се сликале и сите по ред ќе ги ставам во албум и ќе го декорирам со некој љубовни цитати од страна и така
Колку брилијантна идеја имам јас за новогодишен подарок ама штета што немам дечко. Ова ми текна уште за време на првата врска но бидејќи требаше доста долго време за да се подготви и реализира, врската заврши додека да стигнам да го подготвам. Иста приказна и со другите, ама да видиме ете кој ќе биде среќникот што ќе го добие мојот супер креативен подарок кој не го кажувам за да не го преземете.
За годишнина од брак му спремам нешто специјално се надевам ќе му се допадне сега за сега ќе оставам во тајност . Ќе пишам кога ќе дојде време
Има некоја идеа за изненадување , како да го изненадам дечко ми на аеродром? Се враќа од странство за 15 дена. Па сакав да му посакам фино и романтично добродојде но немам баш некоја идеа.. Ќе го пречекаме со мајка му , па не знам дали тоа да е заедничко , со неа да се договорам , или сама?
За неколку дена ни е прва годишница со дечко ми. Мене ми е прв пат годишница со некого, па сакам да направам нешто убаво за двајцата. Мислам дека ќе сме во Скопје, па дајте ми предлог од каде можам да нарачам торта со календар и на датата наша да има срце место бројка. Еве вака: Само што не знам кога и како да му ја дадам, некоја идеа? Друго планирам да направам мали писменца, е сега се мислам дали да е open when.. (и на пример open when you are mad, open when you are sleepy...) или да направам писма внатре со некое обележје од сите месеци што сме биле заедно, некој заеднички моменти и слики? Ќе ги ставам во кутија и ќе му ги дадам вечерта. Сигурно цел ден ќе шетаме и ќе ручаме или вечераме нешто во ресторан, па тогаш сакам поклонот да му го дадам - часовник за на рака. А за вечерта една ваква игра: И спавантус. Што мислите?
Не се согласувам со постот погоре јас секогаш се радувам на малите работи и вниманието и времето кое би го одвоиле за да ме изненадат со некој поклон. Никогаш не сум добил некој скап поклон а секогаш сум се радувал неизмерно.
Му имам поколонето неколку слатки подароци: - Пано си наши слики, расфрлани низ целото за Валентајн - Сложувалка со наша слика за нашата прва годишница - Рамка со наптис I you и наша слика во неа за Нова Година (ланска) - Топлинки во вид на кученца - Торта во обликот на неговата кацига за роденден - Албум со слики од разлини пригоди (оние кои ми останаа од паното зошто направив 100) - Кутивка кај што има 4 x 72 = 72 песни кои му ги посветувам, 72 места кои сакам да ги посетиме, 72 причини зошто го сакам, 72 моменти кои нема никогаш да ги заборавам.. - за 2 месеци
Му дадов плико со над 20 причини зошто го сакам. И поезија. Ради него почнав да пишувам. И ептен се израдува