Готово овие три ми се ВРВ, посебно третото, умирам од смеење!!! Морам и јас да издвојам нешто. Значи не беше договорен состанок, него бевме излезени јас и другарка и нормално, помината вечер без да се закачи некој дебил кој не ебнал во последните 3 и пол години и упорно на "креативен" начин пробува да улови нешто, не бидува. Си пиеме нешто коњак ли беше, и онака си муабетиме некои безвезе муабетчиња, коа гледаме двајца се накотиле до нас. И одма муабет, нема тука губење време. Страшно. Ајде едниот и се закачи на другарка ми, батево можда си имаше околу 45 години, коа фино лепо си го изваде од џеб кутивчето , изваде наочари, си ги избриша со крпче, ги стави, и нормално мораше да си го покаже најјакиот телефон во цел кафич, тогаш беа почетоците на смартфони, ајфони што ти ја знам. Двете превртуваме очи, абе што. Коа почна да и покажува местото кадешто живеел во Америка, внуци, мебели, коли, абе бог да чува. А јас под мустаќ и се смеам као хаха што те снајде, и баш кога ете, ќе се насмееш на туѓа несреќа, пустата те снајдува и тебе. Типацов што застана до мене, ај си викам фала богу овој мирен некој, си молчи си ќути и гледа као теле во шарена врата и не замара, коа типов одеднаш мислам дека ме викна некако, дали рече "Еј", или направи ај контакт, врска неам, ме гледа в очи , си го стави прстот во нос и фрли накај мене као демек какачка, мрсул!!!!! Јас ваква... Не им верувам на сопствените очи што се случи, ама си викам еден коњак само сум испила, ова ќе да е јаве!! И другарка ми го примети ова, и се гледаме двете со неверување. Фаќање под рака, и магла да не нема. До ден денес се смееме за американецов и мрсулкото, боже што се нема, која комбинација беа заедно, кој порушен во умот!
И јас имам еден така речиси ужасен состанок.. Работеше типов во еден кафиќ блиску до моето школо и поминував јас тука секој ден и ме аднал на фб и ми пиша. И се допишувавме 2 месеци, ѕвезди ми спушташе на фб, во живо кога ќе поминев за во школо ќе ме гушнеше, ќе се поздравеше и океј, решивме на кафе да идеме. И појдовме и таму двајцата ќутевме едно пола саат, одвреме-навреме ме праша која ми била професорка по математика и што оценки сум имала.. И јас кога ќе го прашав нешто едвај ми враќаше.. И после демек ќе ме испраќаше дома и по пат ми вика: што одиш толку споро?! И океј убрзав и кога стигнавме кај мене во близина само ми вика јас заминав морам да одам и си замина, ни се поздрави ни ништо.. И после тоа ми изнапишал на фб во пораки многу убаво си поминав со тебе, сакам пак ама офлајн го ставив и не му враќав.. И еден викенд ме начека и немав каде да бегам и застана со нас на маса и ми вика типов (цитирам): Леле прееска ми се јавија мајка ми и татко ми двајцата камен пијани и ме прашаа: Сине кого сакаш ти повеќе? И јас им викам: Јас неможам да ве делам, двајцата си ве сакам.. И тие ми викаат: Браво сине, е ова сакавме да го слушнеме од тебе... И го гледам онака и се смеам као демек интересно ми е и му викам ќе одам до вц, ќе се вратам.. И кога сум избегала од тој кафиќот со трчање, како да ме брка некој.. И одтогаш каде и да го видам, бегам до најблиското скришно место.
Јас имав еден ужасен состанок, одамна беше. Си пишувавме со типов на фб, ама не беше од Скопје. Ама типов мене ептен ми се свиѓаше, не само физички, него и карактерно, знаеше муабет да праи (али очигледно само на фб). И ајде доаѓа у Скопје, ја тука резервирам маса у ресторан, праам планови кај ќе идеме, кај ќе шетаме, цел ден одвоив за него, си напраив некој амерички филм у глава. Негде есен беше, а ја уживам у есен, паднати листови, сончево време Ама ептен се погоди се. Се наоѓаме со типов на плоштад, леле еден муабет што сврзавме ЗА ВРЕМЕТО хахахаххахаха, и така со тие 3 реченици идевме накај парк, си викам ај, сигурно срам му е, затоа не збори многу, ја зборам зборам зборам, го прашувам по нешо он........ ко спратанец ебате И останавме некои саат време у парк и викам, ајде да одиме сеа, ти уморен си од пат, малце да одмориш, овој неее, неее, не сум уморен хахах, ама на крај го убедив некако да си одиме. И вечерта све средено, резервирано у еден ресторан, ја си се дотерав, овој у патики доаѓа, али нема везе тоа, пошо нели немавме муабет, цела вечер си гледав у таван, а имавме порачано шише вино, кое ЈАС го платив 1000 ДЕНАРИ ! Типот не ни рече, ај по пола !!!!! И така лупнав иљадарка, тако го викаме со другарки иначе, 'иљадарка', искочивме од ресторанот, ни да ме праша дали сакам да ме испрати, ќе тргнев со штикли пешки, само да се поправи барем малце вечерта он не, се гушнавме и така си фативме патот двајцата
Абе, ова не беше состанок, ама така се погоди во друштво. Бев кај другарка на гости за викенд еден и демек ајде ќе викне друштво да седиме сите заедно. Океј, ноу проблем. Седам, влегуваат двајца набиени батки - метар високи, два метра широки, нормално, пропратено со оној прч став, расчекорени нозе и Хулк рука. Едниов, искрено, нешто послаб, ама маиците се по шаблон тие - стегнати уз тело и со V-израз, да се види ко је муж са вуном у кучи. Ништо ајде, се поздравивме, седиме...кога почнаа муабети за тоа колку биле ѓон-пијани некаде дури чекале леб од фурна рано сабајле, па како куче им го изело сирењето, па бркајќи го, едниот паднал во река. Смешката беше што претходно на паднатиов му се мочало, па другиов после го зезал дека можел да мочне во мокрите панталони сега. Ха-ха-ха. Од досада почнав Сабина гледарицата да ја пратам на ТВ, кога слушам коментар: - А ти, нешто не си дружељубива? - Ми се спие само, а и ладново ме дотепува. (хинт: одете си) - Епа, доближи се до другар ми да те згрее. [Да не спомнувам дека на секој „хумористичен“ муабет ми намигнуваше и се смееше за сите тројца (другар му не го рачунам, тој на телефон окапа).] - ... А, другаров седи на метар од мене, упорно чепка низ телефон и се прави дека не слуша, а всушност почнува да мести бицепс, нели, место јастук...случајно де. Ама, мислам дека очи ми се насолзија од мака! Ајде, мина тоа, другиов тип уште чепка низ телефон, нели - виџен, славан и тражен, кога првиов ваѓа кикиритки од џеб и ѝ вика на другаркава „Дај една тацна, да помезиме“...а они две без три зрна. И после ми вика „Ја, земи си, не се срами, храната зближува.“ А мене ми врие, ми иде да му ја зближам една наопаку, да го превртам ко центрифуга. Кога, на „мојов“ му ѕвони телефонот со некој српски рап од типот на „Бичуј ме, Стојане“, и типов намерно чека дури да погледнам накај него т.е. да се увери дека сум ја чула мелодијата, па оди до ходник на приватен разговор, но остава врата за ние, љубопитниве, да не останеме неинформирани околу неговите битни разговори и случувања. По 20мин пекање, конечно се враќа, го фрла телефонот, па почнува да коментира за некоја „сељанка“ што неќела флаери да дели, а он дури и ручек ја частел два саати пладнето кога ѝ предлагал за флаерите...и тогаш се врти накај мене „А ти сакаш ли кај мене во кафич?“...вауууу, ова е моментот да се фатам со него и да станам човек. Сунце греје, бичу газдарица. Продолжува „...јас на врата сум, одма ќе ве пуштам со Х бесплатно и ќе седите во сепаре.“ И тоа се моменти кога ем ти се рика од паметот на некои, ем ти е урнебесно смешно што те потценуваат со очекувањето да паднеш на таквиот „шарм“. Културно одбив од причина што нема(ше) да сум таму наредниот ден и се извинив да одам до тоалет да си пукнам од смеа ко човек. Штета за сепарето, сигурно и вода ќе средел да ни донесат. Кога станав, кога виде дека сум 15ина цм повисока од него (и тоа на рамно), мислам дека подмочна, немам видено позбунет поглед од тој. До крајот на вечерта, шутот ги раскажуваше пијаните случки, лепотанов продолжи да замара женски по Фејсбук да делат флаери, а другаркава и јас само климавме со главите ко на рап концерт. Златен опинок на годината, молам.
Moevo i ne bese bas sostanok ama ajde. Sedime na fb se dogovarame za da se sretnime(nz kolku vreme traese to, pa duri pogodivme termin, mh mh) i otkako se dog on mi vika kje idel so edno drugarce, abe koe drugarce aloooo, prv pat kje se sretnuvame on i drugarce kje nosel, booooo epa aj da vidime so ce bidi na sostanoko(ako se sluci )
Дали дејтчево ми е најлошо или најдобро во живот,не знам,ама впечатливо сигурно беше. Малце ми фалеше да се помочам во гаќи од кезење на лице место па уште поинтересна да е дешавкава за раскажување. Типов е тежок феномен,еден и единствен на светов е толку исчукан,и ептен слични бевме со глупостите,сродни души бе. А дали тој беше нормален или беше ненормален,и ден денеска се прашувам. Ама сепак,нормален сигурно не беше. (јака страна ми е логикава) Иии све је почело овако ... Тоа беше зимата 2013,некаде пред или после нова година не се сеќавам точно,и место за излазак беше секако - градски парк. Ептен клошарест тип беше. Три века дека не се миел беше очигледно,за бричење да не ни зборам,одеше како весела овчичка,фризура - ко диви свињи у коса да му се пареле,ама будала со тапија беше и неколку дејта се дебилизирав толку многу со него што мислам дека ми влијаеше на психава вака луда да станам Прв состанок - се договоривме да одиме на кафе,а јадевме ајвар со леб и сирење на рекорд,земавме количка од тинекс па ме возеше по партизанска со неа и ме слупа во жива ограда кога влезе во една помала уличка,па после тоа си седнавме во парк и си имавме ептен забегани разговори,типов сакаше да умрам од смеење. Се тепавме со фристајлови и си се вреѓавме меѓусебно па се смеевме на тоа. На крај испадна џентлмен и ме испрати до автобуска,најфино се поздравивме и се договоривме пак да излеземе. Втор состанок - ... ни беше во автобус купивме кроасан,па му купивме автобуска карта,и го ставивме на седиште. И во сабота навечер,најголема гужва,тролавме луѓе. Не тераа да го тргнеме кроасанот,им викавме си има карта има право да се вози. По кратко време го тргнавме,си излеговме од автобус и го поделивме,па се смеевме како ментални на глупости. Два три саата седевме на клупа и глупостите како подмачкани ни одеа. Тогаш почна и уствари да ми се засвиѓува типот,си реков,ментиш е овој како мене само глупости ќе праиме. Трет состанок - е сега ептен пијан дојде и поима немаше каде е,мене тоа не ми пречи,го сфаќам,и јас си локам понекогаш,ама на трет состанок ... немаше смисла. И од тогаш прекина флертот од двете страни,и си останавме другари,па повремено се допишувавме ама не излагавме веќе. Од пред некое време изгубивме контакт.
Se najdovme vo edno od najelitnite mesta vo gradot, jas celata izdoterana a toj se pojavi vo trenerka I uste koga go soblece gorniot del doziveav sok..bebesko plava maica 'Ed Hardy' so aplikacija na gola devojka celata vo cirkoni...mislam zini zemjo goltni me !
Јас имам една случка, што му имам направено на еден типач. Се пишаме на фб долго време може пола година и ајде да се видиме. А двајцата од ист град. И доаѓа време јас дотерана се комплет, топ од глава до пети се возам во бус и одам на договореното место, него го нема. И ми врти ми вика срце идам јас ми се дупна гума, јас ок. Поминуваат 10 мин го нема, му вртам јас ќе доаѓаш или не, ладно ми е, тој еве сум позади тебе. Кога се свртев јас што да видам жирафа. Висок ли висок, ќе си облечев штикли бе. Јас ниска магарица, ти жирафа не иде. Како да гледам бандера што ми свети додека идам.Бандера со нозе. И требаше да одиме во Рамстор. И стигнуваме пред Рамстор тој ми вели јас не влагам. Викам што, еј не влагам ми вика ај ќе идеме накај парк. Викам јас сега на ладново накај парк нема шанси, или влагај или ја сама ќе влагам. Тој пак не, и јас се изнервирав толку време потрошив на тип па сега не влага на топло и му велам или ќе влезеш или сама ќе си влезам последен пат те прашувам. И тој не бе не влагам, и јас си влегов сама и му реков пак кој те врти. Он стоеше и ме гледаше ко теле, мислеше нема шанси сама да влезам. Ајде чао, а па више кај те чекам 20 минути, ај па што не влагаш. Си се прошетав јас фино лепо сама низ Рамстор и дома. Крај на приказната, 2012 година.
хахахха ее сега ми текна на една случка од многуте вакви хахах епа вака почна се тој беше матурант а јас 2 година средно средина на месец мај, после матурската парада тој дојде на среде час каде што ние нормално си држевме час и така дечково ме гледа ме гледа јас пуста имав тогаш шишки и тоа подолги од што треба (ги растев бе) и дечково еднаш го погледнав така низ шишки хахахах и тој ми прави од хартија оригама во вид на срце и рекол подајте и го на девојката со најубавата насмевка аууу мајко мила јас тука се топам брука на векот оригами ми пушта овој... после два дена има дечкото матура ме адд на фб и ајде јас го прифатив лелел кога го гледам на сликите ауу лепотан ипол. почна да ми пишува абе секој ден по 2 саати пиши пиши ... јас тогаш пуста немав нит муватор а камо ли дечко тој сериозен ми пише сакам сериозна врска , не сакам варање си викам јас лелел зарем од прва да го погодам вистинскиот летам од радост ... И сакам и несакам.Почна дечкото да ми пиши да се видиме да сум одела на кошарка додека сум седела дома да почнам да шетам низ населба да сум го видела ... дојде месец јуни дечкото упорен да се видиме јас кутра незнам што да правам и дојде денот ајде реков одам се спремав се и 5 мин пред да излезам нешто ме мавна во глава му пишам паднав по скали ногава ми е во лонгета другар др ден се гледаме хахахха дечкото лут го нема 4-5 дена јас пуста се покајав тогаш зш така сум направила... и така пак пиши пиши на фб, ќе се видевме во град ќе се позз ќе дојдеше ќе ме бакнеше во образ јас простичка летај од радост лелел што направил ме бакнал во образ ... одам на плажа тој спасител тука да ти бил лелел си викам јас во овај ќе се зацапам ептен бев со другарками она се знаеше и она почна да глуми дека се дави леле овај залетан плива ли плива ги вика и другите на помош јас се цепам од смеа и ми вика ахх да не бев јас со ќе ви се десеше оф си викам овој мн се преценува бе и така си дојде месец јули па почетокот на јули јас бев дома сама немав интернет тие денови, јас да гледам тв ич ...ллел ми пиши овој во 19,00 каде си да не си нешто љута, и јас му кажав што како и ми пише епа ајде да шетниме низ населба ллеле јас одма го грабнав фенот одма шминките, фармерките , омиленото блузе, балетанки немав дезодоранс па со ролонот рексона зелениот се заслакав под пазуви толку убаво ми мирисаше па и на врат си ставив излегов, каснев цели 20 мин.. тој нервоен ми вика ако не дојдеше за 2 мин си одев,кога го гледам дечково во шорцеви а под нив хеланки ( како оние што носат кога играат кошарка) потен потен абе како со црево да го прскал некој потен во глава, коса мрсна, блузата залепена на пота... каде одиме ајде во пекара ме однесе купивме што купивме , вработениот ми вика заедно да ги ставам во кеса и овој дада јас чекам да плате тој ми вика имаш пари .. му дадов пари ми вика немам со мене од на кошарка дирекно дојдов ќе ти дадам после од дома ќе поминиме ... и му викам на школо не сакам да одам не сакам да ме видат сите знаеш населба сме ќе не зборуваат и ми вика ќе те носам на едно место со никој што не си била ... и јас јее си викам со кола ќе одиме (пошо ќе пукнев во фармерките) и тој нене каква кола пешки ... 40 мин одевме по пат ни збор ни ништо тој кога почна вие женските не сакте сериозни врски на лето сакате со повеќе маски да одите да се фалите ... па дека мразел кога некој ќе касни мрази да чека .... стигнавме кога гледам ме однел во црква седнавме во двор и одма се залепи до мене кога почна да ме лапа абе полжав прав полжав беше јас кутра нз како треба па цела ме рашлака ми вика др пат кармин не ставај ми смета хахаххах леле мене кога ми се згади од тоа пота на лицето, солено ми дојде леле кога ми се згади кога ми се наткрена и му викам лелел ми се повраќа цели 10 мин кукав јас и тој ми вика возбудена си знам јас хахахахх абе каква возбудена оди таму пикнисе во перална си викам во глава се смирив ми донесе вода се напив со тоа што остана си се потури на глава пак ми дојде почна да ме мува да ме лапа по врат хахха кога му се собра устата од ролонот и само почна да ме гали по грб хахахахх аа во ум си викам браво ма lovemme браво што го стави ролонот тука хахахах и му викам ај да бегаме и ајде прифати и почна муабети што си ми убава ама си мала јас ќе учам во др град како ќе се гледаме хахахха јас си кутам тој филмови си праи и пак ме бакна јас кога фатив да трчам му викам фатиме ако можеш фатиме и тој ми вика сакаш да се фатиме хахахх леле цепажа умрев од смеа и до среде пат до дома ми вика ај да одиме прво дома да земам пари јас нене страв ми е навечер да шетам може беше 11 сатот и тој ми вика немај гајле јас ќе те гледам додека не влезеш.. и јас му викам не не нема потреба еве ја другарками ( тоа не беше другарками туку една жена) ќе одам со неа кутриот стоеше тука додека не влегов ... јас простичка тој гнасен комбинација ужас хахахха после тоа уште два пати се видовме истиот си беше така да кренав раце од него...
Ова беше пред две години. Се допишувавме со еден на фб и после два месеца упорен да се видиме и јас ајде ок нема проблем, отидов го пречекав и отидовме на кафе, цел саат ми кажуваше каква зимница направила мајка му па колку убаво правела полнети пиперки, па и ме покани да ги пробам конечно си замина а јас уште не стасана дома ми пишува: веќе ми недостигаш срничке си реков ова е прво и последно видување.. По недела време пак се јави земал диплома да ме части и ајде јас пак отидов, се сретнуваме и со гордост ми ја дава дипломата нели да ја видам отварам и читам: Диплома за успешно завршен курс за бравар Му честитав и седнавме, доаѓа келнерот и овој му вика: Дај му на срнчето се што ќе посака , сакав да му речам Отров . После цел саат раскажување колку му било тешко на курсот конечно си замина и за среќа повеќе не се видовме.
леле да ви пишам јас не е мој состанок до сега сум немала некој таков ама за другарка ми...тоа беше 2008 летото чинам ....и беше роденден во јули и нели еден беше зацепан во неа и као ајде после роденден еден ден да се видат да и даде поклон ...и седнале во еден кафич а ние сите другарки зилезени и чекаме да видиме шо поклон ке и даде.....и ајде биднал состанокот таа ни се јавува и се сретнаваме што да видеме незнам колку се сеќавате на парфемите пирамида 100 ден и згора на се знаете такви свеки во вид на цвеке што се стават врз тортата кога ке ги запалиш свеките се отвара цвеќеето леле гога го видовме тоа значи незнам сме се расцепкале од смеење ахахахахаххахах леле а тој и не беше некој што нема пари цццц не можам до ден денес се смеам за случката ....хахахахах
Да ви го раскажам и јасмојот најужасен состанок Беше некаде по завршувањето на средно школо мислам дека бев 1ва година факултет и едно дете кое работеше во близина на факултетот го засвиѓав а чуствувам дека и тој мене ме погледнува.Почнавме некако да се зближуваме муабети преку една другарка па кафе си разменивме броеви.Јас летав во облаци али ептен беше симпатичен но никогаш го немав како се 'дотерува' за излегување. Беше постар од мене 6-7години Паметам имаше коледарски хепенинг и ајде се договоривме ме покани дали сакам да одиме заедно.Се согласив и си се облеков најнормално спортски со патики како за на хепенинг за пред оган Заминав со другарките и го чекав да дојде ...доаѓа слегува од кола има што да видам Типот дотеран како за на свадба панталони кошула и долго палто јаката од кошулата врз палто,златниот ланец изваден од надвор да се гледа и шпиц чевли .Е кога го видов на нозете што носи ми беше капак на се.И ај нема смисла да избегам отидовме заедно заврши хепенингот и каде ќе седнеме ме прашува.Му кажав дека несакам по кафичи затоа што не сум облечена за да терам ноќна шема.Не бре овој упорен. Во меѓувреме и се јавив на другарка ми која беше со дечко и дома и заминавме кај неа.Не од што ми се одеше туку за да не шетам со него да ме гледаат луѓето и да мислат дека ми е дечко,затоа што упорно ме водеше за рака.Останав таму додека не ми се јават другарките за да си заминеме дома,и на одење се поздравувам јас му пуштам рака овој се пушта да ме бакне и ми кажува дека преубаво си поминал,и дека многу ме сакал 2ро илегување заедно и ниту еднаш се немавме бакнато важно типот ме сака Од тогаш крај,не му одговорив на ниту едно јавување и порака се откажа кога виде дека нема никакви шанси.
Ми текна и мене на еден лош состанок, кој го имав заборавено. Бев 2ра година на факултет. И имаше еден дечко, ме додаде тогаш на МСН, се користеше, па на Фејсбук (а ретко кој имаше фејсбук тогаш, тоа беа почетоците). Многу беше убав, абе како глумец. Па беше и фотограф, сликите му беа, џоа Бред Пит. Прекрасен стил на облекување, со некои секси џемпери, маички, обувки, ова - она. А фризура - да не правам муабет. МОДЕЛ!!! И ајде ми вика, да се видиме. Јас ќефови цела, викам чекај треба да му парирам на овај, многу е убав - вака, нема до израз да дојдам И се дотерав, така тренди, си ја средив косата, се облеков убаво... не бев ко за на свадба, ама онака како за вечерно излегување, таман. Се нашминкав, се намирисав, и викам ајде сега, конечно и јас да излезам со некој екстра лепотан, и плус со стил. Одам на договореното место - го нема!!! Чекам, чекам - и му се јавувам, ми вика ја паркирам еве колата. (Си викам, аууу, овај со кола, па не се понуди како џентлмен од дома да ме земе. Не да сум спонзоруша, или нешто, ама бон-тон ти е тоа). Ајде, помина тоа, го чекам, и еве го од далеку. Леле луѓе, се шокирав. Сериозно не измислувам ништо ова. Вистина на фаца тој е, ама не толку ПРЕубав како на сликите. Туку гардеробава му беше за гревови со едно поткустрено плаво јакниче, една лоша сељачка чевла-патика.... И ај, и тоа го занемарив некако. Ама кога ми зборна, луѓе, 4-5 заби му фалеа во устата минимум. И тие што ги имаше неколку, црни, излуштени, како игли. Леле леле, мене дамла ме удри. И на вистина на фб немаше слики каде што се смее со отворена уста. И ајде, јас културно, си се воздржав, и одиме во една како пивница-пицерија, не знам што беше. И сега не се сеќавам многу на муабетите, одамна беше, ама се сеќавам дека кога дојде за плаќање, изваде едно стотче од џебот, туткано, изгледа само тоа му беше, и уште па си побара кусур за пивото. Ај си го платив и јас моето, и ќе бегаме од таму. Не се ни понуди да ме врати дома со колата, секој по свој пат. И така со овој, што би рекол Миле Паника, со ретко убави заби, више ретки него убави ко петарда да пушел.... проба да ме контактира уште еднаш-два пати, ама толку, јас игнорирав. Па го видов уште еднаш во град, се поздравивме, онака, уште не си ги имаше средено забите.... и тоа е тоа. PS Beware of Photoshop and professional photographers!!!!