Лелејј шо сум пишал пред месец дена Некa ми удри некoј шaмaр Дознав која e, пoслучaјнo не мoжеше дa биде е и сеа се смеам на ова шо сум го пишал. Не би да опишувам шо дознав, али замисли кои трауми треба да ги имаш доживеано од вакви упознавања, па ни име да не ти дознаел тој шо си излегла. Или мoждa дa се криеш oд дечкoтo Дури и да глумиш дијалект да не те дознаел која си шо си студиралa Едно време додека зборевме за работа дека ќе имам интервјуа, се дрзна и совети да ми дава зошо сум седел у Скопје да сум се врател дома И сум изгледал неосамостоен, а она која е коа дознав пред некој ден..... Арно ми вика една другарка шо излегуваш со секакви али кој да слуша Ќе oпишaм друг ужaсен пoпoсле
Најужасен... Епа вака после долго молење да искочам со типот конечно искочив.И му викам ајде на кафе негде ке идеме он не бе шо на кафе кај мене дома ја ке ти сварам кафе као полабаво ја викам не бе шо барам кај тебе дома не се губи он ајде бе ајде, и добро ајде дојде ме собра со кола и отидовме дома ми напраи кафе и пушти ТВ. И остатокот од вечерта го поминавме гледајќи фудбал.. Ја седам превртувам очи тој па уште се нервира шо губат неговите. И не беше којзнае колку долг остатокот од вечерта. Последовме саат два највеќе му се јавија другарите си се договори у меѓувреме ме врати отиде неговите да ги земе од не знам каде и толку. Логично не се видовме повеќе, ама ден денес се чудам што му беше филмот толку се напна да искочиме и коа конечно искочивме отидовме кај него фудбал да глеаме...
Еве и од мене Пред неколку месеци си пишувавме со еден и напнуваше за кафе,се вадев на тоа дека имам испити полагања итн. и еден ден ми рече кај сестра ми сум на гости ај да се видиме му реков добро ај,излеговме за жив срам бевме..типот беше облечен во тренерки и оние ШПИЦ кондури..кога го видов ми идеше уџум да фатам ама ме виде .. седнавме на кафе почна да ме дави зошто такви цигари сум пушела тие тој што ги пушел поарни биле..помина и тоа .. ми се запна од што сум настинала му реков па зимо е,ладно е шо знам ми вели е да зимо е а јас палтото во кола го остаив ( како демек са ми се пофали дека кола има) му велам ај јас сега си одам неможам повеќе ми вели еее јас пак мислев нешто да правиме? (Си мислам во себе ) Што да правиме човеку ми е срам што се појавив и му велам несакам ми вели зошто бе? Не сум ти УБАВ ( ова беше ВРВ ) и му викам не нема врска со тебе онака јас излегов на кафе несакам ништо со никого и си заминав..вечерта почна да ме масира со тоа :јадеше ли мила? Добро ли си? Ладно ти е ? Си легна,покриј се ! Му кажав дека ми е напорен и следуваше БЛОК
Хм кај вас не се толку трагични состаноци повеќе се смешни. Најтрагичен состанок беше пред неколку години. Бев излезена на кафе со еден тип кој нон стоп ми збореше за бившите девојки која како го изневерила, секогаш си барал со такви имиња ( а ја не се вклопувам со имево никако). За него поголем успех бил бугарскиот пасош што си го имал отколку мојот факултет, он сакал жена домаќинка, читај ( жена дома што ќе седи, немало потреба да работи, доволно е да готви и деца да чува). Секогаш девојката со него морала да биди, каде и да оди тој таму и таа. Таа без него малку послабо скоро никако. Не сакал да се фарба девојката, не сакал некоја у миничи, фустани, не сакал ваква некаква таква. Ама најмногу ме изнервира ова со пасош и факултет. Не знам како можи некој толку да не ти го вреднува трудот како ќе просперираш покрај таков еве не знам. Убав беше, ми се свиѓаше, мој тип ама глуп и заостанат во размислување и чувства нели дотолку за бивши ми збореше, го откачив нормално јбг замало негова.
Тој е роден во погрешно време ,со оглед на тоа што е со вакви размислувања требало да се роди барем пред 70-80 год.
@fallenangel ист случај имав и јас. После првиот дејт ми дојде дома, со поклон за мене и за моите, сакал со нив да седи оти јас сум му била паметна, убава и супер ќе сум била деца да му чувам и да седам дома, таман сум му била за женење. Среќа што никој не беше дома и го убедив да си оди пред да дојдат моите. Он пустиот, сакал да ме "уговара" за жена, да се распраша дали ќе ме дадат. Ме видел срамежлива, повлечена, не зборував многу и си мислеше за нос ќе ме влече. Е чекај да видиме. Во тоа време не одев по кафани, и тоа многу му се допаѓаше бидејќи требало да сме штеделе, он нејќел жена што одела по кафани или по кафичи. Он сакал жена што дома ќе му седи. Нормално, он ќе работи, јас деца ќе му чувам, го имаше тој заостанат став. На факултет исто не сакаше да одам оти после ќе треба и на работа да одам, меѓу мажи, а и плус не ми требале пари на мене. Леле па кога му реков дека планирав да се фарбам, кога го прашав дали мисли дека ќе ми стои црвена, не проба да ме изманипулира туку директно ми кажа: "Не може! Јас не давам!" А јас па, не дека ми беше толку до фарбање ама продолжив да го провоцирам. И сето тоа, на вториот дејт. А првиот состанок ми беше жив срам, ама пуста лепота негова, се излажав и цел месец терав некако. Отидов јас да купам јадење на една другарка и на мене и иде и лепотанот. Одиме во сендвичарата, btw преполна и тој се избацува, дали сум имала дечко и ооооп сите глави накај нас. Му кажувам едно срамежливо не, и одма се сецна: "А сакаш ли да имаш?" Сега ми е ептен смешно ама тогаш сакав во земја да пропаднам, па си побегнав надвор и надвор се договоривме да си бидеме дечко и девојка. А додека ме убедуваше да се фатиме, ми покажуваше фискални сметки од гориво до каде шетал и колку шетал и колку гориво ставал. Оттогаш си знам да не трчам по лепотани. Иначе не беше воопшто лош човек, чесен човек, ниту вреѓа, ниту подвикнува, ќе си го сакав ама не сакав што ми правеше работи зад грб, што ме манипулираше и што му текна да ми забранува работи. Тежок кромањонец. Плус, еднаш ми се испушти да му речам дека е убав, па многу се умисли, го удари лепотата в глава и ми рече дека ако и некоја друга му рече дека е убав, ќе отидел со неа. Абе ај бриши.
Ќе бидам кратка.Пред еден месец моја другарка се поздравува со еден типец Со оглед на тоа дека беше темница,и со оглед на тоа што не ги носев ночариве ми се причини дека типот е млад и убав.Вака нака така јас и типов се договараме за состанок.Е тука следи шокот.Гледам пред мене 42год маж ;О Вој се радува шо сум дошла на состанок ја умирам во себе .Среќните околности беа тоа што со мене носев другарка . Поседов и фанав усвет ;О
Ова е еден најужасен состанок од мој братучед, кој е актер. Во една претстава се соблекува гол и после некое време се запознал со некое девојче и ја викнал на кафе. Отишле на кафе, седнале и оваа како од пушка: "Те видов гол!" и го гледала како некој манијак цело време и кажала дека била на претставата. И океј да беше само тоа ама цел дејт го напнувала за таа сцена каде се соблекува. Па нели ти беше срам, па се живо го испитала. После тоа не излезе со неа, ама неколку пати го видела низ град и цело време го гледала како некој манијак.
Можда истиот ви бил со @fallenangel како само ме насмеавте не ми текнува мене да сум имала некој вирд дејт..
Излегов со еден другарски. Цела вечер ниту еден знак не му дадов дека сакам нешто со него. Ај што беше понизок од мене, ама на крајот на вечерта ми рече дека сакал да има. Јас се запрепастив и си заминав па му напишав на фб се што ми лежеше на душа и баш убаво ми дојде. Каков идиот човече...
Најужасен состанок... пред 5 години негде, ме аднува на фб еден дечко ме видел во бус коа сум се враќала од факс, се распрашал за мене. Јас бев нешто накурчена од бившиот што уште се гледавме, а овој не ми се гледаше лош, и се согласив на кафе. Прво ме напна ама среди се јас само во Центар излагам, ме собра со кола и место во кафич некој накај Центар, седнавме во маалскине кафичи на километар од кај нас. Кај што се собираа машкине и гледаа фудбал. Цела вечер ме отече како мн му се свиѓале моите раце пошо биле депилирани, доаѓа време за плаќање, јас си вадам пари за мене и он као ок ајде плати чим се лутиш. И на крај коа да се симнам од кола ме бакна, ама она ужасно грдо и се тргнав, а типов ме прашува: Што бе, те скокотка? :'(
Моментално, ми текнува само на овој. Јас имав 18 години ми се чини, а дечкото 21 колку што памтам. Се имавме подолго време на фб, ама го забележав кога ми пиша "Добровечер". Му ги разгледав сликите, не беше којзнае колку грд да кажеш, ама сликите му беа ко на некој 14 годишник кој само што влегол во некој нафуран рап фазон. Се сликаше со оние бандани околу глава, па на уста ги ставаше такви ко костурска глава, ко запуштен ми изгледаше малку на сликите, ама ај. Си затеравме така некој муабет, а јас на два ума бев тогаш, неодамна раскината со бившиот, се трескам од земја по него, а од друга страна си викам добро би ми дошла некоја промена. Ми збореше за некоја бивша како многу ја сакал, ама предосеќал дека го вара, па ја начекал во парк како се лапа со друг и не знам таму што направил, си отишол и и изнапишувал триста пораки курва, ваква таква, да даде Господ трудна да останеш или нешто во тој стил беше, не ми текнува баш. И демек после дознал дека типкава стварно останала трудна, па среќен типов, ете се се' враќа, се се плаќа. Ми рече дека не излегувал по кафичи, онака лабаво си фурал низ населба, и почна да ме напнува да излеземе, и ми пушташе некои хинтови во стил - дојди кај мене во населба. Искрено, не сум некоја да ми смета тоа, но не ми се одеше до таму зошто ми е голем пат, плус цела вечер да висам на клупа, а и збутана е населбата, за прв дејт сепак би сакала негде на кафе, на поотворено. Во меѓувреме ми вртеше некои глупи муабети на телефон, и ај конечно се договоривме да излеземе на моја тешка жалост, ама го убедив тоа да биде на кафе. Но, зошто знаев дека дејтот нема да заврши брзо и на крај сигурно ќе проба нешто со мене, а јас очајно не сакав, во меѓувреме не успеав да го откачам, не му враќав, или ќе му вратам после сто саати, ама не бре брате, не се откажуваше... И тоа што го направив, и се јавив на другарка и кажав кај ќе бидеме седнати и и' реков за едно пола саат да ми ѕвони и да ми каже дека нешто страшно и се десило, демек раскинала со дечко и, да ми вришти, плаче на телефон и да се извинам демек мора да станам. Ми се јави другаркава по договореново, ама ми пушти друга прича на која не бев спремна. Ми вришти, пишти на телефон, ми вика Стефан* го удри кола на Партизанска, ногата му е скршена, те молам станувај брзо, мора да одиме во болница. Јас тука не знам дали ова е дел од планот, ја сменила приказната, или стварно се десило и не знаев како да реагирам во моментот. Сфатив дека е смислено, и почнав тука да ги менувам сите бои на лицето, да правам загрижени изрази, девојчево рече дека ќе дојде за 5 минути, и спуштам и за тоа време му раскажувам што "се случило" на дечково, дека морам да станувам, многу ми е незгодно и овој во тој момент почна да ми се прилепува, да го мести газето до мене, буквално слепени бевме, да ме гушка ко да не сме се виделе 100 години, ме бацува во образ.. и ми вика ама не се секирај ти. И цело време се навалуваше врз мене во тие 5-10 минути дур не дојде девојчево. Доаѓа другаркава, и цела задишана ми вика, абе Стефан* го ПОТКАЧИ кола и ногата му е ШИНАТА, и јас и викам како шината сега, нели скршена беше и и' упатувам лоши погледи. И таа, не не, демек се испостави не била скршена, ама јас да побрзам да стануваме зошто татко и не чекал со кола кај Ла Делишес и дека ќе одиме во болница. Јас веќе соживеана со приказната, викам ааа а во која болница е? Оваа се скамени, ми прати само еден поглед во стил, што ти е проблемот, и покажува со рака во неодреден правец и вика во оваа онаму... Јас викам, Градска, Воена, сите познати и непознати болници ги кажав и она вика не, не.. и за малку ќе прснеше да се смее. Дечково се врти, вика Државна..? Ама во некој тон као ај не ме заебавајте работава, знам што филм ми праите. И така, си отидовме одвај, другаркава по пат ми рече, аман многу прашуваш, ми идеше да се изнасмеам таму ко ненормална. Дечково после тоа изгледа не ја сфати работата, и уште милион пати ми пишуваше "Добровечер" од тогаш и пак да се видиме, на пола од тоа не му враќав, и си водеше некои глупави монолози, после неколку месеци ме адна од друг профил и од таму ми пиша "Добровечер". Можеби и јас сум кретен, ама не можев да ја доседам глупата конверзација што ја имавме во тој пола саат на дејтот, и морав да барам некој да ме спаси. Можеби затоа немам среќа во љубовта, а?
Не сум имала до толку ужасни состаноци, само малце чудни. Со еден дечко кога излеговме шетајќи ме однесе до црква. Ноќе. Вториот пат пак исто. И двајцата нерелигиозни. Дремевме на клупи, јас правев муабет тој малце чуден како демек срамежлив, ама воглавно чуден. Потрошив некој месец на него. После толку време сеуште е чуден Најужасен можеби ми беше во средно. Со тогашниот дечко бевме на втор состанок и јас донесов со себе две другарки, а он еден другар. Све ок, ама кога се запна другарка ми да се мува со другарот. Тој само ќутеше, ни шармантен ни фин, све некако со сила. Ме напнаа мене, ја напнаа неа. Угх
хахаххах слично на моето само шо јас директо ко се видовме го бацив во уста ама баш фенси беше типот . јас бев 13 он 18
Хмм најужасен состанок, тоа јас му приредив на еден дечко еднаш, едно кафе и 3 води и одма мисли ли да се жени или не хаххаха усвет фати хаххаа наравоучение НЕ ГИ ТЕРАЈТЕ ДЕЦАТА ДА СЕ МАЖАТ. А пробав со арно ама тој не па. не, и така би.
ох леле еден еднаш еден досаден тип што ме снајде два саати само за коли зборуваше и јас за што и да почнам друго да зборувам...за некое хоби општ муабет, типот почна да ме напаѓа демек не сум се интересирала јас толку за тоа како тој што се интересирал за коли...Dudeee! Чао пријатно и излегување никад више.
Уфф.. Пред 2/3 години ми пиша еден дечко на фб. Немав дечко, а немав и некој посебен. Му ги разгледав сликите, не беше постар, а беше симпатичен и ај реков ќе му вратам, ништо нема да изгубам ако се допишуваме. Се допишувавме 1 месец и дојде денот кога требаше да се видиме во живо. Искрено многу се мислев ама ај реков добар е, ова-она и искочивме, а иначе и двајцата бевме многу срамежливи. Од 1 ипол саат што седевме заедно мислам дека јас бев машкото. Само јас прашував на почетокот и после тоа престанав, немав више за што, а тој само два/три пати дале ме праша нешто. 40 минути никој ништо не зборуваше, така само дофрлавме по нешто, а што е најтрагично не се ни гледавме очи во очи. На крај само ми ја плати он пијачката(иако не сакав) и после тоа ниту јас на него му пишав, ниту он на мене.
Требаше да биде романтична вечера, но беше најужасниот дејт на кој цела вечер имаше само една тема за разговор односно монолог од негова страна во кој ми ги објасни сите можни кварови кои му се случиле на колата и како се справил во дадените моменти... Друг муабет немаше. Се чувствував како под казна да сум. Од толку ќутење, заборавив да зборам
Читајќи ја темава се сетив на нешто. Не беше дејт туку разговор на скајп, но морам да го кажам . Имаше еден дечко, ми пишуваше подолго време. Во моментот мислам дека беше во Словенија, па ме напнуваше две недели да сме се гледале на скајп и си реков ајде. Тој беше од телефон. Вклучивме што вклучивме камерата, се гледаме, правиме муабет и одеднаш слушам вресок: „Иииииии!“ Си велам што му е на човекот. А причината за тој вресок беше . Не можев да си поверувам што слушам во моментот. Дечкото приметил дека од брадата му ѕиркала голема бела мозолка . (се срамам дур пишувам) И јас ќутам. И тој ми вели: „ Да, да, да! Леле колкава е, сакаш да ти ја покажам ?“ Одбив. Е трагедијата следува сега: „Ако ја прицнам мозолката, тоа што ќе излета од неа ќе ми го скрши екранот на телефонов, па затоа подобро после, на огледало.“ На муабетов се смее, заоѓа. Ќутам, зеленеам, менувам бои, ми се превртува стомакот.. Дур ми мафташе со раката и проверуваше дали сум жива, му исклучив и следните 3 дена не се вклучив ни на фејсбук, ни на скајп, ниту пак се приближив до компјутерот. Е до толку што се истрауматизирав . Претпоставувате? Го избришав од секаде можно. Спојлер Се извинувам што бев одвратна .