Најужасен состанок

Дискусија во 'Врски' започната од Trendafilka, 26 февруари 2010.

  1. Згодно Момче

    Згодно Момче Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    785
    Допаѓања:
    4.967
    Како тинејџер за нова година 2004-2005, кај другар ми во стан, да излезам на балкон да запалам цигара имаше девојка ми вика "лошо ми нешто не ми е добро..." и се потпра на мене нормално ја задржив да не случајно падне, она со протеза на забите ми брцна јазик у уста!
     
    На Animali, Плавуша123, makedonkamak и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    22.307
    Пол:
    Женски
    Не знам дали може да се нарече состанок, али да речеме пријателско кафе за озбилно:rofl:

    Ме убеди некако да излеземе во ред кафе зашто ни беше на пола пат.

    Физички дечкото не беше воопшто мој тип ама препаметен. Беше постар од мене пренашетан збореше 4 јазици течно и скроз супер за муабет на нет, ама во живо скроз друга приказна. Беше од Битола по потекло ама долго време живеел тука. Јас се нашалив викам еј не знаев дека си од Битола, не се осеќаш ич, ама ептен опасни вие битолчани бре бре сите во Скопје сте дошле ама ептен на шала му го реков...и луѓе тука настана проблемот, леле луѓе кога се запали, кога почна да вика гласно сите скопјанки сТе кур*и и шмизли да реди низа приказни за девојки на кои им се пуштал и го одбиле зашто е од Битола итн, итн... и се тоа гласно збори се дере а кафичов фул:rofl:у земја пропаднав. Брзо измислив дека морам да одам да учам, и станавме. И сега друг проблем, леле кога се запна да ме испраќа, до дома па до дома. Кај живееш, па кај живееш. Ко што беше 2 метра бандера за него бев печурка, викам ќе ме натепа ако го изнервирам уште малку и си ќутам не кажувам ја ништо, само да да уште малку тука десно-лево да да тука. Врти сучи го убедив дека не мора до дома и на една зграда пред мојата го оставив и си отидов. Пустиот само бил џентлмен и неќел нешто да ми се деси навечер, а ја филмови праење хаос:rofl: Ми се извини после си ја кажа маката како имал некоја друга девојка која ептен го зафркнала и не можел да се опраи од неа, и таа скопјанка, па ми делеше комлименти како ја сум била Софија Вергара хаххахаха. Среќа го откачив само со едно кратко-иам дечко и се дистанцираше. Реално после тоа и со хелихоптер да ме шеташе низ Њујорк немаше да добие втора шанса.

    Втора ситуација, ме заглави еден другар на една забава со милиом негови колеги новинари од кој еден ужасно ми се пушташе уште од поодамна. Проблемот беше што беше верен и ужасно нападен, до степен да земе ако неќеш милум силум до својат цел. И овој запна исто да ме испрати до дома, ама со кола. Јас не такси ќе барам. Марфи такси нема. Полошо да биде почна да врне, истура. Ме убеди некако да ме носи ама ја поитра, го убедив мојов другаров да дое со нас. И му кажувам јас кај железничка сум ќе ме остаиш овој не прво ќе го носам Петко до кај него во Ново Лисиче па ќе се вратам од таму и тебе ќе те носам. Јас се препотувам, зашто го знаев колку е упорен и ненормален (моментално имаше вереница која ја криеше од сите и лажеше дека се раскинати) И како го остаивме овој врти и се враќа, и сто пати кај точно живееш, ја му викам кај железничка бе тука он пак абе каде во која зграда, ја упорно абе не ја знаеш:rofl: Ииии се доближиваме до железничка на семафор и оп стоиме на црвено. И мене у секундата ми штрекнува идеа, а во секунда ми викам ејјј јас сум тука се симнувај ај чао, отварам врата, трескам со сила и трчанката да ме нема:rofl::whew:
    Мислам дека позбунета фаца не сум видела во живот. Никогаш не го видов потоа.
     
    Последна измена: 21 мај 2017
    На Animali, КикиМаус, Dream-Girl и 39 други им се допаѓа ова.
  3. Vik'Toriah

    Vik'Toriah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2016
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Немало некој состанок што не ми бил ужасен...едниот збореше за бг пасош бг пасош бг пасош бгпасош ,другиот збореше само за врати и лустери,уште ми вика ти уште не си дошла кај мене ,ама ако дојдеш јас ти гарантирам дека ќе се заљубиш во мојата врата,а за лустерот од Италија да не зборам,и така цели 2 саати дечкото ми покажуваше слики од лустери ,врати,ламинати...супер помин што више изгубив желба воопшто да излезам со некој..
     
    Последна измена: 27 мај 2017
    На Ladybug98, senza.parole, Alita и 47 други им се допаѓа ова.
  4. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    952
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Хахахахахахахахаха лелее се превртев од смеење :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Animali, Philippa, Justicija и 3 други им се допаѓа ова.
  5. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    960
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    После 100 покани за кафе од негова страна, ајде си викам што има лошо во едно кафе.
    Седиме, муабетиме едно 2 саати (цело време се фалеше за неговата диплома, стекната со труд, за неговата магистерска со мака и учење......) , пијуцкаме кафенце (типот нарача мало макијато), го испивме кафето и јас викам, ќе пиеме друго - тој не не....
    Е после тие 2 саати, немав веќе сила да слушам за неговиот тежок факултет, сфатив зошто..........носи

    келнерот носи сметка, и типот ми шепоти - можиш да платиш ти, јас немам пари со мене.

    не ми беше во моментот за тие 120 ден за кафињата, туку начинот - зошто каниш девојка на кафе, ако немаш пари, зошто не ми рече на почетокот ....

    не знам јас сум овде грешната или ...?
     
    На Animali, Shalitra, КикиМаус и 16 други им се допаѓа ова.
  6. Vik'Toriah

    Vik'Toriah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2016
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Не е до тебе тоа сигурно,само мене не ми е јасно како не му било срам така да рече ццц немам пари плати ти оф бе бруки тешки
     
    На La.loca и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  7. teressa

    teressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2016
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    277
    Пол:
    Женски
    ЛЕЛЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ СРАМОТАААААААААААААААААААААА :o:o:o
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    952
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Хахахахахахаахахаххахаха леле се пресмеав :rofl: :rofl: Ами стари мислења што читав некој си бил како миксер во устата :rofl: :rofl: мател мател и на крај пљунката кај неа во грло :rofl: стално овде си се смеам па кога сакам да си се смешкам на оваа тема си влагам :lol: :lol:
     
    На Animali, КикиМаус, Justicija и 5 други им се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    10.789
    Допаѓања:
    15.857
    Пол:
    Женски
    Ме изнасмеа со лустерите. :rofl::rofl::rofl: Да не се знаело да се направи муабет со девојка. И после машки се жалат дека не можат да си најдат девојка. Кога бев средно имав средба со дечко заљубен во фудбалот. Само за тоа ми зборуваше. Не можев да се воздржам и му се изнасмеав. А дечкото беше многу убав. Џабе е убавина ако не знаеш да направиш муабет.
     
    На Animali, sj *O*, Justicija и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    6.370
    Пол:
    Женски
    Се допишував еднаш со еден на Инстаграм и се беше супер. Си викам овој е мојата сродна душа, баш мој тип. Ама одвреме-навреме знаеше некоја насилна порака да прати. Ама си викам ај, на пораки се сили така само. За жал не беше така. Искочивме после две-три недели и се сретнавме во парк. Мислам дека повисок човек немам видено во животот од него. И си се шеткаме така низ парк и одеднаш мене ми дојде жешко и тоа му го кажувам и овој со сета сила ме влечеше до езерцата и замалце ќе ме бутнеше скроз. Тука веќе ме фати паника, ама си викам ВАЉДА ќе му дојде памет. Nope. Седнавме на клупа и ми кажуваше како се пијанчел и дувал и јас му викам ццц срамота и правам фаца таква демек how could you? АМААА типов којзнае како сфати па дури се осуди и да ми мавне шамарче. Е тука веќе многу ми беше страв. Почнав да му викам леле другарка ме чека треба до кај неа да идам. Не се откажа типов па со мене од парк до капиштец тераше :party::party:. Го славев моментот кога конечно си се качи у автобус. И уште после тоа па се осуди да ми пише "некако не си МИ добра" откако ништо не му враќав на чат. БОГ ДА ЧУВА
     
    На LadyInTheDark, Црна Ружа, Philippa и 8 други им се допаѓа ова.
  11. teressa

    teressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2016
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    277
    Пол:
    Женски
    Значи што не ќе слушне човек више, да не знаеш на каква будала ќе налеташ у пм ... -.-
     
    На Justicija, LadyInTheDark, La.loca и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    7.209
    Допаѓања:
    73.403
    Пол:
    Женски
    Јас не сум имала до сега вакво искуство, можеби у иднина ќе ви напишам ама таму кај шо идам на пракса има една што денеска ми кажуваше баш за вакво нешо, се пресмеав и морам да го напишам.

    Типкава е 175цм и преку фб се допишувала со некој ама немал цели слики од него, само селфиња и под изговор дека не обожава многу да се слика ја излажал дека бил 2м, а им идел муабетов, па ај се договориле да се видат. :lol:
    И излегле, оваа и штикли облекла преку 10цм, се пицнала у минич све, се сретнале и кога го видела типов 170цм бил негде, а оваа и на штикли.(hollest):emo: Па овој почнал да ја тера, соблечи штиклите не шетам иначе вака :rofl::rofl::rofl::lol:
    Некој ваљда со комлекс дека е низок бил чим и лажел дека е 2м, и оваа морала да ги соблече штиклите и боса да шета, па седнале на најблиската клупа, напраиле 10мин муабет, а тој и уста не отварал, се чудела кај е чоекот шо на фб цели реферати и пишувал.:drunk: Па настојувал и до дома да ја испраќа ама излажала нешто. Вика среќа ништо не бидна ама полошо искуство у живот не сум имала. Секакви ликови има по социјалниве мрежи дефинитивно. :rofl::rofl::rofl:

    Којзнае колку и било глупо ама ја паднав у кома од смеење, еве и сеа пишувајќи се смеам ко зелена целата.:rofl:
     
    На Animali, ванилала, Црна Ружа и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.254
    Допаѓања:
    3.850
    Oва е жива брука за машко. Веднаш ќе процениш што човек е.
     
    На LadyInTheDark и La.loca им се допаѓа ова.
  14. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    3.060
    Допаѓања:
    10.117
    Пол:
    Женски
    Зарем додека се допишувале за тоа колку се високи. Глупости бе :D
     
  15. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    7.209
    Допаѓања:
    73.403
    Пол:
    Женски
    Денеска буквално најлош дејт евр. Типот делуваше сосема океј дур у живо не отвори уста и не прозборе. Се глеаме првпат, ме гушка, ме баци на образ, почна и на врат коа го избутав. Ме однесе у едно скапо место, почна да се фали шо марка има патики, саатот шо марка бил, па после за бившата. Како била сељанка од провинција, тој животот и го покажал, за пари му се залепила, дома му седела за викенди. Па и не слушал српско ама Аца Лукас бил врв. Испив шо побрзо можев пијалокот и го натерав да станеме. Ко за беља, ме сретнаа луѓе од школо, од населба, ах со таков сељак видена у јавност. Уште ми вика ќе идеме у парк или на буска, ми се спие ај дома ќе си идеме, друг ден ќе се видиме. У сабота па дали сум била слободна за у Привилиџ. Сериозно, такви сељачки места :(. Колку ми беше симпатичен, ми се згади за цел живот. Па во бус немаше карта па се качи горе, не ме ни почека да куцнам картата, па коа отидов горе уште ми вика мислев доле ќе останеш. На крај станав пасивна, па и он и изгледа нема да ме побара веќе, амин. Да не се повтори...
     
    На КикиМаус, Црна Ружа, Justicija и 2 други им се допаѓа ова.
  16. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    2.396
    Допаѓања:
    17.888
    Пол:
    Женски
    Рушени очекувања. Се приклучувам и јас. (facepalm):whew:
     
    На Animali, КикиМаус, ЕденЧлен и 2 други им се допаѓа ова.
  17. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    68.840
    Пол:
    Женски
    Пред 3-4 години.
    Седнуваме во кафич и уште не беше дојден келнерот да не послужи, а типот веќе истата секунда почна да се фали дека бил менаџер на еден познат ноќен клуб и земал по 500 евра на вечер...па додека го кажува тоа со гордост го врти некој скап саат на рака, и ги вади двата мобилни :wasntme:

    После почна да кажува за бившата дека тој и плаќал факултет и многу ја сакал, а таа го изневерила со негов прв братучед....Па и простил, па пак ја фатил со негов најдобар другар :doh:

    Цело време зборуваше само тој, плус се поздрвуваше со сите луѓе што влегуваа во кафичот..Демек јака градска фаца.

    Одеднаш покрај нас помина некој човек, зборнаа, се поздравија и човекот сам си се покани да седне со нас....Па на типот му беше незгодно да го одбие, и му дозволи да седи со нас 8-| :|

    Па така одеднаш се најдов во тројка. :rofl: :rofl::rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:

    Си седна човекот, муабети си тераат тие двајца, а јас во позадина...
    [​IMG]


    Станав да си одам, а овој ми викаше да седам ама не попуштав.
    Се фатив за новчаник да си платам, а тој непознатиот ми вика:
    - Уживај, ние ќе средиме 8) Те частиме.

    :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: Те часитме бе :rofl: :rofl: Како со двајцата на состанок да сум била :whew:

    Ми пишуваше некое време ама му враќав со ДА и НЕ, па се откажа :yawn:
     
    На Billy Idol, Animali, Shalitra и 16 други им се допаѓа ова.
  18. Matotheja

    Matotheja Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    906
    Допаѓања:
    7.659
    Пол:
    Женски
    Првиот дејт ми беше. Другарка ми се јави и ми рече ќе идеме у кино. Таа да сакала да ми мести некпј дечко. Бев седмо одделение. И отидов, видов дека не сме сами, туку на дабл дејт. И ок, седна до мене детето, исплашено до коска, јас уште повеќе. Почна да ми ја става раката на рамо и вика ај да искочиме. И ок искочивме и сднавме на скали пред влезот. И ќутиме и двајцата мулиња. И ништо не се дешава. И типов вика ај си влеземе и ќе им кажеме дека сме се смувале. ГЉупости живи.
     
    На Згодната, LadyInTheDark и parksey им се допаѓа ова.
  19. Katze

    Katze Активен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2016
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Најужасен состанок...
    Беше тоа пред неколку години искочена јас со другарките во диско. Гледам понуда за пријателство на ФБ, го гледам дечково симпатичен(турчин беше) го прифатив.Ме видел во диско па ме барал по ФБ за да ме додаде. Почнавме да зборуваме на англиски нели и супер беше се. Дечкото беше префин. Студирал тука во Македонија, почнал да учи македонски. После неколку недели комуникација ме викна да искочиме. Се договоривме да искочиме да се шетаме демек да му го покажам градов поубаво. Се беше супер дур не се сретнав. Се наоѓаме на договорено местo и јас вака зборлеста одма почнувам муабет и зборам зборам а он ме гледа чудно.. Викам што е работава.. Дечково извади телефон и отвори Google Translate и ме замоли се што сум кажала да му напишам. Тогаш сфатив дека он воопшто не зборува англиски ниту пак македонски. Цело време користел Google Translate додека се допишувал со мене. Дефинитивно најглупавиот состанок кој што сум го имала, среќа што траеше само 20тина минути.
    Си отидов со муабет дека нема поента да се гледаме кога не се разбираме :D
     
    На Animali, КикиМаус, parksey и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Zaljubena26

    Zaljubena26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    19.449
    Пол:
    Женски
    Најужасен состанок ми беше некаде во трета средно. Имаше еден дечко од четврта кој беше многу убав и ми се допаѓаше. И тој мене постојано ме меркаше, се гледаше дека му се допаѓам но дека се срами да пристапи. Во тоа време се дружев со две другарки и едно момче од класот. Секаде одевме заедно и по некое време другаркиве забележаа дека се интересира за мене. Испадна дека еднава добро стоела со него па се нафати да не местела. :D Не запозна најпрво, неколку дена онака правевме муабет низ школо кога ќе се сретневме. Еден ден ми беше роденден и бидејќи живеам блиску до школото ги поканив дечкиве да дојдат кај мене да ги почестам. Овие да ме изненадат го викнеле и него. Ок, дојдоа, седевме и се зезавме. Јадевме торта, изгледавме филмче... Потоа сите станаа да си одат освен типов. Рече ќе поседел уште малку. Леле кога се заседа.... Помина час, два, овој абер нема да станува...Почна да ги анализира предметите кај мене во соба, завесата била розова и не му се допаѓала таа боја. Столот бил некако многу женствен. Исто така имав и по некое мече, и тоа не му се допаѓало затоа што изгледало детинесто.(facepalm) Почнав да се препотувам од нервоза, прво вечерта си очекував други гости а второ веќе ме фати срам и од моите по дома што ќе речат за типов кој прв пат доаѓа а дреме веќе 5 саати кај мене во соба. Барем да имаше нешто наместо само да тропа глупости околу мојата соба. :D|( Среќа ми заѕвоне братучедка ми да ми честита и јас се извадив демек морам итно да излегувам. Конечно му текна да стане. Излезе на брзина па дури и пријатно не им рече на луѓево во дневна. Бруки :$ Многу забеган испадна типот, после тоа сакаше да договориме некоја средба ама се разочарав и го баталив. До тогаш немав видено толку згоден ама и толку мрднат тип. :D
     
    На LadyInTheDark, CrazyGirl15, AURUA и 1 друга личност им се допаѓа ова.