1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најужасен состанок

Дискусија во 'Врски' започната од Trendafilka, 26 февруари 2010.

  1. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    После толку тегавење искочивме, како "другари". Прво го однесов во кафич кај што се погоди да трешти гласна музика, па тој предложи да одиме во некој посмирен кафич со мачки, книги и уметнички слики. Тргнавме натаму, ама заборавил на која улица било, па се шлаевме во околина. Во меѓувреме го пцуев што не можеше да се снајде, најмногу ми беше криво што мачињата не ги погалив. :( На крај само седевме на клупа до полноќ. Вториот пат го најдовме кафичот, ги изнагалив мачките и ги "критикувавме" уметничките слики таму. И ден денес го зезам за ова... Најужасниот состанок ни прерасна во најубава врска. :D
     
    На thelittle17, marlonbrando69, Blue.Sky и 29 други им се допаѓа ова.
  2. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Нешто околу состаноци, еден постар познаник еднаш ми кажуваше "тактика" која ја употребувал (демек фраер ова она) во времињата пред ФБ на мирц ќе се договорел со рандом типка и пошто немало слики на мирц не знаеле како изгледаат.
    Нормално ставот му беше слушај сеа брат јас ќе те научам на фраерлук (facepalm)
    Секогаш се договарал на одредено место и доаѓал 15 мин. порано, седнувал во кафиќ до местото каде што треба да се сретнат и демнеел типката да стигне демек прва на договореното место и ако оценел дека е ружна или не му се свиѓа си заминувал без око да му трепне без да се запознае а таа продолжува да чека, као фраериште не се замара со гробови :D

    Каков идиот :D
     
    На sweet&girl, Nigredo Odor, marlonbrando69 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. GrevMk

    GrevMk Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.723
    Си се најдовме, си седнавме, и раскажав како му помагав на дедо ми околу фасадата на куќата, си станавме и си заминавме.
     
    На Veta, thelittle17, Miiaaa98 и 23 други им се допаѓа ова.
  4. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.566
    Пол:
    Женски
    Ве исчитав и се пресмеав.
    Ќе споделам и јас еден од моите незаборавни состаноци :devil:
    Во времето на Хи5 случајно видов еден многу убав дечко кој се немаше вклучено одреден период. Сликите му беа супер. Убава насмевка, добро градено тело, да си речеш ќе го грабнам и ќе бегам. Се решив и му пратив дури едно смајли па си викав ко ќе се вклучи може ќе ми пише нешто. По цели 3 месеци добив одговор на мојата порака. :rofl: Пишавме некој збор, разменивме броеви и овој изрази желба да дојде да се видиме. Јас пресреќна си мислев конечно некој убавец. Дојде и денот кога требаше да се сретнеме. Се договоривме за дневно излегување. Јас се дотерав колку што можев и си мислев е сега сум главна во град со типов. Беше пролет. Кафулиња полни, сите излезени.
    Стигнувам на договорено место и ШТО ДА ВИДАМ? :wasntme:(facepalm)
    Дечково облечен во некој стари фармерки и патики (по сликите не изгледаше како толку сиромашен) со зимска долга јакна (а надвор пекол), слабо тело, црвени образи, разбушавена коса ваљда спиел по пат. :tmi:
    Се поздравуваме и овој изненаден и збунет. Ми вели демек не бил дотеран не мислел дека сум убава :devil:
    Седнуваме во едно кафуле а познаници ме загледуваат и си велат кај го нашла овој оваа :rofl:
    Си мислам што е тоа е ајде да видиме колку има во црпката човеков.
    Кога почна муабет како бившата го варала и сите жени трчале само по пари. Како бил стабилна личност оти не се дрогирал а познавал такви. Како за работа во продавница ти требало факултет.
    Ок доста беше.
    Се испраќаме и ме прашува дали може бакнеж. Го бакнав на 2 секунди и киднав. Остана да стои збунет.
    Тука заврши се. :D
     
    На sweet&girl, thelittle17, marlonbrando69 и 11 други им се допаѓа ова.
  5. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Летово беше. Бевме седнати во една пицерија. Јас ќе почнев некоја тема, тој ќе кажеше неколку збора. Јас обично не сум толку отворена но тогаш се чувствував како супер-девојка :muscle:, само јас теми отворав а тој така-така беше од зборување.
    Од спротива имаше едно место како киоск на отворено каде продаваа крофни, од оние што ги пржат во многу масло. И почнавме муабет за крофните и јас му викам ич не ги сакам, мрсни се многу и на прегорено масло мирисаат. И тој истото го потврди, рече не знам како ги јадат луѓево ич не се вкусни.
    Потоа јадевме и кога завршивме со јадењето на заминување ми вика: сакаш крофни да ти купам? (facepalm)
     
    Последна измена: 10 октомври 2017
    На sweet&girl, thelittle17, Lilianna и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.353
    Пол:
    Женски
    Се запознав во диско со едно многу згодно дете и разврзавме муабети цела вечер ко да се знаеме со години. Ми побара фб, па и на чет муабети, интересен беше и ме викна на кафе. И прифатив културно и отидовме во еден кафич. Детево точно ко саат, убаво облечено, па носеше и ташна за лаптоп, си викам душичка одма после работа дошол. И пак муабети све супер и одоколу почна да ми збори за Лајонес. И мене ми светна што е филмов и сеа културно одбегнувам тема за Лајонес. И две три отвара ташната и вади некои каталози, проспекти, почна да ми објаснува какао он за 10 год ќе стане миљунаш. Па дали сакам да се приклучам на тимот. Јас сега директно кажав дека не сум ни малку заинтересирана. Типов упорен. Не се баталува. Ме убедува. Си го ислушав фино лепо и му реков ај утре ќе ти кажам што сум одлучила, треба да размислам за ваква сериозна понуда. Си го платив кафето, си отидовме и го избришав од фб.
     
    На sweet&girl, Elen4e_sonce, thelittle17 и 28 други им се допаѓа ова.
  7. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Подеднакво ги ценам и убавите и ужасните состаноци како ги нарекувате...
    Секој состанок секоја личност секој момент.... бил убав лош мизерен...се дел од животот и барем кога ке помислите на тие моменти не се грозите од нив зошто во тој момент сте имале доволно храброст да излезете 1 на 1 со личноста што ве свиѓала или сте ја свиѓале
    Нема лош состанок туку преголеми очекувања однапред :)
     
    На hermosa, sj *O*, КикиМаус и 6 други им се допаѓа ова.
  8. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Или никакви очекувања од позади;).
    Сепак има многу смешни ситуации напишано досега.:D
     
    На КикиМаус, ушко и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  9. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    2.943
    Пол:
    Машки
    Замрела темата. Тоа значи дека треба да пишам некој блам дејт. :D

    Одамна решив да не губам веќе време со секакви. Али летово без да ја прашам спомнуваше 5 месеци била сингл, а супер беше на изглед. Ај излеговме и се разврза муабети, верник била, добра била, фина била, али немала среќа у животот.
    Аха да, сиииигурно па остај луѓето да видат каква си шо потреба да се докажуваш.
    А ја еден неверник :D
    Зашо бе немаш среќа викам.

    Раскинав со дечко ми ради тоа шо...И ја прекинувам, не ме занима, али си продолжи секако, ја контролирал, вреѓал, замарал, а имал и пиштол.
    Е тука веќе ме заинтересира у смисла се надевам дека не ја следел, пропратено со пцуење у себе, рече ли дека не излегуваш со секакви :D
    После ова не ни слушав шо ми зборува али запамтив неколку моменти

    Ај викам смени тема, ако продолжи ќе се расплаче. Имаше нешто од Ријана пуштено, викам ич не ми се свиѓаат овие. И оваа се избаци имаме нешто заедничко и мене не ми се свиѓа. Ја многу сакам да го слушам Шабан, има многу длабоки текстови :rofl:
    Оф си викам кај ти е бившиот сеа да пука у мене :D

    И на крај пред да се разделиме ми вика ако се сакаме да се сакаме да не се заебаваме ја сум за врска :doh::party:8-|

    Добро познатото "си ја поминав младоста со идиот, наполнив 27 и дојде време да се мажам па ќе најдам некоја будала шо ќе ја "сакам"."
     
    На thelittle17, Rock\m/girl, GirlRose и 20 други им се допаѓа ова.
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Убаво ми текна да ја отварам темава да се посмеам ама забораив дека имам пишувано и ја. Епа, се зезнав за сите пари и после 2 недели со овој истиов пак искочив. Е тоа беше полошо и од првиот дејт. Верувајте. Ми се извини на фб, демек поспан бил ептен тој ден, демек прв ден школо ова она и викам ај ќе дадам втора шанса. Е стварно се запустив што дадов. Ама од тогаш не го видов никад више. Искочивме, ме однесе у еден убутан кафич да глеал фудбал. И цела вечер глеавме некоја утакмица. Дојде со евра и претходно ме тераше да бараме менувачница, па у маркети бараше да му сменат, па во казино сакаше да влеземе. Му викам ајде ја ќе платам, крај краева не мора у кафич, шознам. Ама не утакмица имало мора у кафич кај шо се глеа фудбал. И на крај он пак плати иако инсистирав дека сакам сама да платам. Леле цела вечер за утакмицата збореше, на полувреме го натерав да станеме. Вика, а сеа коа станавме ќе те носам у еден парк. Кој парк човече. Милум силум ме однесе. :( И тоа покрај кеј, мочуриштено Вардар смрди, мушички милион пошо под рефлектори седевме. Хаос. И цело време глеав на саат, лажев демек утредента треба да идам рано негде, да си идеме за да можам да станам. Отвара да види кога имам бус, вика а еве овој за 20мин. Поцркав у рок од тие минути. Ме залапа насилно, јазикот ко миксер ми го набута, ау бљак, коа се залета одеднаш, лиги, плунки. Не, коа ми текнува сакам да повратам. Коа му се испонашав. Е тогаш ќе ме затепаше. Одма ме натера да станеме, да ме испрател до буска, со првиот автобус шо бил за 10мин. 8-| И по пат со раце ме испомава у идење, па на телефон почна да врти некаде, да пцуе демек со идниот зет зборел, па почна “у пичку мајчину“. Викам ако не ме фрли сеа у Вардар овој. Го пропуштив автобусот и вика извини јас морам да идам, чекај си сама. И ја мислев ќе прославам шо конечно си иде. Одма дома од сегде го избришав. И после ме блокна. Е по месец дена, типот не можел да ме преболи, па и пишал на една од школо шо не сретна на првиот дејт. Зборел за мене свашта. :rofl::rofl: Демек он ме шутнал, многу сум била ваква, таква. Уф, којзнае колку сум го изнервирала што месеци после се занимаваше со мене. :wasntme::wasntme:
    Среќа кошмаров заврши, па 2месеци може неам слушнато ништо за него. Пу, пу скраја да е, лигле невидено. :tmi: Ме истрауматизира за цел живот мислам. :rofl::rofl::rofl:
     
    На sweet&girl, Jasmin88, thelittle17 и 17 други им се допаѓа ова.
  11. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.353
    Пол:
    Женски
    Леле ме изнасмеа со миксеров. Јас еднаш се мував со еден. Човеков не миксер, пропелер беше. Буквално го учев како треба, али не идеше. Инаку дејтот со него топ беше.
     
    На Daddy, marlonbrando69, buba4e89 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.540
    Пол:
    Женски
    Се запознавме на роденден кај познајничка. Првиот дејт онака. Не знам зошто ли прифатив втор пат. Излеговме и ко требало дома да земе нешто а дома мајка му,па тоа што му требало го дала на комшиката па ај сите кај неа. Финтава им беше да се пофали мајка му каква риба фатил синко. А на комшикава синот инвалид плус лице со посебни потреби. И мене ме заглавија со странецов у свемир. И на испраќање ми рече ќе те допратам пола пат околу 15мин пешки а од таму до кај мене дома уште пола саат пешки сум одела во темниците. Ова беше многу оддамна сега со овој памет прво од такво место сама пешки во таа глува доба од ноќта сама и стегната никогаш.А башка втор состанок со типов тешко. И после ова ми викаше ама има да ме бараш утре сабајле на работа демек и колегите да слушнат женска го бара. А ми се фалеше колку имал....Не се јавив ни утре дената ни потоа на почна да ме гњави...По многу години дознав станал тежок нарко колшар.
     
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.695
    Пол:
    Женски
    Значи еден ме замараше нон стоп.Дали ќе бидеш моја кога ќе дојдеш во Скопје блабла.И си викам ај ќе искочам и седиме нешто ја на еден крај на клупата он на друг, гледам у телефон барав песна и пушев цигара.И доаѓа до мене пополека пополека ме фаќа за врат ме гушка ама онака силно име слапа.И после тоа уште еднаш си викам лелелел Господе те молам поногни ми..после тоа повраќав(facepalm):puke:
    А имам уште 2-3 ужасни од нив страв ме фаќа.
     
    На marlonbrando69, Animali, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    8.356
    Пол:
    Женски
    Се испосмеав на темата.:D

    Ова и не е баш состанок ама ај да споделам и јас нешто,
    Еднаш преку инстаграм, па фб стапив во контакт со еден дечко до соседен град. Ми пишуваше некогаш, тој некогаш јас битно имавме некој контакт. Си разменивме и броеви, се слушнавме неколку пати. Се на се добар впечаток ми остави иако од општи муабети не отидовме подалеку.
    Постојано се канеше да доаѓа ама никако да се договориме кога е тој слободен јас на работа и обратно. А се испостави дека имал роднини/другари овде во мојот град и мое маало.
    А дечкото беше сон, баш мој тип. Висок, црн, убава насмевка абе милина да го гледам.
    И ме бара една вечер ама покасно беше кај 9 и ми вика во твое маало сум излези сакам само да те видам. И му викам абе не можам не сум спремна по тренерки сум а и утре сум прва смена на работа стварно не можам. И ми вика нема врска излези сакам само да те видам.
    И ај што да му правам излегов, седевме во кола.
    Луѓе мои, цел саат ме гњавеше со некои глупави муабети. Океј мислам, по сликите приметив дека е далеку по имотен од мене ама не очекував прв пат се гледаме да ме замара со тоа. Кога почна печатница имале, ова имале, две куќи, па и мајка му и татко му и тој и брат му сите четворица возеле коли, па ваму имал вила, таму имал леле главата мислам тапан ми ја направи. Убав ама фалбаџија, кабадаја до немај каде. Стварно останувам без текст од такви муабети, не знам што да одговорам па морав да се смешкам и климам глава. Среќа му се јави некој и фатив џенем, може и сакаше да ме бакне ама му пружив рака и чао пријатно.
    За следен пат да си знам, излегување со некој што физички ми е убав никако.

    А се сетив и на еден друг.
    Ова беше поодамна кога бев средно, имав некои 17 години и на фб стапив во контакт со еден дечко со кој подоцна се испостави дека имаме многу заеднички другари и познаници aма јас и тој до тогаш не се знаевме. Тој имаше тогаш излгеда 20 години и ми пишуваше постојано, ми изгледаше фин, пристоен иако сликите на фб му беа чудни. МИ побара број, ме бараше се гледаше дека е заинтересиран. Си реков ајде ќе се запознаеме и бев 2 смена на школо се договоривме околу 7 мислам. И ми ѕвони ден пред тоа дечкото не можел во 7, ако можело во 12 оти покасно немал со што да дојде, инаку беше од село ама нема врска тоа.
    Луѓе дојде денот се најдовме пред кафич и дечкото дојде со другар заедно. Ок ај нема врска, другар му со осет поседе малку и си отиде, не остави сами. Изгледа не знаеше што муабет да му прави, јас ќе презборев нешто, ќе прашав ама не е тоа тоа, тој дремеше цело време. И со сет памет го извади телефонот се јави на некој другар и дојде и другар му демек на поминување. Станав да си одам, не ме пушти да сум седела ќе сме си оделе заедно. На одење ме бакна на образ и му избегав со висок старт. И ден денес ме лајкнува на фб, иако јас него не. МИ пиша од тогаш два пати не вратив на пораките нормално и го снема.


    И уште ова
    Еднаш една другарка (не сме нешто посебно блиски) сакаше да ме запознаеше со некој нејзин комшија. Дечкото десетина години постар од мене ама тогаш си реков нема врска, другарки ке се запознаеме а и не беше лош. Седевме во парк инаку, таа се тргна на страна и дечкото почна да ме гњави како купил стан, немал до сега девојка, бил вљубен со години во една ама сум му се допаѓала јас,за жена ќе ме земаше. (facepalm)
    И до ден денес со другарката се смееме за ова, инаку ергенот уште не е оженет.
     
    На sweet&girl, Opeth1986, marlonbrando69 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Ау, како ја имам утнато темава :D
    Ќе одвојам еден од поомилените хехе.

    15 години имав, најдобра другарка си фати дечко, и нели по дифолт неговиот најдобар другар да ми го местат мене (facepalm) еден тип што беше што да ви кажам, залижано косиче од мрснотија, еден мирис опоен, крупен така бајагииии а јас загреота жал ми беше, па ајде на еден дејт да отидам. Среќа дабл дејт беше иначе немаше тоа да се преживее. Договориле во парк ќе одиме, ок ајде нема проблем. А јас врвот, другарка плус си земав со мене :D И сега одиме пешки од центар до парк, бести со дечкото напред, ја и другаркава позади а типов што ми го местат измеѓу нас :rofl: Леле кои муабети ми ги сврте бе луѓе, ден денес кога ќе ми текне се ролам од смеење. Бара демек заеднички теми ок ајде музика, коа почна како обожавал цеца да си ја слуша пред спиење ја и другаркава погледи упатување готово умираме :D Стигнавме конечно у парк, заседнаа у трева и ми се врти типов и ми вика Брат ај иди купи ми пиво, части ме јас ваква :| Му викам важи брат, фаќање еднава другарка под рака и пут под ноге. Пред некое време ме манијачеше по социјалниве мрежи, отворив да видам што се случило со типов, коа што да видам, дел од младине на вмро станал. Очекувано :D
     
    На sweet&girl, Elen4e_sonce, marlonbrando69 и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Neophodna

    Neophodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    548
    Пол:
    Женски
    Најужасниот состанот ми беше со еден дечко седнавме во кафиќ и само за неговиот живот збореше и само се фалеше
     
    На Alita, Animali и SummerGirl им се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.561
    Пол:
    Женски
    Хахаха. Ова ме потсети на еден состанок што го имав јас. Типот збореше само за фудбал. Не знам кој ѓавол ме натера уште еднаш да се видам со него. Слична беше ситуацијата. Џабе што беше убав, кога немаше мозок. :x
     
    На Alita, Shmizla94 и Animali им се допаѓа ова.
  18. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    И јас еднаш на ваков налетав, абе типот висок, убав згоден и неопходен СОН ко од списание излезен, се запалив ептен и ајде другарка една ми го намести се лапавме што се лапавме ама тоа ЦЕНТРИФУГА луѓе 300 на саат :DНе беше толку лошо уствари колку што беше напорно, после тоа се осеќав ко нива да сум копала:^)
     
    На sweet&girl, Alita, Elisabeth и 4 други им се допаѓа ова.
  19. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Почна да се фали колку легнал па и имиња да и навројува, а слушнете го најбитното несакал да има женска скината :D :D фатив такси и летнав со брзината на светлината
     
    На sweet&girl, Opeth1986, kala21 и 7 други им се допаѓа ова.
  20. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    А се гледа дека тоа му е на типот најголемото достигнување бидејки гледам се во исти кафичи излава, никаде не е излегол од Мк , нема женска, истиот тотално никаква промена во живот баш сега се потсетив и му го отворив профилот. А и нема работа ваљда. Изл со него пред 4 години.
     
    На Alita и SummerGirl им се допаѓа ова.