Искочи ме седнавме во кафич и почна да се фали како имал многу пари како сите женски трчале по него пошо има пари и на крај отидовме до трафика да си купи цигара на парче "богаташот"
Ме испонасмеа темава. Аууу какви ужаси постоеле. Сум немал баш ужасни дејтови ама за малце ќе имав ужасно мување... Не знам што славевме, Стара Нова година или така нешто. И као ај ќе се собереме во станче кај другаров онака на по еден пијалок колку да одбележиме. Се сеќавам дека прва на факс бевме и сесија имавме па немаше многу време за некое славје. Дојде и еден другар со женска му, а со неа и неколку другарки. И јас и фрлив окце на еднава... Ред муабет, ред флерт, беше и она заинтересирана. Играње, суптилни допири и полека приближување, но сеуште без никакви конкретни акции од моја страна, да и речам да одиме некаде на само. А каде? Во преполн стан? Ќе треба да и речам да одиме надвор, а веќе саатот се приближуваше кон полноќ. Си честитавме се. Си се избацивме во образ и изгушкавме. Веќе фати таму после 12 саат и ја гледам оди на тераса, збори со некој, си викам, сигурно некој и се јавува да и честита. Иде и ме прашува дали можело некои дечки да дојдат. Гледам газдава нигде го нема, и си викам why not. Сигурно некои другари или можда брат и. Кога ете ги идат двајца, смуртени, темница. Здраво, здраво, изволте. Седнаа на маса, седат и со никој не прават муабет, гледаат остро и посматраат само. Awkard, по awkward не може да биде. Ај јас ги нудам што да се напијат, кафе сакале... Отидов во кујничето да правам кафе... Гледам се отвара шиберов и влегува она, да ми помогнела. Да разбијам јас монотонија почнувам да зборувам некои рандом факти за кафето, како најубаво се прави, како да се измеша, кога да се извади... А јас како зборувам, она се доаѓа поблиску и поблиску до мене. Тензијата расте, толку сме блиску што веќе осеќам како дише. И еве го се отвора шиберов наеднаш. Еден од типовиве... Ме гледа ко да ќе ме убие. - Што направивте со кафето? - Еве, еве, уште малку ќе биде друже. - Ќе биде, еве јас дојдов по шолчиња, сега ќе ви ги донесам. И отиде кај нив... Дојдов јас со кафево, ги нагостив. Овие ако претходно беа темнина, сега мрак. Го испија кафето, станаа, ја земаа со нив и си отидоа. Се враќам назад во соба и другариве гледам се газат од смеење. - Ти ја собраа брат, а? После разбрав дека уствари тој дечко и бил, ама во моментот поткарани биле, па овој дошол да си ја прибере.
Со еден пишував на фб некое време и ајде да се видиме на кафе едвај некако се договоривме. Се согласив да одам зошто ни одеше муабетот, исти интереси имавме, исти работи сакавме и си реков барем ќе протепам време со интересна личност, па којзнае. Седнавме на пица и уште од почетокот ми беше укочен, изгубен. Трга столица да седне и се тресе цел, пот му течеше ко свиња се испоти за 3 мин. Уште не сме седнале замина во вц ваљда потта да си ја среди. Пола саат дремев на маса ни порачано ни ништо, го чекав да излезе со прашалници цела. И конечно кога дојде немаше смисла да се расправам и нарачавме, јас винце тој сок и ќути ништо не кажува се тресе, се поти и жими се збор не изусти, јас го прашував тој само со аха, мхм, хм, како близнакот со посебни потреби да го пратил тој што пишував со него. Замисли, по 15 мин агонија стана пак замина во вц. Чекав добри 20 мин, викнав келнер, ја платив цела сметка и си заминав. Ни ме побара повеќе, ни ми пиша, ни му пишав, уште ми стои во пријатели на фб и толку.
Аааа и имав исто еден што излеговме и во живо ептен грдичок беше башка и нападен, онака ко мајмун напален исто. И јадевме пилешки прсти нешто со пиво и дојде сметка се фаќам јас да плаќам и тој а неее јас не сум дозволил ни ќе дозволам женско да плати кога е со мене. И јас ок плати и така веќе нема очи да ми видиш. Во себе се разбира. И станавме, ме испрати до едно патче за кај мене до зграда и застана да ме бакне и јас набрзина во образ го бацив и шпринт накај дома. И ми пишува после јас осеќам нешто за тебе, кажи ми искрено дали има шанса да биде нешто меѓу нас и му викам извини јас не се осеќам така спрема тебе. И знаеш што ми пиша? Е ко така да ми ги вратиш 400 денари што платив за тебе во пабот. И дојде мајмунот кај патчето другиот ден и се симнав јас пред зграда да му вратам 400 денари
Имав и еден овој веќе убав беше и го мував, ама кога се лапаше како маратон да врвеше. 100 вртежи со јазик во уста на минута. Ко вентилатор да имав во уста. Јас кутрата врти врти да фатам чекор ама не бива многу брз беше. И се сплеткавме со јазиците. Онака цела концентрација му беше во вртењето на јазикот, башка и долг јазик до врат ми беше. Ама убав ми беше и вртев и јас што да правам. Се дур еден ден не осетив смрден здив кога ме залапа. И си кажавме збогум.
Имаше еден дечко премногу ми се свиѓаше и конечно ме викна да излеземе, јас пресреќна се издотерав и седнавме тераме муабети, беше онака.. колку работел, што планирал да прави во иднина, како ќе кревал спрат на куќата Се ок тоа, ама на крај кога ми рече ИМАШ 40 ДЕНАРИ ЗА КАФЕТО Го платив и неговото, станав и без збор си заминав. Сега преминувам улица ко ќе се сретнеме
Се шмекавме со еден долго време и конечно се договоривме да излеземе. И кај ќе идеме, ај на сладолед. Нарачавме што нарачавме, почнавме да јадеме и после пет минути дечково рипна вика до веце морам. И океј, си чекам, по некое време се врати ко од поплава исфрлен и по некое време пак рипна вика извини ја пак до веце. И така неколку пати, сиромашкиот не бил толерантен на млеко, па го фатило серка... Мене ми беше смешно, него незгодно, али океј не беше ужасен дејтот. После сфатив дека e го.но чоек уствари, али кој да ти знаел.
Од тој пост ми текна на мојов. Али за типот на @irrelevant ми стои ко да имал посериозен проблем, као паничен напад или слично.
Излеговме, после дејтот кој беше... ок, јас требаше да продолжам со друштвото и го запознав со другарките. Тој инсистираше да остане на излегување со нас и на крајот на вечерта се смува со тогашната ми најдобра другарка. После месец дена со уште една тогашна другарка од друштвото. И така. Јас за дејтот инаку несакајќи сум облекла маица обратно. Тој забележа, ми кажа, ја превртев во ВЦ и толку за тој тотално да ме занејќе.
Е јас да ви раскажам една случка. Со другаркава имавме некоја работа во Валета, фино лепо тргнавме да чекаме бус. Арно, таму да ти се погодат двајца од Балкан, едниот другиот . Другаркава го срцкаше и стварно беше убав,а овој другиот што да ви кажам . И нема врска, испадна дека и двајцата идат по истиот пат. И цело време со нас беа, се зближи другаркава со , мене почна да ми се лепи ко напаст. Почна да прави некој бош муабети, та не праша за години, та за живот и вика имам ја 29 години. И јас му велам: Ахам, важи. И ок, бевме завршивме работа и вика ај ќе седнеме на кафе. Какво кафе, виски во 10часот сабајле. После вика сега ќе нарачаме водка, јас викам не пијам, другаркава исто. И само оддеднаш рече "Аа какви сте педерки",и ме удри по раката. Едвај се откачив од него. На крај кажа дека имал 23 и се испонашал детско, демек ова е Малта баш те брига што ќе прајш.
Мене еден тип ми пушти на јутуб интервју со Беквалац како плаче по некој дечко, и он сакал така да го сака некоја. Претходните состаноци топ беше, ама после ова, чао и толку.
Не знам дали да ги сметам за ужасни но дефинитивно неуспешни Во времето кога користев социјални мрежи се случуваше да излезам со некој што сум го запознала така. И можам да напишам роман 1. Со детево кое беше 2 години помало почнавме да пишуваме нешто и да се слушаме. Не мислев ништо на озбилно да терам со него само сакав онака да се дружам за да си тепам време.Долго време инсистираше да се видиме и така после некое време слушање се договоривме за кафе а овој многу се изненади оти мислел дека го лажам дека ќе се видиме. Муабетите течеа нормално и пристојно па дури и ми беше интересен. Е сега доаѓа време да се видиме во живо, му кажувам каде ќе бидам и овој иде но што да видам. Облечен во тренерки, бела мајца и блузон во раце а среде лето. Се насмевнува а забите жути со храна ко да не се измил 4 дена. Мене ми се плаче Седнавме во еден позабутан кафич а овој до таму трча пред мене не можам да го стигнам. Седнуваме и прво нешто што направи побара од келнерот да му пушти фудбал, седеше ко на трња и играше змија на телефон . Ги вртевме претежно истите муабети од претходно. Ми беше смешно но не знам дали од срам скоро и да не ме погледна во очи. Јас почнав да си правам забава и му викав дека мора да седиме уште пола саат за да не си одам пешки Почна да ме распрашува за една колешка - авион девојка а јас си викам море седи мочко еден заби не се миеш а сакаш со неа Кога станавме ко за беља инсистираше да ме испрати. Ме гушна пред одење и веќе ни му се јавив ни ми се јави 2. Со еден тип контактирав и сакаше да излеземе и да се запознаеме. Овој беше од друг град. Еден ден се решив да одам да го запознаам. Си викам ајде ќе шетнам малку па може и не е лош. Стигнувам и што да видам ... Со брада не се избричил којзнае од кога изгледаше лошо. Ми вика ајде ќе седнеме во паркчево. Си реков ај да не кршам атер но таму само мали дечиња цц. Почнуваме муабет и прашање - а колку земаш плата? ВТФ хехе си реков не го бива овој ама ај. После тоа го убедив да седнеме на кафе демек немам пиено 2 дена па излезе дека не носел пари. Го почастив и очи не си видовме од тогаш. Видов дека ме избришал од кога не му кренав на телефот после дејтот 3. Со овој излегував едно време но ужасот беше што на прв состанок неговата бивша не следеше во чекор ми беше чудно што девојчето е цело време кај што сме ние но после дознав што било работа
Ми се допаѓаше еден дечко кој учеше со моја другарка и многу сакав некако да излеземе. И кажав на другаркава како стојат работите и она некако ни договори дејт. Се договоривме дека ќе се чекаме во центар и така и беше се запознавме што се запознавме и се договоривме некако да прошетаме покрај кеј и да седнеме на некоја клупа иако како за дејт не сакам такви излегувања . Седнавме што седнавме и пробувам да направам муабет он само со да и не враќа , зборови како со клешти да му вадам. И виде не виде дека не ни оди муабетот и се префрли на мување . Абе по гадно нешто не сум доживеала , не веш машина ова не знам што беше Едвај чекав да си заминеме и само што стигнав дома одма го блокирав за да не му текне да ме побара
Ова остава многу лош впечаток на прв состанок. А на многу девојки им се случило. На вакви не треба да се даде шанса. Јас дадов шанса на еден што си извади пари само за своето кафе на прв состанок, па и мојот кусур го собра, и по два и пол месеци видов дека си имам работа со материјалист, пресметан човек. На крај се издаде и се разголи, така да такви не ви требаат.
Ах ми текна уште еден лош дејт, значи со типот се знаевме преку фб и ај да искочиме ај да искочиме и океј прифатив и отидовме на сладолед и јас му ги подадов парите да плати за мене тој си нарача и за него плати со парите а кусурот си го стави во џеб ,не ми се веруваше викам да не сум грешка исто така кога го видов по тренерки и аир макс си викам ти веќе мене не ме гледаш. Баш пред некое време случајно го видов кај моја комшика на кафе
Еве и од мене нешто.Не е состанок.Така излегов со еден тип односно пак беше состанок но бевме поинтимни.Јас му реков дека немам имано односи.Леле луѓе втф.Кога почна ти имаш (тогаш)19 години.Како не си имала секс до сега тоа е страмота.Ужассссс.Не ме виде повторно.