Не, не излегов за тоа ама кога веќе таа бира се, редно е барем нешто минимално да плати, сокче, карта за зоолошка, кино. Јас ако викам, јас плаќам. Не знам за вас, ама јас така сум функционирал до сега.
Чиста сметка, долга љубов. Секој за себе, ама според мене, за да нема после вакви коментари Да го опуштеше девојчето, кој знае колку и било срам да те викни прва.
А она ќе се осиромаши ли ако му дала 50че? Не е за парите, туку за непишаното правило што го пиша горе @Компир Манџа . После ќе се најде некој да ви улета со клизачи како по пари трчате па ќе го плукате, а овде се стиснувате за една карта да платите.
Сакаш да кажиш ако едноставно сакам да те видам и те викнам да свртиме едно кругче,морам да те однесам до продавница да ти купам сокче,да го овековечиме моментот?
Сум платила карта, не сум се осиромашила, мене ме учеле не е битно кој прв викнал машко треба да биде машко кон женско. Сфаќаш?
Нема потреба никој да части.Можат двајцата да си платат.Частењето не треба да биде со присила туку од срце.Секогаш делам сметка на прв дејт а и потоа освен некој ако не сака да ме части од срце или да го частам.
2020 ќе бидеме уште месец дена и уште ли со правилово? Никој не е должен никому да му плаќа и издржава без разлика на пол. Секој е должен да си плати за себе, а доколку машкото сака да почасти и инсистира на истото, тогаш може другата страна да го прифати. Ама по дефолт да oчекува... Глупо е во случајов, девојката го викнала дечкото и не се ни понудила да плати. Сигурен сум дека не би и ни дозволил она да плати. Гестот е битен и говори многу за карактерот нејзин. Затоа и немало втор дејт.
А нели знаете од каде потекнува „правилото“ машкото да плаќа? Од патријархатот, каде мажот нели заработува и го издржува семејството, а жената по дома само чисти, пере, воспитува деца и така натаму. Нема што машкото да плаќа за девојката или обратно. Секој за себе си плаќа. Ако некој се понуди, било тоа да е едната или другата страна е океј да се прифати. Макар што јас лично преферирам сама за себе да си плаќам. Уопште не ми треба некој да ме части.
Мене либето ме покани на прв дејт а јас го почастив шише вода. Тих, што не кажавте со правилава на време, ќе заштедев 20 денари. Ај у ку*ац.
Јас кога и да сум одела на дејт независно прв, втор или последен секогаш сум инсистирала да си платам мојот дел. И,стварно неугодно ми било некој да ме части. Е, сеа со дечко ми се частиме само за некои поводи: годишница, роденден, возачка.
Абе ок е било кој од двајцата да се понудат да платат, ок е и девојката или секој сам да плати, ама лоулајт на дејтот да ти е тоа што не ти платиле карта за зоолошка за да го спомнеш во најужасен дејт и тоа не ми бива. Едит: Животот ми го продолжија некои од мислењава, ве читам наназад се смеам ко луда
Извинете вака ама малце безбразно е и без осет да очекуваш секогаш тој да плаќа. Не ви е тој личен банкомат па така лабаво да си терате на секој дејт со мисла - шо сакам ќе порачам, он ќе плати. На првиот дејт поделивме. на вториот плати тој. Од тогаш или делиме, или јас плаќам или тој. Аа да се троши само он, не.
Ќути ние се погодивме барем со зоолошките. Можев во Битола во зоолошка да одам. Или она во Гевгелија.