Мене сите состаноци ми биле лоши,но од тие ќе издвојам: Типот ме однесе на едно место и праиме нешто муабет и он вика бифшата прв пат тука ја донесов,и ја ваква фаца имав после некое време станав и си отидов.
На први дејтови чуда се прават. И јас на мојот прв дејт чудо направив, ама не е за кажување јавно тука. Може ќе се познае некоја од тука, после стап да јадам.
Не се навредив нешто посебно,но мислам дека на секоја девојка би и паднало глупо?! Не станува збор за тоа да ме однел во ист кафич туку “нивно” место.
Не знам за вас, ама мене тоа плаќање на сметката ме кошташе врска. Не ми даде да платам вечерта кога го запознав, без разлика што инсистирав, па за да се "оддолжам" морав наредниот ден да частам кафе.....и така almost 4 years and still counting .
И јас до сега, секогаш сум се понудила да си платам на дејт иако секогаш сум била викната од нивна страна. Дм и еден друг не ми дозволија да платам, а бившиот пред дм си плативме нашиот дел и после на 5ти дејт ми вика "извини шо не платив на прв дејт ја ама никогаш не плаќам на прв дејт, да видам дали нешто ќе биде, да не биде џабе сум потрошил парите". Ете зошто е бивш. Не ми пречеше воопшто што по пола си плативме сметка, напротив баш океј ми беше ама ваквите изјави многу зборат за нечиј карактер... А, инаку и сега со дм си плаќаме по пола сметка, освен некогаш ако некој од нас сака да почести или имаме причина за славење. Иако често се понудува да плати мене ми е незгодно, а и ако плати, нареден пат обавезно ја плаќам јер чиста сметка, долга љубов.
И јас не се доискажав. Не работам. Дечко ми работи, ама пак не дозволувам да ми плаќа. Еднаш јас частам, еднаш тој. Обично не загледуваме кој, колку, како, што. Ама е прилично едднакво. Некогаш може да се случи и јас повеќе да плаќам или тој. Никогаш не сме тупеле премногу на темава, освен нели тоа "првото пресудно кафе" што јас морав да го частам .
Никогаш не сум се "стиснувала" или очекувала друг да ми плати карта и не знам каде заклучи дека трчам по пари. Ти ништо не и плати на девојка кога беше тука?
Сум нудел да платам тогаш кога јас сум сакал. Никогаш не сум се чувствувал дека ми е наложено да мора да платам за нештото само поради тоа што сум машко. Па така и девојката кога беше овде, ниту еднаш не ме стави во ситуација дека јас сум тој што МОРА да плати. Во случајов она го викнала да одат во зоолошка и ниту не се понудила да плати. Тоа е стварта. А не дека некој ќе осиромаши за 50 денари што ги дал. Ако беше обратна ситуацијава и дечкото не платеше имаше тука ршум да го направевте. Не е до парите. До двојните аршини е.