Најважно е никој да не очекува да биде "частен" , уште на прв дејт ако една страна очекува од другата да плати што тек ќе биде понатаму. Све е ствар на договор па така и плаќањево сметка.
А ти девојка ти не ја викна, она сама си дојде? Пошо нели, кој вика тој плаќа? Пази глупо било да се очекува од машко да плати, ама не било глупо да се очекува од тој што го иницирал состанокот? А да престанете да очекувате дека некој ќе ве части, без разлика на причините?
Првите неколку дејтови плаќаше либе, иако јас понудував да ја делиме сметката. Не очекував да ме части секој пат нормално, но тој сакаше. Сега секогаш ја делиме на пола сметката, освен за роденден или друг повод за частење кога само едната страна плаќа, но тоа е ретко. Само затоа што е машко не значи дека тој мора да части. Ни едната ни другата страна не треба да очекува да им плати другиот.
Погоре се коментираше за истото. Затоа се изјаснав. Нека бидат преместени или избришени мислењата, сеедно.
Па ајде ние женските ке ви плаќаме пијачка , прво ќе ве викнеме на дејт , па ќе ве частиме и пијачка и пари за бензинот ке ви дадеме,и јакната наша ќе ви ја дадеме ако ви е ладно во миничот ,ќе ве испратиме до дома ви, зашо многу манијаци има па да не ве фати некој за гз
Имам викнато на дејт, платено пијачка и дадено дуксер (не јакна). Ептен ја имам преземено улогата изгледа. Oколу плаќање сметка.. Никогаш немам дозволено дечко да плаќа. Со поранешниот делевме 50:50. Но, не можам да кажам дека не ми значи кога тој се нуди да плати. Не дозволувам ни под разно, но ми значи зошто не ми се трошат пари. (Иако на крај ќе ги потрошам и пак нема да дозволам да ми плати некој, јер гордост).
Мислам дека е глупо да има очекувања за плаќање според пол у скоро 2020 година. Јас секогаш се нудам да плаќам кога имам можност, доколку не сум во можност на пример да платам за излегувањето ќе му кажам однапред. Исто така се случило тој да ме праша дали ќе можам да платам бидејќи не бил во можност и тоа ми е сосема во ред. Баш и задоволство ми е да плаќам секогаш кога можам и инсистирам на тоа. Исто така и обожавам да му купувам подароци кои знам дека ги сака или не е во можност сам да си ги купи, многу ме исполнува кога ќе видам дека сум погодила подарок или изненадување И баш ми е мило што не му е неудобно од тоа, бидејќи имам многу машки во околина на кои им е неудобно партнерката да троши поголеми суми на нив, пусти патријархат. У секој случај, никад не чекате никој да ви плаќа ништо. Ако очекувате, барем известете ги. А инаку во врска со постот на @Компир Манџа сигурна сум дека немаше да се развие волкава дискусија ако постот беше напишан од женско. Така да тоа кажува доволно за што треба да се смени во општеството.
Убаво те научиле, патријархално, скрос си се вклопила во македонското општество. И маж ти да оди на работа да заработува, ти дома да седиш да переш гаќи пошо жените за толку сме способни. Мажот ќе брка бизнис и ќе те рани.
Ехе, па ти од едно частење дојде до ваков глуп заклучок. Јас работам во странство, имам свои пари, дома ме чека стан. Така да, ми плаќале сум платила, не е до размислувањето, ниту до парите до гестот е.
Заклучокот не е глуп, глупо е да очекуваш да ти го плати јадењето некој кој не ти е ни мама ни тато ни маж. Ако си заработуваш сама покажи го тоа, може тој ептен ќе инсистира па ќе плати, не ќе се расправате на маса, битно е тоа што го викаш гест, да покажеш уште од старт дека тебе туѓи пари не ти требаат и дека бараш дечко а не издржавател. Може не е така, мене ептен мизерно ми е кога некој очекува другиот да плати.
Е па баш дека е до гестот и ти треба да се понудиш да платиш, бон тон се вика тоа. Еве јас да се стаам у таа позиција, на прв дејт да ќути ко заливена кога ќе дојде сметка ќе ми остави впечаток дека е некултурна и богами втор дејт нема да се деси.
Види вака да се објаснувам немам намера, до сега ниту едно машко не дозволило да платам било јадење, било храна па макар и со сила да сум ги тутнала парите. Џентлеменството изумре, уште кога ќе седнете на маса да се гледа кој колку пари има дури по нарачаното кафе. Затоа мене ме учеле дека маж треба да е џентлемен, да плати прв, женско не плаќа. Но тоа не значи дека јас тоа го практикувам, така да, ниту си ме видел ти за да заклучиш. Од друга страна стојам на тоа дека кога сме на дејт треба да плати машкото, ако нема ќе си платиме секој за себе. И кога сум имала дечко имам повеќе давано и плаќано јас отколку тие. Овде иронично се смееш што девојката не ти платила карта, а мене ми трубиш за правила. Малку
Какво иронично мислење, поарно не искачај, нека те финансира она. Ти прочита дека "ми плаќаче-сум платила" или само да си пишуваш што сакаш.
Излегов со еден дечко што цел дејт не престана да збори за себе, значи уста не затвори и многу беше гласен, непријатно ми стана од луѓето околу. Не стигнав јас да кажам збор. Ми покажуваше некоја девојка што ја "ќарил" во Германија кога бил, што се сомневам дека се случило затоа што девојчето беше симпатично, а типов откако ќе го слушнеш како зборува беше се само не тоа. Нормално дека не се понуди да ме части, секој си плати поштено. На крај коа си одевме фати да бега од улично куче и тогаш се уверив во одлуката да не го видам пак. Башка имаше мали, нежни рачиња без едно влакненце. Тоа не го можам кај машко .