Јас само сакав да ти посочам дека ме имаш цитирано, а му се имаш обраќано на друг. Јас не сум напишала за тоа што ти си ми одговорила, препрочитај пред да цитираш
Еднаш требаше да излезам со еден и се договоривме да се чекаме во толку и толку во кафич во градот бидејќи јас бев излезена веќе.И си одам јас таму си чекам и си чекам и си чекам...Му ѕвонам а он типот си легнал си спиел ли си спиелМи рече сега ќе тргнамМу реков супер овде ќе чекам.Нормално не чекавКога ми пиша каде си право му дадов блок
Ме изнасмеа. Така и правеше бивши дечко на моја другарка. Ќе се договореа да се видат и она го чека, а он и викаше - Јас нема да дојдам.
Околу плаќањето... мене ми е глупаво тоа јас да си го платам моето кафе тој неговото. Никогаш така не сме правеле додека бевме дечко и девојка, еднаш ќе платев јас, нареден пат тој, не сме се ценкале за денар. Имало периоди кога јас како студентка немав пари за излегување па почесто плаќал тој, потоа имаше период кога јас работев а тој не, па плаќав почесто јас. Што требаше за време на тие периоди да не излегуваме оти едниот од нас немаше пари?
Најлош дејт ми бил кога со еден дечко 5-6 год. постар од мене излеговме во еден кафич кај шо уствари работел другар му ама не толку близок другар, па затоа ни тој не знаеше дека другар му работи во кафичов и океј седнавме шо седнавме, се поздрави овој со другар му кога за 2 минути дојде другарот и си седна на нашата маса. Ај си реков ќе сврзат два-три збора и ќе стане ама лошо сум се излажала. Другар му седеше со нас скоро до крајот и зборуваше за тоа како тој одел во теретана, па кој мускул како го вежбал, па како се хранел, а во меѓувреме јас го слушам муабетов и така си седам ко будала, си молчам и чекам да заврши и ај ко му текна дека е на работа и дека треба да работи, а не да седи со нас, стана конечно. Е од кога тој стана останавме конечно сами јас и "потенцијалниот" мој дечко ама тема за муабет немаше. Буквално си чутевме и толку ми беше глупаво шо ми идаше да одам и да го викнам другар му да седне пак со нас и да каже уште нешто за неговите мускули. Ама за брзо станавме, си заминавме и не се видовме уште еднаш.
Каква ви е оваа параноја околу плаќањето и частењето ? За мене тоа е убав гест, поштовање према личноста со која седиш или си излегол, без разлика дали е другар или љубовен партнер. Не значи ако имам платено и ми имаат дозволено да платам дека ме гледаат како валута, ниту ако дозволам некој да ми плати, дека сум спонзоруша. Еднаш јас, и два пати нека е и три пати, после и другата страна. Нема да мерам сигурно која страна превагнува.
Не е тоа муабетот. Муабетот е очекувањето дека машко бил морал да плати. Носи си пари и понуди се, кој ќе плати не е битно, ќе се договорите.
Според бон тонот кој што треба да се држи секоја девојка е :на крајот на состанокот девојката да го извади новчаникот и да се понуди да плати ,но ако рече момакот дека он ќе плати,она фино лепо ќе си го врати новчаникот во чантата (а не да настане расправија :јас ќе платам другиот јас ќе платам и да се тргаат пред конобарот) , но доколку момакот седи ко скрстен и рече дека ОК плати си ти ,девојката нека си плати и нека си достави дознаење дека од него маж не бидува!
Пак ќе повторам. Моите критики се за женски што мислат дека он треба да плати пошо машко. Ептен недостоинствено. Ако он така и каже и ти сметаш дека од него маж не бидува, зошто за жена што очекува друг да и плати е океј? Затоа што он ќе ја издржува? Он ќе ја рани? Бар на прв дејт немојте такво бламирање.
Кога веќе ме викнал на дејт може барем да се понуди да плати. Јас не изразив желба да излезам со него, можеби без пари сум. А не извади си пари за себе и свиркај си. Никој нема ниту да се обогати ниту да се осиромаши за 50 денари едно кафе. Гестот е битен, не очекувам сигурно утре да ме издржава или сум недостоинствена ако на прв дејт ме почастиле. Следен јас ќе частам и така во круг.
Секако дека може, ама повеќето први дејтови денес се изведуваат или на кафе, или пијачка. Најбезбедна зона е некако. Натаму може и полабаво и иновативно, зависи како се движи работата. Иначе јас лично прва не ги сакам кафичите и дремење по истите.
Колку сакате објаснувајте. Седнати сте на кафе и доаѓа келнер со сметка и вие чекате со ќутенката он да се понуди. Преглупо е. Понудете вие не бидете недостоинствени. Можеби и он нема пари вас да ве части. Убаво е кога некој ќе те почасти, не велам по секоја цена да ја поделите сметката. Но целиов муабет е дека мора да се понудите да си го платите својот дел. Не да се расправате на сред ресторан, туку да се понудите културно, а не да чекате ко мало дете некој да ви плати кафе од 50 денари. Секако дека ниедно мислење овде нема да ве смени вас, но јас таквите женски ги гледам ко некои кутри што чекаат маж да најдат за да ги издржава. Можеби не сте такви, ама на прв дејт не оставајте таков впечаток. Не е ваша работа да го правите џентлемен демек ќе чекам он да плати за да го тестирам колкав џентлмен е. Ако е џентлмен ќе инсистира да плати и тоа е тоа. И не ми реплицирајте дека тој што викал тој частел пошо и јас тоа го реков наназад во коментарите. Јас зборам за женски што мислат дека треба да плати мажот само затоа што е маж.
Извини што не ти ги знам сите одговори на темава на памет. Јас ти реплицирав на тој коментар, а не на сите досегашни. Во право си ти, поздрав
Од машка гледан точка не би требало да претставува проблем да почестите едно кафе или било што, и како финта да ви е... ако одбива, да и речите ај следен пат ТИ (девојката) да плати. Ем втора шанса да се покажиш ако си се заебал на првиот дејт. xd
А што кога она го вика него на дејт, а ниту не се нуди да плати (макар и својот дел)? Пошто тоа беше првичниот пост на темава каде што некои женски пишаа дека нема врска кој вика, должен е машкото да плати по секоја цена пошто е МАШКО и женското не мора ниту да се понуди и да покаже основна култура. Гестот е битен, а во случајов баш тој фалел.
Е добро, не сум во тек со таа дискусија, не сум викнала јас машко до сега на дејт, ама не мислам дека тој мора да плати во тој случај. Ваљда би се понудила јас, што знам. Не можам да се идентификувам со таа ситуација зошто ми е апстрактна.
Мојот најужасен состанок беше со еден згоден ракометар во средно. Неколку недели пишувавме, ама он имаше повреда на ногата и као не смеел да се движи, па одкога се опорави се договоривме да ме чека пред школо и кога ќе завршам да одиме да се прошетаме. Океј, завршив, се најдовме и значи буквално од првата минута кога тргнавме почна да ми збори за повредата, леле ногата вака, ногата така, многу лошо ја свиткав, прво не ме болеше ама после викав од болка, многу ми потече, леле ногата леле ногата леле ногата.... Милион пати пробав да сменам тема, ќе кажев на пример нешто и он ќе речеше само аха, да така е.. и леле ногата до вчера ме болеше, ногата, ногата, ногата... Ај тоа, многу брзо одеше и јас како што сум мала трчам по него и слушам ногата ногата. Наеднаш му реков дека морам да си одам, си отидов, го блокирав и уште еднаш очи не му видов.