Оф, бруки. Мислам дека ми беше прв состанок, а може има и други али никој не ми кажал. Бев средно и тотално незаинтересирана за дечко. Го запознав за нова година, другар на братот на другарка. Неколку пати се погодуваше да сте на иста претстава театар и кога ми пиша за заедно да одиме не мислев многу. Воопшто не мислев дека се согласив за состанок. Он па 3 пати рече и на кафе да идеме, јас бев полна со обврски главата незнаев кај ми е. Се дог. саат порано да се најдеме и памтам беше weird и досадно. Плус лоша излезе претставата. Тапа. После месец ми кажаа дека било ко дејт, другарката што ја спомнав. Изгледа ме збореле кај брат и во друштво. Земјо отвори се голтни ме
Излеговме со едно дете за другарка ми преку него да се види со неговиот другар оти беа скарани нешто. Сто пати проба да ме баци, сто пати му реков нејќам, ама на крај ме баци. После 2-3 дена излаваме пак, ни ја не знам зашо. Истиот ден јадев пинџур со лук, шопска со многу кромид, па послето сто пати миев заби и јадев благо за да не се осеќа, бог да чува и да бране. Седевме шо седевме, викам ај ќе си одам касно е веќе, таман да ме испрати ми вика: Ќе ми бидеш ли девојка? Ја оваква , у себе си викам овај не е нормален. Викам ај ќе ти одговорам нареден пат кога ќе се видеме. Идам си накај дома и се чудам како не осетил ни кромид, ни лук чим ме прашува такво прашање. Си дојдов дома, го избришав од фб и толку за таа приказна.
Па зошто си го бакнала ако не ти се допаѓа, зошто си му рекла да те испрати до дома, зошто си му кажала дека ќе се видете нареден пат? Само си му дала лажна надеж. Лошо е така кога си играш со некој, само кога тебе ти е интересно.
Не ми беше интересно воопшто. Не му реков да ме испрати, сам се понуди. Не го бакнав ја него, туку он мене.
Си играш со чувствата на човек. Си можела убаво со разговор да му објасниш. Требаше да му го кажеш тоа кога те бацил, а не да бегаш па поале да го бришеш.
Убаво направила. Се си мислат дека ако не им кажеш дека не сакаш тоа значи дека сакаш. Воопшто да не прашаат. Епа ако им е.
Те присили за било кое од тие работи? Мислам не. Епа ако не, значи и ти си била дел од тоа, се додека не ти текна така невкусно да го откачеш.
Девојката не побара совет туку си сподели искуство како што гледам. Ако вас ви е досадно во карантин па си наоѓате занимација тоа е друго.
Навистина не си постапила убаво @nevermet18. Да те присилеше на нешто ќе беше друга приказна но ти не си била присилена. Нема потреба да ги повредуваме луѓето. Нема потреба да создаваме болка. Се надевам нема да си дозволиш да го направиш истото но сепак тоа е на тебе.
Женски, темата е за споделување ужасни состаноци, а не да попувате кој шо како требало да направи пред милион години.
Уфф вака во глобала не сум имала нешто којзнае колку лоши први состаноци. Памтам еден од пред неколку години, срам ми фаќа за детето дури и сега кога ќе подразмислам.. Бевме во парк, летно време беше, лежевме на тревата и гледавме ѕвезди. Интересно нели? Се до тој момент кога дечкото не почна да ми кажува како татко му поседувал сателит во вселената и дека имал многу непријатели низ целиот свет поради неговата моќ врз човештвото и ради тоа не му дозволувал да има фејсбук со точно име и презиме и негови слики. Искрено не знам како заврши целиот тој разговор, ама знам дека после тоа очи не ми виде