Или тоа, или имаше потенцијална состојба на патолошко лажење. Или па му беа уништени рецепторите за осознавање на реалноста од ганџата. who knows
Де де човек да не ви укаже на грешка. Таквите па најного се лигавите на форумов кога сте повредени а сега па не прифаќате дека во некои случаи баш вие сте таа злоба.
Злобен си ако ја избираш твојата слобода и среќа место да дозволуваш некој да те прае будала при здрав мозок?
Не туку другите ги нарелуваме злобни ако ни направат вакво нешто а ако ние направиме тогаш си бираме слобода и не само ти туку и јас и сите други сме се нашле во слична ситуација...
Па фала богу, сите сме биле во позиција да бидеме откачени, ама сме биле и во позиција да мораме некого да откачеме. Не знам зашо е тоа злобно.
Дали спаѓам меѓу злобните , бидејќи откачував дете што ми се пушташе цели 4 години во средно ? Пробував на фин и културен начин , но едноставно не прифаќаше , имаше надеж дека еден ден ќе биде со мене се до денот кога му кажав дека сум бремена од мојот тогашен дечко ( сегашниот сопруг ) и дека ќе се венчаме со дечко ми ? Дај ви се молам . Некогаш навистина нема друг избор , освен на груб и лош начин да му дадете до знаење на некој дека не сакате ништо со него . Жал ми е што мораше така да испадне , но не беше моја вина . Јас не сакав да биде повреден , но тој го избра потешкиот начин ...
Се допишував со еден тип на инстаграм и ептен имавме муабет дури си викав леле конечно си најдов дечко Се допишувавме месец дена и ме викна да искочиме и тој ден не бев расположена да акам низ град и му реков дојди кај мене у маало ќе седиме и он дојде седевме на клупа и после 5 минути седење со него сакав џенем да фатам Поголемо муле во живот не сум видела,ај што беше никаков у живо мање битно ама цело време ќутеше уста не отвори и тоа што ќе го кажеше тресеше глупости,а јас нонстоп зборев знам да извадам ситуација и како зборев ќе ме фатеше за рака и само се тргав абе кринџови ме фаќаа ненормални,и јас како што си зборев го гледам трга накај мене а јас се тргам наназад и му викам Шо праиш? Ми вика па да те бацам ептен ми се свиѓаш и му реков само не,и така неколку пати си проба јас се тргав,после станав и му реков треба да си идам дома и се напна да ме испрател и му реков нема потреба ќе си идам сама. Мене ми беше многу глупо и непријатно,после ми пишуваше ама не му вратив
И мене ми се има ова случено само под поинакви околности. Цела вечер ми зборуваше за бившата девојка и јас а отворам уста он ќе ме прекинеше и ќе продолжеше со јас и мојата бивша и последниот 1 саат веќе не се ни обидував да кажам нешто туку само слушав и веќе никогаш не посакав да го видам иако ми пишуваше пак да се видиме многу сум му се свиѓала.
Лош ти е начинот на кој што си му кажала. Добро бе луѓе, зошто мора да лажете? Зошто не им ја кажувате вистината на луѓето во очи? Можеби и тоа ќе ги повреди малку (сигурно помалку од лажењето) но барем е вистинско и искрено. Стварно не ве разбирам.
Најтрагично е што не лажев . Навистина бев бремена и се омажив .. Грубо беше затоа што морав да му се развикам со се маж ми зад мене , за да му докажам дека ја кажувам вистината . Ова се случуваше неколку месеци откако почнавме во четврта средно . Знам дека со тоа го убив и разочарав многу , ама јас цели 4 години му кажував дека не го гледам на тој начин , го сакав како другар и навистина ми беше другар .. се додека не стана премногу сериозен . На почетокот му велев не играј мајтап со мене , како може да сакаш некој што го знаеш неколку месеци , како другарка може ама поинаку не верувам итн. ама ете .. јас сум згрешила , не сум била во право . Можело да сакаш некој иако не го познаваш доволно долго ...